Хипер - родителство

Не постои еден единствен и најуспешен модел да се биде добар родител!

Денес сите ние сме во трка со времето, опседнати за подобро утре. Да имаме подобро работно место, да најдеме совршен партнер, да имаме круг на пријатели, да ги искористиме максимално своите потенцијали, да испланираме најубаво патување и притоа да ни остане време да бидеме среќни. Но порано или подоцна сфаќаме дека не постои рецепт за среќа. Не секогаш сме во можност да го постигнеме секој напишан план, ниту да го испочитуваме секој прочитан совет за подобра иднина, или пак да научиме како е да се биде среќен ако тоа не се почувствува.

Времето поминува, моментите исчезнуваат а ние сѐ уште сме оптоварени како да го направиме тоа најдобро. Тоа продолжува и кога веќе сме основале семејство, кога имаме деца и кога намерно или ненамерно продолжуваме со истото темпо во потрага по некое убаво напишано поглавје, наместо да го создадеме сами.

Денес гледаме родители кои се преокупирани со работа околу своето дете, изложени на стрес, родители кои ја испланирале иднината на децата, кои имаат цел список на совети и упатства за добро родителство, кои сакаат да го имаат под контрола секој чекор на детето. Сакаат да делегираат сѐ што е поврзано со детето па дури и луѓето кои се во негова непосредна средина, дадилки, воспитувачки, учителки итн. Оваа слика ни го претставува распадот на традиционалните форми на воспитување и родителство. На нивно место доаѓаат нови образовни и воспитни модели кои резултираат со многу проблеми. Меѓу последиците од оваа конфузија го наоѓаме и трендот на Хипер-Родителство.


Хипер родителството претставува образовен модел кој промовира зголемена грижа и внимание за децата.


Родителите го следат секој чекор на своето дете

Станува збор за модел на воспитување кој е базиран на постојано внимание и превисоки очекувања за детето. Хипер- родителството е исцрпувачко за двете страни и за родителите и за децата. Преплавени со содржини од интернет како најдобро да се воспитува детето и како да го забрзаме неговиот напредок, родителите се обидуваат предвреме да ги поттикнат развојните етапи кај детето. Голем дел од родителите сакаат да ги видат и да ги прикажат достигнувањата од детето како посебно и специјално случување. За таа цел ги запишуваат децата на голем број активности за кои детето сѐ уште и не развило посебни афинитети. Распоредот на активности е преголем, очекувањата на родителите превисоки и сѐ со цел детето да го направиме успешно и да му овозможиме подобра иднина.

„Родителите се стремат да го максимизираат потенцијалот на своите деца уште од рана возраст, за да не се разочараат во иднина“ - Д-р Тери Апер, психолог, писател и поранешен тутор во колеџот „Нојнхам", Кембриџ.

Станува збор за родители со висок степен на стрес кои цело свое време го посветуваат на децата. Додека се на работа, тие се во постојана комуникација со луѓето кои се грижат за нивното дете. Без разлика дали станува збор за баба/дедо кои го чуваат дома, за воспитувачки во градинка, наставници во училиште, овие родители секогаш имаат да посочат директни инструкции и распоред на сите активности на детето. Кога да јаде, што да облече, што да прави во слободно време, колку време да биде надвор, се само дел од секојдневните обврски кои овие родители ги живеат. Трчаат од една на друга активност после работно време, ги чекаат децата, истражуваат што ново се појавило. Во домот, децата се постојано надгледувани што прават во кујна, во својата соба, што гледаат на телевизија итн.

Родителите се сомневаат во тоа што е најдобро за децата, ги преиспитуваат своите постапки и постојано се трошат физички, психички и емотивно мислејќи дека тоа е тоа што треба да го прават. Децата се постојано опсипани со љубов, внимание, грижа, бескрајна поддршка и пофалби кои родителите секојдневно им ги даваат. Родителите не знаат дека „преголемата грижа“ им ја ограничува слободата на децата, независноста и развојот на автономија.

Ваквите обврски немаат крај, а истовремено го скратуваат уживањето во родителството и растењето на децата. Резултат на тоа се родители и деца исцрпени на крај на денот кои воопшто не земале оддишка.


Во хипер родителството можеме да ги идентификуваме различните особини кои родителите ги прикажуваат:

· Родители постојано го следат и го надгледуваат животот на своите деца. Тие се родители познати како „родители - хеликоптери“.

· Родители кои го отвораат патот за своите деца, отстранувајќи ги сите препреки на кои децата наидуваат. Ова се родители познати како „родители - булдожери“.

· Родители кои го поминуваат животот водејќи ги своите деца од една активност на друга, брзајќи и пополнувајќи го својот распоред. Родители познати како „родители – шофери“.

· Родители кои не им дозволуваат на своите деца да се досадуваат или да играат.

· Родители кои го отвораат совршениот пат за своите деца, за да не направат грешка.

· Родители кои ги бркаат своите деца низ паркот со преполн ранец од влажни марамици, до храна и облека, додека децата да завршат со играта. Ова се родители кои постојано внимаваат да не се валкаат нивните деца, да не се гладни или да не им студи.


Сите овие особини се својствени за хипер - заштитните родители. Но на децата не им се потребни совршени родители, туку смирени и среќни родители. На децата им се потребни родители кои знаат како да се релаксираат и да се задоволни со самите себе. Не е потребно родителите да го трошат и максимално да го посветат својот живот на децата, туку да го живеат заедно со нив.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.