Усогласување на воспитните стилови помеѓу родителите и дадилката

Не постои рецепт за одгледување одлично дете. Да се разбере развојот на детето не е лесна задача. Улогата на родителите е од непроценливо значење затоa што децата во нив гледаат модел на однесување. Родителите влијаат врз децата на многу начини. Тоа е процес во кој детето несвесно ги превзема навиките и мислењата и постапува според претходно согледаните шеми на однесување. Доведувањето нов член во семјството за детето претставува голема промена. Незнејќи да прави разлика меѓу „Моите родители“ и „ Мојата дадилка“ детето пред себе има нов модел на однесување. Дадилката е личност која половина од времето ја има функцијата на втора мајка. Тргнувајќи од тоа, на емоционално ниво дадилката претставува нов член на семјеството чие влијание не може да биде исклучено.


Многу родители мислат дека е возможно целосно да ѝ го пренесат начинот на воспитување и да ја трансформираат личноста на дадилката. Преку давање инструкции, поминато време заедно, споделување искуства и навики доаѓа до меѓусебна размена. Родителите веќе имаат родителски стил на воспитување, имаат поставено модел за тоа како сакаат нивното дете да биде воспитувано. Да се најде дадилка која го има истиот родителски пристап кон детето е многу тешко. Дадилката е нова личност во вашето семјество со веќе изградени ставови за животот, вредности и менаџмент за воспитување на деца. Вашиот родителски стил не значи дека е познат и прифатен од вашата дадилка. Согледувајќи ја важноста на дадилата во целокупниот процес, неизбежно е да се најде заеднички начин на функционирање. За таа цел, семјеството и дадилката треба да ги произнесат своите ставови и филозофии вклучувајќи ја и дисциплината од самиот почеток. Споделените верувања претставуваат критично прашање кои не треба да биде занемарено.


Заедничките и усогласени основни вредности се камен-темелник на успешните врски.

Според направените истражувања спроведени од Cambridge Nanny Group, тоа е поголем показател за долгорочен успех споредбено со вештините, искуството и способноста за работа на дадилката. Се поставува прашањето: Како да знаеме дека „ сме насочени во ист правец” со дадилката? Што да направиме за процесот на воспитување да биде успешен?


Дадилката го образложува својот воспитен стил пред родителите

Период на адаптација

Воспитувањето и градењето на личноста на детето е процес за кој треба време. Независно дали детето го подигаат само родителите или имаат и дадилка, времето ги откива резултатите. Родителите учат од дадилката за нејзиниот систем на дисциплинирање односно менаџмент- системот кој таа го воведува. Тоа е процес на сојузништво во кои двата типа на енергија се пронаоѓаат меѓу себе. Потребно е време родителите да го осознаат влијанието кое дадилката го има во креирањето на секојдневието на детето. Време ѝ е потребно и на дадилката да ја осознае филозофијата на семејството во целина. Да ги согледа вредностите за кои тие се залаагаат, нормите по кои се раководат, и критериумите кои ги поставуваат во процесот на воспитување и дисциплинирање.


Поклопување на родителски стилови и животни филозофии

Постојат четири типа на родителски стилови: авторитарен(диктаторски) стил, авторитативен(демократски), попустлив стил и незаинтересиран стил на воспитување.

Предности и недостатоци имаат сите стилови на воспитување. И родителите и дадилката е потребно да знаат кој стил го практикуваат, да се свесни за своите недостатоци и предности во однос на воспитувањето, како и за личните карактеристики кои ги поседуваат. Родителите мора искрено да ги искажаат своите барања и очекувања од дадилката, во однос на воспитниот процес на детето. Дадилката мора искрено да каже што може да направи, преземе и дополни во тој процес. Споделување на позитивните карактеристики од двете страни ќе доведат до поставување на хармоничен и балансиран начин на воспитување.


Разрешување на конфликтните ситуации

Доколку постојано се појавуваат конфликти, тоа често е резултат на различни филозофии за начинот на воспитување на детето. Конфликтините ситуации настануваат од две причини:

1. Детето повеќе го прифаќа начинот на воспитување од дадилката. Неговото однесување е спротивен одраз од очекувањата на родителите. Така настанува конфликт меѓу родителите и дадилката.

2. Детето не може да се адаптира на начинот на функционирање што му го посочува дадилката. Тоа развива негативно однесување, недисциплина, непослушност кон дадилката. На тој начин, настанува конфликт помеѓу дадилката и детето.

Конфликтните ситуации не се добри за ниедна страна. Се одразуваат негативно врз воспитувањето на детето, неговата емоционална сфера и семејството како целина. Доколку конфликтните ситуации често се повторуваат и не може да се пронајде начин на заедниичко функционирање, најдобро е да се пркине врската меѓу семејството и дадилката.

Влијанието кое го имаат двете страни (родителите и дадилката) во целокупниот процес на воспитувањето е неминовно. Позитивното влијание на дадилката кон детето и кон семјството, соработката и довербата се клуч за емоционалната стабилност на детето.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.