Image by Xavi Cabrera
Fuchsia and Orange Geometric Objects

Родителство во 21 век

Воспоставување рамнотежа помеѓу животот и кариерата е предизвик сам по себе. Да се пронајде некој кој ќе помогне во одржување на таа рамнотежа – тоа веќе треба да биде полесно. Поради тоа постоиме ние. Ние сме родители и работиме за родителите. Како родители ние можеме да го разбереме секој родителски страв, очекување, предизвик и поради тоа сакаме на секој родител да му овозможиме да ужива во израстање на своите деца.

Babysittingmk.com e eдинствена платформа за родители каде на едно место можат да се најдат квалитетни алтернативни услуги за грижа и нега деца, регулаторна рамка, совети од експерти за ран детски развој, како и најнови достигнувања во детска психологија.

Платформата нуди можност за приод до професионални лица обучени за работа со деца, како и до надворешни соработници за лично или онлајн советување, кои имаат проверени досиеја и референци. Дадилки, бејбиситерки, негувателки, воспитувачи, советници за новороденчиња, советници за доење, тутори, стручни соработници, лични асистенти, специјални едукатори, психолози се само дел од профилите кои можете да ги најдете на платформата.

Никогаш полесно до потенцијални кандидати


Дали сакате со еден клик да имате пристап до професионални услуги за грижа, нега, едукација на деца? Да имате можност да го споделите Вашето барање онака како што го замислувате? Да имате голем избор на потенцијални кандидати кои се слободни и способни да одговорат на Вашите очекувања? Имате ограничено време и посакувате за краток период да дојдете до соодветна личност која ќе работи со Вашето дете? Сакате спокојно да одите на работа и да бидете сигурни дека Вашето дете е во вистински раце? 


Сигурно ќе Ви значи да ангажирате личност која ќе умее да се справи со предизвиците во растот и развојот на Вашето дете. Личност која несебично ќе го вложи своето знаење, време и љубов во грижа, нега, едукација на Вашето дете. Личност која ќе сака професионално да се надоградува и наученото да го применува во секојдневната работа. Личност која е флексибилна, отворена и подготвена да се адаптира на Вашите потреби. 


Доколку одговоривте со „Да“, тогаш платформата Babysittingmk.comе вистинското место каде лесно ќе го најдете тоа што е потребно за Вашето дете! 


Поставете оглас и дојдете до професионалци кои ќе бидат заинтересирани да ги исполнат Вашите очекувања и да работат за Вас! 

Mother and Baby

Лесно, едноставно, достапно на еден клик од Вас!

  • Пристап до квалификувани, професионални негувателки, воспитувачи, дадилки, стручни соработници

  • Преглед на детална биографија и референци на кандидати

  • Можност да стапите во контакт со избраните кандидати

  • Можност да ангажирате соодветен кандидат кој одговара на Вашите очекувања

  • Пристап до други советодавни услуги во системот за згрижување и нега на деца: советници за новороденчиња, советници за доење, психолози, педагози

  • Лично или онлајн советување

  • Попуст на обуки за ран детски развој и психологија, педијатриска прва помош и други обуки

  • Пристап до е-ресурси за родители

  • Совети и насоки како да изберете кандидат

Упатства и насоки  за ангажирање 

Како да изберете детска градинка

Како до советник за новороденче

Како да изберете дадилка за Вашето дете

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.