Што кажува профилот на социјалните медиуми за Вашата личност?

Updated: Apr 15

Социјални медиуми - фантазија или реалност на современото доба.


Facebook, Twitter, Snapchat, Instagram, YouTube, WhatsApp, Messenger, WeChat, Tumblr се најкористени социјални медиуми на денешницата. Истражувањата покажуваат дека сѐ поголем број на луѓе користат еден или повеќе видови на социјални медиуми - СМ, секојдневно споделувајќи фотографии, искуства, настани, мисли, прашања. Покрај забава и комуникација, СМ се користат и за бизнис цели, па така компаниите денес не само што имаат профили и страни на СМ, туку објавуваат и анализи, истражувања, слободни работни места и други работи поврзани со бизнисот. Исто така компаниите често ги користат СМ со цел подобро да го запознаат кандидатот кој аплицирал за одредена позиција. Ова значи дека доколку сте во процес на барање на работа, лесно може да се случи Вашиот профил на СМ да биде анализиран од страна на работодавачите.

Споделување на разни нешта на социјални медиуми кажува многу и за психолошкиот профил на личноста, посочуваат научниците. Да видиме кои се наодите на науката и што им кажуваме на другите со нашата виртуелна личност.

Истражувачите испитувале група на особини познати како "Big 5"особини. Моделот „Големите 5“ е познат во науката и како модел на 5 фактори или OCEAN модел.


  • Адаптибилност: пријателски, емпатичен наспроти предизвикувачки, одвоен

  • Совесност: ефикасен, организиран наспроти опуштен, безгрижен

  • Екстровертност: отворен, енергичан наспроти осамен, воздржан

  • Отвореност кон искуства: инвентивен, љубопитен наспроти конзистентен, претпазлив

  • Невротичност: чуствителен, нервозен наспроти сигурен во себе.

Семејниот живот и начинот на кој некој бил одгледуван во детството и раната младост во голема мера имаат влијание на овие особини. Твин (twin) истражувања и други истражувања покажаа дека околу половина од разликите меѓу поединците се резултат на нивната генетика и половина од нивните средини.


Не сите особини на личноста се пренесуваат подеднакво на интернет, но поголем дел од особините се видливи на првото анализирање на профилот. Додека екстровертните се конзистентни, било лично или на Facebook, невротичноста е поочигледна лично отколку што е онлајн. Сепак, во најголем дел, онлајн профилите се релативно точни прикази за личноста, или поради тоа што нивните сопственици имаат намера да бидат, или затоа што се обидуваат да претстават идеализирана верзија на самите себе.

Што кажува профилната фотографија?

На пример, екстровертни личности споделуваат слики со шарени фотографии и повеќе позитивни емоции. Бидејќи имаат тенденција да бидат социјализирани, тие исто така претпочитаат групни фотографии кои покажуваат повеќе од едно лице.

Невротичните луѓе, напротив, имаат силна тенденција да не го покажуваат лицето на фотографии. Кога лицето е прикажано на фотографија, тоа е значително поголемо или сокриено со очила. Невротичноста е во корелација со негативните емоции и емоционалната несигурност, што може да објасни зошто ваквите личности покажуваат помалку позитивни емоции на лицето.

Луѓе со високи критериуми за совесност, уредност и планирано однесување, имаат тенденција да се усогласат со општествените норми во врска со нивните профилни фотографии. На пример, тие често се насмевнуваат, следејќи го принципот дека се очекува лицето да биде среќно на фотографиите. Нивните фотографии се пропорционални и генерално имаат добар квалитет.

Незадоволните луѓе се залагаат за социјална хармонија и соработка, што се рефлектира во нивните профилни фотографии. Тие покажуваат позитивни емоции почесто од кој било друг од петте типови на личност. Во споредба со совесните корисници, нивните фотографии често се нејасни или заматени, но имаат посветли бои.

Личности со висока отвореност за искуство имаат тенденција да не покажуваат лица дури и повеќе од невротични луѓе. Нивните слики, исто така, покажуваат негативни или неутрални емоции. Отвореноста кон искуството е особина поврзана со естетиката, интелектуалниот ангажман и несообразноста, што може да ги објасни преференците на корисниците за сликите што ги издвојуваат.

Бидете внимателни кога се во прашање уметничките црно-бели слики. Иако не се директно поврзани со профилните фотографии, резултатите од неодамнешната студија направена на Универзитетот Харвард и на Универзитетот во Вермонт покажуваат дека објавувањето на темни монохроматски слики може да биде знак за почетна депресија. Податоците на Instagram од 166 лица откриле дека депресивните поединци имаат тенденција да објавуваат модро сини, сиви и потемни фотографии на платформата.

Поединци со нарцисоидни особини едноставно ги обожаваат своите фотографии на профилот, покажуваат истражувачите од Универзитет во Северна Флорида. Имајќи го предвид нивниот преувеличен позитивен поглед на нивната физичка атрактивност, не е изненадување - на крајот на краиштата, профилна фотографија е најизразен физички аспект на приказ на една личност онлајн. Како да забележите нарцис? Овој тип на личности почесто ги менуваат фотографиите на профилот, за да привлечат внимание и нови позитивни реакции. Дали фотографијата изгледа како извадена од моден магазин? Доколку одоговорот е да, дефинитивно се работи за нарцист. Тие имаат осет за гламурозни и драматични снимки.


Колку профили имате на социјалните медиуми и што тие кажуваат за вас?

Истражувањата кажуваат дека менаџер за човечки ресурски лесно ќе направи анализа на Вашиот профил на СМ. Да видиме што може Вие да направите за да се претставите во вистинско светло на потенцијални работодавачи.


Име и презиме. Вашиот профил треба да е именуван и означен со Вашето родено име и презиме, никако со кратенки, прекари или други зборови. Нагалени имиња како што се Мици, Маци, Катенце, Жанче, Верче, Деко, Ики, Аце како и прекари од типот на Зверка, Џељо, Сејка, Поштар, Звезда и слични се апсолутно неприфатливи за професионално претставување на СМ.


Профилна фотографија. Без оглед на тоа за кој СМ се работи, профилната фотографија е задолжителна. Профилна фотографија треба да покажува кој сте вие и вашите лични афинитети. Иако барате работа не значи дека на профилна фоторафија треба бидете во костум со вратоврска, но сепак не треба ни да ставате фотографија на која сте во бикини. Внимавајте на фотографијата да ви се видат очите, бидејќи прекривање на очи со наочари за сонце или коса е потенцијален знак за несигурност.

Cover фотографија, треба да ги прикажува вашите интереси. Пожелно е на истата, да го претставите вашето хоби или интереси особено тие што се поврзани со работа. На овој дел од профилот можете да додадете и фотографија со линк до вашата веб страна, блог или портфолио.

Подесете го линкот (URL) на профилот. Најголем дел од СМ на секој профил доделуваат линк по случаен избор но секако вие можете да го прилагодите кон вашето име и презиме. На пример кога некој го отвори вашиот Facebook профил основен линк доделен од Facebook вообичаено е www.facebook.com\125890w431032 што вие треба да го смените во www.facebook.com\имеипрезиме


Зависно од СМ што го користите ќе имате и опција да додадете професионално искуство и образование. Направете го тоа.


Напишете една до две реченици во делот каде што е предвидено – опис, биографија и слично. Овие реченици треба да го одразуваат вашиот професионален стремеж кон одредени цели, ваши достигнувања и/или посакувани резултати.


Споделување (sharing). Што споделувате на СМ кажува многу за вашите интереси. Доколку често споделувате, оставате впечаток дека многу време поминувате на СМ (што е во принцип губење на време). Доколку пак често споделувате постови од одредена област, на пример: естрадни случувања, а барате работа во некоја клиника, се поставува прашање колку интегритет во вашиот профил ќе види потенцијален работодавач. Естрадните случувања вообичаено се засновани на трачеви, оговарања и непроверени вести, а работа на клиника бара високо ниво на доверливост. Ако барате работа на клиника, а пишувате блог на одредена тема поврзана со здравство, споделете постови од вашиот блог. Споделете информации за континуирана едукација во вашата струка. Споделете нови истражувања и достигнувања во вашата струка. Покажете интерес за тоа што го работите и/или што сакате да го работите.


Статус ( status update, story, feed). Зависно од СМ што го користите пожелно е да го прилагодите статусот. Linkedin статус секогаш треба да е врзан со вашата работа, потенцијална работа, искуства, истражувања, промоција и слично. Facebook или Twitter статус од друга страна даваат можност да поставувате весели, предизвикувачки и провокативни статуси со прашања и/или констатации со цел да покренете одредена дискусија или реакција.


Доколку користите Facebook креирајте различни листи на пријатели. Фотографии од плажа или луда журка, можеби ќе споделите со вашите најблиски пријатели и роднини, но секако не и со вашиот шеф. Поставете подесувања за приватност така што ќе споделувате работи највеќе со блиските пријатели, а не со целата Facebook популација.

Проверете го вашиот профил. Од креирање до сегашниот момент сигурно сте споделувале многу информации, фотографии и слично. Доколку сакате вашиот профил да изгледа професионално проверете ги уште еднаш сите споделувања, статуси, фотографии и видеа. Отстранете се што сметате дека е несоодветно за вашето професионално претставување.

Ø Користете СМ за поврзување со други луѓе што работат во слична или иста област. Следете страници кои се поврзани со вашето образование и работа. Најдете влијателни личности и успешни луѓе во областа во која што работите или сакате да работите. Поврзете се со нив.

ДОКОЛКУ СТЕ ДАДИЛКА ИЛИ БЕЈБИСИТЕРКА


Постојат неколку работи кои никогаш не треба да ги направите доколку работите како дадилка или бејбиситерка.


Не споделувајте фотографии од дете и/или со дете кое го чувате. Споделување на фотографии од дете кое го чувате е возможно единствено доколку имате писмена дозвола од родителите, но дури и во тој случај не препорачуваме да го направите тоа. Причините се многу, а една од многуте е безбедност и сигурност на детето. Фотографиите лесно можат да бидат злоупотребени, споделени на несоодветни веб страни како и употребени со цел на лажно претставување и крадење на идентитет. Доколку сакате на вашиот профил да имате фотографии со деца коишто сте ги чувале, како поткрепа на вашето професионално искуство разговарајте со родителите, тие да ја споделат вашата фотографија со детето и да ве означат на фотографијата. Ваков тип на претставување дава многу повисок интегритет и на посебен начин ја опишува вашата врска со родителите и детето.


Никогаш не ја споделувајте локацијата каде се наоѓате со детето. Откривање на таа локација е директно загрозување на безбедноста и сигурноста. Доколку сте надвор, давате информација за тоа каде сте и дека дома нема никој, или доколку сте дома исто така давате информација дека сте сами со детето. Каде и да сте, не ја споделувајте оваа информација на социјалните медиуми. Голем број на насилства, кражби и други кривични дела се случуваат токму поради непотребното откривање на вакви информации.

Сигурност и безбедност на детето не се однесува само на чување на дете од повреди, падови, храна и слично. Безбедност опфаќа внатрешен и надворешен простор каде што се движи и чува детето, вклучувајќи ја и технологијата односно социјални медиуми.

Не споделувајте видео од претходна ноќ, од моминска вечер или 20 години матура каде што сте качени на маса, играте и пеете со музиканти, после 5-та чаша вино/ракија. Особено не доколку наредниот ден одите на работа. Доколку ви се случи дека сте мамурни и се чувствувате неспособни за работата, не одете. Известете ги родителите навремено и не одете.


Политички говори, агитација, говор на омраза, дискриминација од каков било тип, ниту во еден случај не би требало да се дел од вашиот профил.

Не споделувајте статуси од типот: „Леле, ќе умрам на ова жешко со близнациве од 09 до 17 часот“ или „Мајката на Леон денес ми кажа дека сака да му пуштам поп музика, ... како детето да разбира што е поп“.... „Се утепав од работа денес со децата, ни фала не ми рекоа“. ... „Толку деца исчував, денес мајката на Мила ми објаснува како да зготвам леќа на пареа“... „Што е со овие младиве мајки, само сакаат да излегуваат, да шетаат, а дадилката до го чува детето спастрено, најадено, напиено“... „Не можам повеќе да издржам, што мисли таа за 15.000 илјадарки маст да ми извади“...

Ваков тип на статуси ја одразуваат вашата (не)култура, (не)професионализам и моментална психичка состојба. Доколку имате забелешки во однос на вашиот работодавач – родители на детето, седнете и разговарајте. Кажете им што е тоа што ве вознемирува, кога се чувствувате непријатно и со какви предизвици се соочувате. Ако по разговор со родителите, сметате дека и понатаму сте загрозени и/или непочитувани од нивна страна, најавете им отказен рок и завршување на договорот.


Професионалци во секоја област ги решаваат проблемите на еден или друг начин. Разговараат и со разговор наоѓат компромис или во спортивно бараат друго решение. Непрофесионалци кукаат, зборуваат зад грб, но не им паѓа на памет да бараат решение и да застанат зад своите зборови и одлуки. Бидете најдобри во она што го работите. Изберете го вистинскиот пат – професионализам.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.