Улогата на психологот во развојот на детето

Детската психологија или таканаречена развојна психологија ги проучува психолошките процеси на децата кои се случуваат на свесно и несвесно ниво.

Детската психологија е важна гранка за здравјето на целото семејство. На родителите им дава ресурси за да им помогнат на своите деца да напредуваат низ фазите на развој. Развојот на психолошките процеси од раѓање до адолесценција. Како и зошто се разликуваат од едно до друго дете, како овие процеси се разликуваат од возрасните, како детето комуницира со своите родители, со себе и со светот се дел од областите со кои треба да сме запознаени за да го разбереме менталниот развој кај децата.


Запознавање на детето преку процесот на растење и развивање може да биде една од најголемите награди на родителот. Да научите и спознаете како вашето дете гледа на светот, да разберете зошто појавува специфични однесувања во одредени периоди, да го научите на нови вештини, да му овозможите искуства кои носат нови чувства и промени претставуваат важен дел од улогата да се биде родител, и тоа не е секогаш лесно.


Како се развиваат децата и каква улога има психологот во поддршката на детскиот развој?

Секој родител сака своето дете да има здрав развој, но не секогаш му е јасно дали одредено однесување е симптом на нормална фаза на развој или знак на абнормалност. Детето многу брзо и прогресивно минува од една во друга развојна фаза т.е. развојни пресвртници. Овие пресвртници одразуваат способности како што се одење и зборување, кои ги постигнуваат повеќето деца на слична возраст. Генетските, индивидуалните, социјалните и културните фактори се јавуваат како важни влијанија на детскиот развој.



На децата тешко им е да објаснат низ што поминуваат, а уште повеќе да ги анализираат своите чувства. Тие едноставно ги доживуваат развојните фази и потребни им се насоки, стимул и мотивација од околината за нивно правилно насочување. Детската психологија може многу да ви помогне да добиете многу важни и вредни информации. Бидејќи психологијата на детето е огромна и се обидува да одговори на многу прашања, детскиот развој е поделен на физички, когнитивен (размислување, учење, помнење итн.) и социо-емоционален развој на децата.


Физички развој - Физичкиот развој кај децата е редоследен и предвидлив. Детето во одредени периоди од развојот почнува да ја држи главата само исправена, се превртува, потоа ползи, па оди и трча и тоа е некој редослед на напредување кој го следи педијатарот. Детскиот психолог може многу да му помогне на педијатарот во набљудување на физичкиот развој на детето доколку има некои абнормалности што може да укажат на неправилности во развојот. Детскиот психолог ја следи прогресијата на развојните пресвртници што е тесно поврзана и со физичкиот развој. И обратно, големите задоцнувања во физичкиот развој може да откријат други основни развојни проблеми кои може да се решат многу порано.


Когнитивен развој - Когнитивниот развој се однесува на интелектуалното учење и мисловните процеси на детето. Тој вклучува разбирање на светот околу нив, учење, меморија, донесување одлуки, решавање проблеми, како детето ја користи својата имагинација и основните размислувања. На сите овие процеси влијае генетиката и опкружувањето на детето.


Емоционалниот и социјалниот развој - се длабоко испреплетени. Емоционалниот развој се однесува на тоа како детето ги чувствува, ги разбира и ги изразува своите емоции. Емоционалниот развој исто така вклучува и способност на детето да ги чувствува и разбира емоциите на луѓето околу него преку емпатија. Детскиот психолог го помага емоционалниот развој на децата преку учење за соодветно регулирање и изразување на емоциите, што е многу тешко за некои деца. Начинот на кој детето ги изразува своите чувства има директно влијание врз тоа како комуницира со други луѓе.

Социјалниот развој се однесува на тоа како детето ги развива вредностите, свесноста и социјалните вештини потребни за да се поврзе со родителите, врсниците, наставниците, животните итн. Помагањето на децата рано да ги разберат своите емоции може да има моќно влијание врз сегашниот и идниот социо-емоционален развој.

Детските психолози може рано да го идентификуваат абнормалното однесување, да помогнат во откривање на основата на вообичаените проблеми во однесувањето како што се проблеми со учење, хиперактивност или вознемиреност, тикови, детски стравови, да им помогнат на децата да поминат низ траумите од раното детство и уште многу други состојби кои се јавуваат во детскиот развој.


Детскиот психолог помага во спречување, проценка и дијагностицирање на развојни одложувања или абнормалности.

Како родители разбирањето на нормалните и абнормалните психолошки модели на детето може да ви помогне во подобра комуникација со детето, да се поврзете и да го научите своето дете за успешно справување и напредување во предизвиците кои ги носи секоја фаза од развојот. Соработка и совет со детски психолог претставуваат чекор напред за подобар детски развој.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.