Што е Бебиситинг?

Updated: Apr 15

Што e бебиситинг (babysitting)? Секој родител барем еднаш се нашол во ситуација итно да треба да излезе од дома а нема опција како да го згрижи детето. На секој му се случило да сака да излезе на тој долго очекуван концерт, но каде со децата. Наеднаш излегува деловен пат, таа можност за унапредување али кој ќе се грижи за детето додека сум на пат.


Деца играат со коцки со бејбиситерката

За вакви моменти секаде во светот родителите ангажираат беби-ситерки. Беби-ситерки се дадилки кои работат на повик, а бебиситинг значи ангажман на беби-ситерка кога Вие имате потреба од тоа. Зборот бебиситинг за прв пат се појавува уште во 1937 година, означувајќи ја личноста која што се грижи за децата. Меѓутоа зборот „сит“ се појавува уште во 1800 година и се смета дека потекнува од дејствие „сит“ ( англиски “sit” – sitting on) кога една личноста седи во собата на бебето/детето грижејќи се за него додека родителите се зафатени. Во современо доба бебиситинг означува повремено чување на детето во домот на семејство.

Работно време на беби-ситерка може да биде различно во зависност од Вашите потреби. Ангажманот на беби-ситерка вообичаено е минимум три часа. Може да се случи денес да имате потреба пет часа, после два дена да имате потреба од беби-ситерка само три часа, а за викенд по шест или четири часа. Исто така, можеби овој месец ќе имате потреба само два пати од ангажирање на беби-ситерка, а наредниот месец секоја сабота или четврток по три часа. Не мора секогаш да биде ист број на часови или исти денови во неделата. Беби-ситерката е тука за да одговори на Вашите потреби и потребите на Вашето дете. Важно е да се истакне дека беби-ситерка не е дадилка која го чува вашето дете од понеделник до петок, со полно работно време, туку беби-ситерката работи на повик. Кога Вие имате потреба, таа доаѓа во Вашиот дом и се грижи за Вашето дете.


Доколку одите на службен пат неколку дена, во тој случај беби-ситерката може да се грижи за Вашето дете 24 часа на ден, онолку денови колку што Вие нема да бидете во Вашиот дом. Не е важно дали се работи за празници, за службен пат на кој треба да одите, сакате самостојно да уживате во шопинг, да се видите со пријателите, да излезете доцна навечер, или можеби да имате романтична вечера со вашиот партнер - беби-ситерката Ви стои на располагање секој ден во неделата, во текот на целата година!

Бебиситингот не мора секогаш да се одвива во Вашиот дом, тоа може да биде хотел каде што вие сте поканети на свадба, ресторан или било кое друго место каде што сте Вие или каде што сакате да биде Вашето дете.



  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.