Што е професионална дадилка?

Updated: Apr 15

Сите знаеме дека професионализмот е исклучително важен. Но, дали знаеме што значи да се биде професионална дадилка?

На самиот почеток да започнеме со објаснување на самиот термин – професионална. Имено, терминот се поврзува со карактеристиките на една професија, со техничките и етички стандарди на самата професија. Оттука, професионална дадилка е личност која се грижи за едно или две деца во домот на семејство како услуга, притоа работејќи во согласност со највисоките стандарди од кои е содржана самата професија.

Според Интернационалната Асоцијација на Дадилки (International Nanny Association – INA) дадилката е одговорна за комплетна грижа околу детето.

Основни должности на дадилката се: одржување на лична хигиена на детето, планирање оброци и нивна подготовка, организирање активности согласно возраста и барањата на родителите, грижа за играчки и облека на детето, следење на однесувањето на детето и дисциплина, овозможување социјална и интелектуална стимулација, превоз и транспорт на детето на одредени активности, патување со семејството, редовна комуникација со родителите.


Детето пее додека дадилката го бања

За да се биде професионална дадилка, покрај исполнување на основните потреби на детето, дадилката треба да се однесува на професионален начин и тоа:

Без доцнење

Семејството очекува дадилката навремено да пристигне во нивниот дом(односно нејзиниото работно место). Дадилката треба да дојде 5 – 10 минути порано, да има време ја облече соодветната работна облека и да се подготви пред да започне со работа.


Навремено известување

Доколку дадилката има неодложна обврска која мора да ја заврши во текот на работните часови, треба неколку дена предвреме да го извести семејството. Точно е дека на секој вработен може да му се случи да треба да излезе од работа на час или два. Но, бидејќи станува збор за дете кое не може да биде оставено само, родителите треба да имаат доволно време да најдат соодветна замена за тој работен ден.


Отворена комуникација

Доколку дадилката се чувствува непочитувана, искористена или недоволно платена, тоа треба да го разговара со родителите. И покрај тоа што понекогаш се чини дека незадоволството ќе биде забележано од другата страна, вообичаено не се случува така во реалноста. Затоа дадилката треба да одбере термин надвор од работното време кога ќе може да разговара со родителите, што во случајот се нејзини работодавачи. Отворено треба да ги сподели проблемите со кои се соочува на работното место. Родителите ќе го ценат тој чекор и сигурно сите заедно ќе поработат на соодветни решенија.


Континуирана едукација

Посетување на дополнителни работилници, часови и обуки во однос на професијата е неопходно за развој и напредок во работата и професионалноста на дадилката. Користењето на стекнатото знаење во секојдневната работа со детето, покажува и докажува дека дадилката е посветена на професијата.

Креативност

Дадилката треба да ги задоволува емоционалните, интелектуалните и социјалните потреби на детето. За да успее, дадилката треба да ја користи својата креативност во секојдневните активности. Преку игра детето да учи, преку цртање да има слобода да се изразува себеси и својата фантазија, преку прошетки во парк да се социјализира и дружи со врсници.

Секое дете е посебно

Професионалната дадилка треба да има различен пристап и третман со секое дете, бидејќи детето е оригинална и неповторлива индивидуа. Дадилката треба да креира атмосфера која одговара на детето, неговиот темперамент, изразување и независност. Целта е дадилката да изгради доверлив однос и да се поврзе со детето.

Сигурна средина

Дадилката треба да ги извести родителите за сите површини и опасни места во домот кои треба да се заштитат. Детето брзо проодува, сака сѐ да допре, да истражи, и поради тоа треба да се спречи можна опасност по здравјето или животот на детето.


Присутност

За време на работа со детето, дадилката не треба да ги користи: телефонот, таблетот и други електронски уреди за лични потреби. Професионалноста се гледа кога дадилката 100% се посветува само на детето.

Вие одлучувате каква дадилката ќе бидете или каква дадилка ќе вработите за да го чува Вашето дете. За доброто на сите деца, за младите и оние на кои им останува иднината во нашата земја, бидете или ангажирајте професионална дадилка.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.