top of page

Услови и правила за користење на Babysittingmk.com

 

Наведените услови и правила за работење и регулирање на односите помеѓу Babysittingmk.com и корисниците се сметаат за прифатени од страна на корисникот - со неговата регистрација на Babysittingmk.com. Сите постапки, процедури и дејствија преземени од страна на корисниците  се извршуваат во согласност со условите наведени во понатамошниот текст.

Поими и термини

Babysittingmk.com – е веб страна, во понатамошен текст „платформа“ која им овозможува на корисниците да ги најдат или понудат услугите.

Корисници на платформа се даватели на услуги, баратели на услуги и посетители. Баратели и даватели на услуги се регистрирани корисници.

Регистрирани корисници се лица кои самостојно се имаат регистрирано на платформата, со внесување на податоци за регистрација.

Давател на услуги е секое физичко или правно лице кое дава одредена лична услуга поврзана со грижа и нега на деца, грижа и нега на возрасни лица, одржување на домот, грижа и нега на миленици.

Барател на услуги е секое физичко или правно лице кое бара одредена лична услуга поврзана со грижа и нега на деца, грижа и нега на возрасни лица, одржување на домот, грижа и нега на миленици.

Посетители се лица кои пристапуваат и ја разгледуваат платформата без да се регистрираат. За да користите некои од услугите што ги нуди Babysittingmk.com, потребно е да се регистрирате на Babysittingmk.com.

 

Услуги

Babysittingmk.com им овозможува на Давателите на услуги како што се: негователки, дадилки, бебиситерки, воспитувачи, негователки за постари лица, медицински сестри, образовни и лични асистенти за лица со посебни потреби, други стручни соработници, ментори, тутори, куќни помошнички, управители на домаќинство, хигиеничари, згрижувачи и шетачи на домашни миленици, и други лица кои нудат лични услуги за грижа и нега, едукација, воспитување и/или одржување да ги објавуваат нивните профили на платформата.

Babysittingmk.com им овозможува на Барателите на услуги како што се: семејства и поединци, градинки, центри за ран детски развој, агенции за посредување, домови за возрасни лица да објавуваат огласи и/или барања кои се однесуваат на грижа, нега, воспитување, едукација и/или одржување.

Babysittingmk.com им овозможува на Корисниците да ја пребаруваат платформата со цел да пронајдат или да понудат одредена услуга.

Babysittingmk.com обезбедува директориум за Давателите на услуги, како што се: градинки, центри за ран детски развој, агенции за дадилки, летни кампови, други центри за деца, агенции за одржување на домот, домови за стари лица и други кои Корисниците можат да ги контактираат.

Babysittingmk.com им овозможува на регистрираните корисници да комуницираат и да споделуваат информации со други регистрирани корисници со кои имаат заеднички интерес.

Babysittingmk.com како дел од функционалноста, нуди можност Барателите и Давателите на услуги да разменуваат информации и да спроведуваат интервјуа преку видео во живо.

Нашите услуги континуирано се прошируваат и се менуваат. На нашата платформа секогаш можете да се информирате за дополнителни информации за услугите што ги нудиме.

Ограничување од одговорност

Ние нудиме различни услуги за да им помогнеме на нашите корисници да најдат, координираат и одржуваат, потребна грижа и нега за нивните семејства и нивните домаќинства. Babysittingmk.com не го вработува ниту еден Давател на услуга. Барателите на услуги се одговорни за почитување на сите применливи закони, прописи и правила во врска со вработување и други закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат со Давателите на услуга.

Babysittingmk.com нема контрола врз квалитетот, времето или законитоста на услугите што ги доставуваат Давателите на услуги, или на интегритетот, одговорноста или постапувањето на Барателите на услуги. Babysittingmk.com не ги повикува, не ги препорачува Барателите и Давателите на услуги, ниту прави какви било претставувања за соодветноста, веродостојноста, навременоста или точноста на услугите што ги даваат Давателите, или интегритетот, одговорноста или постапувањето на Барателите на услуги.

Преку дополнителни услуги за пребарување можеме да им обезбедиме на семејствата прилагодена листа на потенцијални лица, компании и / или агенции врз основа на информациите што ни ги нуди семејството во врска со нивните потреби и преференции. Во обезбедувањето на овие услуги, ние не правиме упатување или одобрување на кое било лице, компанија или агенција, ниту ние сме ангажирани во какво било дејствие што бара професионална лиценца.

Податоците и информациите кои се објавени во профилот на Давателот на услуги се првенствено генерирани од корисниците, и ние не ја контролираме или потврдуваме содржината генерирана од корисниците. Babysittingmk.com не презема никаква одговорност за точноста или веродостојноста на какви било информации дадени од Давателите на услуги на платформата и/или надвор од неа. Babysittingmk.com може да им понуди на одредени регистрирани корисници да проверат одредени информации. Ако посочиме дека регистриран корисник верификувал одредени информации, тоа значи дека корисникот се придржувал до постапката што ја воспоставивме за верификација на таквите информации. Сепак, ние не гарантираме, ниту ја претставуваме или гарантираме за точноста на таквите информации.

Babysittingmk.com не е одговорен за однесување (online или offline), на Давателите на услуги, Барателите на услуги и/или други корисници на платформата или услугите. Покрај тоа, Babysittingmk.com не презема одговорност и експлицитно отфрла каква било одговорност што може да биде резултат на употреба на информации дадени на нашата платформа. Сите корисници, вклучително и Давателите на услуги и Барателите на услуги, со ова експлицитно се согласуваат дека немаат правно формални ниту материјални удели во  Babysittingmk.com.

Одговорност на Корисници

Проверката на профилот на Давателот на услуга од страна на Babysittingmk.com е ограничена и не треба да се зема како целосна, точна, ажурирана информација или како заклучок за соодветноста на поединецот или субјектот како Барател или Давател на услуги. Регистрираните Корисници се единствено одговорни за интервју, вршење на проверки за претходни искуства и референци, за верификување на информации дадени од Барателот или Давателот на услуги и избор на соодветен Барател или Давател на услуги.

Доколку имате потреба од совети, консултации и препораки за тоа како да направите одлука за ангажирање и / или вработување, контактирајте ја нашата служба преку е-маил contact@babysittingmk.com. Секој Барател на услуги е одговорен да ги почитува сите прописи, закони и правила за вработувања, работни односи и ангажирање што го воспоставува со Давателот на услуги.

Подобност за користење на платформата и услугите

Со барање за користење, регистрирање за користење и / или користење на платформата или услугите, Вие потврдувате и гарантирате дека имате право, овластување и капацитет да ги прифатите овие услови и се обврзувате да ги почитувате сите услови и правила на платформата. Вие исто така потврдувате и гарантирате дека ги исполнувате следниве критериуми за подобност:

  • Нашите услуги се достапни само за лица кои имаат осумнаесет (18) години или постари. Ако не го исполнувате овој услов, не се регистрирајте за да ја користите платформата или услугите;

  • Платформата и услугите моментално се достапни само за лица кои легално престојуваат во Република Македонија;

  • Ако се регистрирате како Давател на услуга треба да имате дозвола за работа во Република Македонија;

  • Вие како поединец не сте под истрага и/или осудени за кривично дело поврзано со насилство, злоупотреба, занемарување, измама, или друг прекршок што вклучува загрозување на безбедноста на другите, нечесност, небрежност, дроги, и не сте регистрирани како сексуален престапник.

  • Вие како поединец или како правно лице не сте конкуренција на Babysittingmk.com, ниту ќе ги користите услугите на Babysittingmk.com на начин што создава конкуренција.

Правила за однесување на корисници и користење на услуги

Следниве правила се однесуваат на „Содржина“, и опфаќаат секој вид на комуникација, слики, звуци, видеа и сите материјали, податоци и информации што ги испраќате или пренесувате преку платформата или услугите. Со објавување на содржина додека ја користите нашата платформа, Вие се согласувате, потврдувате и обврзувате на следново:

  • Вие сте одговорни за давање точни, ажурни и целосни информации во врска со Вашата регистрација за користење на платформата и услугите;

  • Корисничкиот профил го регистрирате на свое име, дури и ако барате услуга за друга личност или член на семејството;

  • Освен ако не е поинаку дозволено и овозможено од Babysittingmk.com, целата содржина што ја објавувате е на македонски јазик;

  • Вие сте единствено одговорни за содржината што ја објавувате на платформата или ја пренесувате на други корисници на платформата;

  • На платформата е забрането објавување на навредлив, непристоен, вулгарен, сексуално ориентиран, заканувачки, вознемирувачки, расно навредлив или незаконски материјал, или каков било друг материјал што крши права на други лица вклучително, но не ограничувајќи се на, права на интелектуална сопственост и права на приватност, кршење на авторски права или злоупотреба на компјутер, или давање на впечаток дека одредена содржина потекнува од Babysittingmk.com каде што тоа не е случај;

  • Вие нема да дадете неточни или лажни информации на Babysittingmk.com или на кој било друг корисник на платформата;

  • Без ограничување на горенаведеното, Вие потврдувате и гарантирате дека имате право и овластување да ги објавувате информациите што ги објавувате за себе или за другите;

  • Вие потврдувате дека разбирате и се согласувате дека Babysittingmk.com може, по свое дискреционо право, да ги разгледа, менува и брише сите содржини со кои се кршат овие услови или за кои Babysittingmk.com утврди дека се навредливи, незаконски или ги нарушуваат правата и ја загрозуваат безбедноста на другите корисници;

  • Вашето користење на платформата и услугите, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на содржината што ја објавувате на страницата, мора да биде во согласност со сите важечки закони и регулативи;

  • Babysittingmk.com не е одговорен за какви било побарувања во врска со какви било неточни, навремени или нецелосни информации дадени од корисниците на сајтот.

Ве охрабруваме да ни ги комуницирате Вашите очекувања, искуства и прашања за платформата и услугите. Со ова Вие се согласувате дека сите коментари, идеи, пораки, прашања, предлози или други комуникации што сте ги испратиле или споделувате со нас преку кој било канал (вклучувајќи, но не ограничувајќи се на страницата, е-пошта, телефон, анкети и профили на социјални медиуми ) ќе биде и ќе остане ексклузивна сопственост на Babysittingmk.com.

Мислења, совети, изјави, понуди или други информации или содржини што се достапни на платформата, но НЕ се директни услуги од Babysittingmk.com, се содржини во сопственост на нивните автори. Авторите на такви содржини се единствено одговорни за нив. Babysittingmk.com не гарантира точност, комплетност или корисност на која било информација на платформата ниту прифаќа одговорност за точноста или веродостојноста на какво било мислење, совети, или изјава дадена од која било страна што се појавува на платформата. Под никакви околности, Babysittingmk.com не е одговорен за каква било загуба или штета што произлегува од вашата доверба во информации или друга содржина објавена на платформата или пренесена до/од кој било корисник на платформата.

Вие се согласувате дека Babysittingmk.com нема обврска да отстранува оценки, евалуации и / или коментари кои за вас објавило друго лице или правен субјект. Доколку не се согласувате со оценка, евалуација или коментар можете да испратите барање за отстранување на коментар, под услов вашето барање да биде во согласност со овие Услови.

Не е дозволено да ја прекинете вашата регистрација и повторно да се регистрирате за одбегнете коментар и/или оценка што е поврзан со вашиот кориснички профил. Авторот на коментар и/или оценка секогаш може да отстрани или да побара отстранување на коментар што го напишал.

Babysittingmk.com отфрла каква било одговорност за погрешно и неточно претставување на платформата од кој било корисник. Корисниците потврдуваат, разбираат и се согласуваат дека погрешно и неточно претставување не е одговорност и обврска на Babysittingmk.com.

Единствено користење на кориснички профил

Доколку сте регистрирани како Барателот на услуги можете да го користите вашиот кориснички профил само за да најдете услуга за себе, своите деца, внуци или родители. Доколку сте регистрирани како Давателот на услуги, можете да го користите вашиот кориснички профил само за да најдете ангажман и/или работа само за вас. Како регистриран корисник Вие сте одговорни за целата активност и користењето на вашиот кориснички профил и не можете да го доделите или на друг начин да го пренесете на кое било друго лице или субјект.

Забрани и ограничувања

Со регистрирање и користење на платформата или услугите, вие се согласувате дека нема под никакви околности:

  • да ја користете платформата, услугите или информации содржани во нив на начин што е навредлив, заканувачки, непристоен, клеветнички, расно, сексуално, религиозно, или на друг начин непристоен и навредлив;

  • да ја користите платформата или услугите за какви било измамнички или незаконски цели, или други цели кои не се изрично наменети од страна на Babysittingmk.com, и/или за промовирање на нелегални активности, вознемирување, злоупотреба или оштетување на друго лице;

  • да го користите кориснички профил на друг корисник;

  • да објавите лажни или неточни информации кога регистрирате профил на Babysittingmk.com, при користење на услугите или при комуникација со други регистрирани корисници;

  • да ги користите лажни податоци или кратенки или несоодветни зборови, лажни телефонски броеви и емаил адреси при креирање на профили и/или регистрација на платформата;

  • да се обидете да се пререгистрирате во Babysittingmk.com доколку вашиот кориснички профил е откажан поради непочитување на правила во овие Услови;

  • да направете какво било автоматско користење на системот или преземете какви било активности што со кои ќе придонесете кон несразмерно големо оптоварување на нашите сервери или мрежната инфраструктура;

  • да ги заобиколувате мерки што ги преземаме за да го ограничиме пристапот до услугите или да користите кој било софтвер, технологија или уред за да соберете или манипулирате со податоци (и рачно и автоматски);

  • да ги користите комуникациските системи или контакти направени на Babysittingmk.com за сопствени комерцијални цели;

  • да објавувате или насочувате други корисници на злонамерна содржина наменета за оштетување или нарушување на прелистувачот или компјутерот на друг корисник.

Доколку Babysittingmk.com открие дека сте ги прекршиле Услови за користење, Babysittingmk.com го задржува право, по своја дискреција, веднаш да го затвори вашиот кориснички профил и да оневозможи да ја користите платформата и услуги.

Понатаму, со цел да се заштити интегритетот на платформата и услугите, Babysittingmk.com го задржува право во секое време по своја дискреција да ги блокира корисниците од одредени IP адреси и да им забрани пристап до страницата.

 

Откажување

Babysittingmk.com го задржува правото, според своја дискреција, веднаш да го прекине вашиот пристап до целата или дел од платформата и / или услугите, да го отстрани вашиот кориснички профил и / или која било содржина објавена од или за вас на платформата, со или без претходно известување доколку:

  • е утврдено дека немате право да ги користите услугите,

  • сте прекршиле услови наведени во Услови и начин на користење,

  • сте се обиделе да ја присвоите содржината на платформата,

  • сте се обиделе да му наштетите или да го измамите друг корисник на платформата.

По откажување и/или укинување на вашиот кориснички профил, Babysittingmk.com го задржува правото да испрати известување за тоа на други регистрирани корисници со кои веруваме дека сте оствариле комуникација.

 

Приватност и заштита на податоци

Babysittingmk.com ги користи информациите што ги давате на платформата или преку услугите во согласност со нашата Политика за приватност. За повеќе информации, прочитајте ја нашата Политика за приватност.

 

Линкови и врски кон надворешни веб страници

Врски од платформата до надворешни веб страни се одговорност на трети страни, односно одговорност на надворешни веб страни. Корисниците пристапуваат до нив на сопствен ризик. Одговорност на корисникот е да ја процени содржината и корисноста на информациите добиени од надворешни веб страни. Babysittingmk.com не ги контролира надворешни веб страни и не е одговорен за нивната содржина.

Корисниците разбираат дека користењето на која било надворешна веб страна или содржина к е регулирана со условите за користење на тие веб страни, а не според Условите за користење и Политиката за приватност на Babysittingmk.com. Babysittingmk.com експлицитно ја отфрла секоја одговорност добиена од користење и / или прегледувањето на надворешни страни.

 

Плаќање и рефундирање

Со цел да се користат одредени услуги на Babysittingmk.com Корисникот се обврзува да ја плати годишна или месечна членарина.

Доколку се регистрирате како Корисникот со платена членарина, вие се согласувате да ги платите сите трошоци поврзани со вид на членарина која сте одбрале, во моментот кога ќе се претплатите и ќе ги доставите вашите информации за плаќање. Периодот на членство, износот и фреквенцијата на членарина ќе варираат во зависност од планот за членство што ќе го изберете.

Плаќањето на членарина се врши преку Pay Pal или преку фактура. За плаќањето преку Pay Pal прочитајте го упатство за Pay Pal плаќања. Доколку плаќањето се врши преку фактура прочитајте го упатство за плаќање со фактура.

Платена членарина ќе биде автоматски продолжена по истек на период на членство, се додека членството не е откажано од страна на Корисникот.

Babysittingmk.com може од време на време да понуди бесплатни пробни претплати на одредени Корисници. Корисниците кои се регистрираат на платформата Babysittingmk.com за бесплатна проба можат да имаат ограничен пристап до услугите и функционалности на платформата. Доколку Корисникот се пријави за бесплатна пробна претплата, освен  доколку самиот не се откаже пред истекот на периодот на бесплатен пробен период, на корисникот ќе му се наплати членарина за регистрација на платформа. Доколку Корисникот не сака да продолжи со користење на платформата по истекот на бесплатен пробен период, Корисникот е должен да се откаже од користење на платформата пред истекот па бесплатен пробен период.

 

Ограничување од одговорност

Вие ги преземате сите ризици при користење на платформата и услугите, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на сите ризици поврзани со интеракции и комуникација со другите корисниците на платформата или услугите. Вие се согласувате да ги преземете сите неопходни мерки на претпазливост, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на прегледување на препораките дадени во Политика за приватност, кога комуницирате со други посетители  или регистрирани корисници на платформата.

Babysittingmk.com не вработува ниту еден Давателот на услуга или Барателот на услуга ниту е одговорен за однесување на кој било Давател на услуга или Барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секој Корисник е единствено одговорен за избор на соодветен Давател на услуги или Барател на услуги и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што го воспоставува. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од Давателите на услуга и Барателите на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com.

Babysittingmk.com не презема одговорност, ниту е одговорен за индиректни, директни или последователни штети, загуби или трошоци што произлегуваат од или во врска со употребата на платформата или услугите, вклучувајќи но не ограничувајќи се на штета поврзана со информации добиени од кориснички профили,  е-пошта од корисници со кои комуницирате, комуникација, склучени договори или ангажмани со корисници на платформата односно Даватели и Баратели на услуги.

Покрај претходните ставови од овој дел и другите одредби од овие Услови, секој совет што може да се објави на страницата е наменет за информативни цели и не е замена за кој било професионален финансиски, медицински, правен или друг совет. Babysittingmk.com  не дава застапувања или гаранции и експлицитно отфрла одговорност во врска со какво било постапување, дејство или ефект врз кое било лице што настанале со употреба на информации и совети од платформата. Доколку имате специфични проблеми или ситуација во која ви треба стручен или медицински совет, потребно е да се консултирате со соодветно обучен и квалификуван специјалист.

BabySitting Service

Називот „BabySitting Service“ е трговски знак е и во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење, ФРСТ ФАЈВ, Скопје (Асоцијација) и се забранува секаков вид на негова употреба без претходна писмена согласност од Асоцијацијата. Асоцијацијата, ги задржува сите права кои произлегуваат од трговскиот знак „ BabySitting Service “.

Преземањето на информации, податоци и слики, нивна дистрибуција, пренос или копирање е забрането. Употребата на истите е можна само за некомерцијални цели и лична употреба надвор од каква било злоупотреба на податоците и опциите кои ги нуди интернет страната на BabySitting Service.

Оваа интернет страна, со домеин www.babysittingmk.com, е во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење, ФРСТ ФАЈВ, Скопје, со седиште на ул. Аминта Трети 58, 1-15, Скопје, и е платформа создадена за корисниците со цел да овозможи пребарување, пристап до информации, насоки и споредба на услуги.

Како посетител и корисник, Ви даваме до знаење дека употребата на содржините на страната, како и направените трансакции, се предмет на овие Услови, за што Ве замолуваме пред користење на страната www.babysittingmk.com, внимателно да ги прочитате.

Асоцијацијата не презема никаква одговорност доколку Корисникот ги нема прочитано условите и правилата за користење.

 

Регулатива и важечки прописи

Услови се во согласност со важечки прописи во Република Северна Македонија. Во случај на спор помеѓу Корисникот и Babysittingmk.com  надлежен е Основен Суд 1, Скопје, Република Северна Македонија.

Во случај на какви било спорови или несогласувања меѓу Даватели и Баратели на услуги поврзани со услугите што ги обезбедуваат Даватели или плаќањата направени од Баратели, Даватели и Баратели на услуги се одговорни за решавање на таквите конфликти директно и меѓусебно.  Babysittingmk.com не е странка во кој било спор и не е обврзана да преземе какви било мерки за решавање на спорот.

bottom of page