Улогата на дадилката во раниот детски развој

Updated: Apr 15

Додека се мали, децата се како сунѓери. Го впиваат секое искуство, секој нов збор којшто ќе го научат, однесувањето кое го гледаат околу себе. Тие постепено растат, се развиваат, напредуваат и со задоволство ги живеат деновите од детството - периодот на кој секогаш добро ќе се сеќаваат. Помеѓу многуте доживувања што го исполнуваат детското срце, голем дел зазема личноста наречена ДАДИЛКА.

Секое дете е единствено и посебно на свој начин. Но сите деца се исти во една работа, на сите им е потребна правилна исхрана, грижа, нега, посветеност и љубов.

Дадилката, личност која се грижи за едно или две деца во домот на семејство, ја почитува индивидуалноста на секое дете и различноста на секое семејство. Дадилката се прилагодува на потребите на родителите и детето, и целата нејзина работа, грижа и нега е во согласност со нивните барања и очекувања. Дадилката работи во домашната атмосфера каде детето се чувствува емоционално сигурно и е желно да соработува. Секој работен ден поминат со детето содржи однапред испланирани активности: време за приготвување оброци и хранење, игра и правила за игра, пресоблекување и бањање, сон и одмор, едукација и воспитување, прошетка и социјализација. Во продолжение даваме краток опис за неколку од нив:


Дадилка црта со детето кое го чува

Дадилката подготвува храна исклучиво според желбите и советите на родителите, го следи дневното мени и времето на хранење на детето. Доколку детето е алергично на некоја состојка, дадилката истата ја изоставува, и за неа пронаоѓа соодветна хранлива замена. Дадилката секогаш наоѓа начин(читај:прифатлив начин) да го нахрани детето и да се справи со неговиот често намален апетит.

Игра

Покрај правилната исхрана и нејзина подготовка, дадилката одвојува доволно време за игра со детето и објаснување на правила. Играта има голема улога во физичкиот и психичкиот развој на детето. Преку играта, тоа ги изразува своите чувства, стекнува контрола над своите движења, ја развива фантазијата и ги применува правилата. Според возраста, дадилката го воспитува, подучува и едуцира детето. Поминувајќи доста време со него, дадилката често препознава одреден талент или потенцијал кој го поседува детето, ги информира родителите и активно работи на неговиот развој и стимулација.

Социјализација

Иако изгледа дека детето е изолирано во својот дом, сепак дадилката има улога во неговото социјализирање. Таа најчесто наоѓа таква можност за време на прошетките во блискиот парк. Таму детето е во интеракција со други деца, се запознава, споделува играчки и ужива во игрите. Дадилката има задача да го поттикне детето да комуницира со останатите деца, да ја надмине неговата срамежливост и да создаде предуслови детето да се чувствува слободно.


Поминувајќи безброј денови и часови со дадилката, детето постепено ги стекнува, оформува своите навики и го гради својот карактер. Нејзината секојдневна посветеност и работа влијае врз понатамошниот развој на детето и неговото однесување во домот, училиштето и општеството. Неслучајно, детството и оваа посебна личност засекогаш остануваат врежани во меморијата и срцето на детето.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.