Тикови и влијанието врз социо-емоционалниот развој на децата

Децата по природа се социјални суштества под влијание на многу фактори вклучувајќи ги индивидуалните разлики, односите со другите, социјалните интеракции, биолошките предиспозиции, емоционалната интелигенција, културните разлики и многу други фактори. Сето тоа му помага на детето адекватно да се прилагоди и да го добие чувството на припадност во средината и интеракција со останатите.

Децата кои имаат одреден проблем имаат зголемено чувство на стрес и напнатост кога се во социјална средина. Истото го доживуваат и децата со тикови. Детето кое пројавува тикови често е вознемирено и загрижено дека ненамерните движења или звуци што ќе ги испушти ќе го привлечат вниманието на другите.


Природа на тиковите

Тиковите се ненадејни, кратки, стереотипни, моторни движења или вокализации. Иако се неволни, и не служат за никаква цел детето ќе го направи она што се нарекува „урегентен нагон“ да направи тик и веднаш потоа ќе почувствува ослободување на напнатоста.

Видови тикови:

Моторни тикови: Ги вклучуваат движењата со главата, централниот дел на телото, нозете и рацете. Можат да резултираат во едноставни движења како трепкање на очите, кашлање, грчење на екстремитетите или посложени движења како удирање и скокање. Моторните тикови можат да започнат уште на 3 годишна возраст.

Вокални тикови: Вклучуваат звуци како што се потпевнувања, негодувања, лаење, шмркање, грчење, кашлање и непристојност (непристојноста е поретка).


Постојат две класификации на нарушувања на тикот:

Повеќето тикови ќе исчезнат сами по себе - тиковите што исчезнуваат за помалку од една година се познати како минливи тикови, што значи дека се само привремени. Минливите тикови се јавуваат само за релативно краток временски период и можат да влијаат на 10% од децата во раните училишни години.

Хроничните тикови се манифестираат со комбинација од вокални и моторни тикови повеќе од една година. Ваквата манифестација е идентификувана како Туретов синдром. Тиковите се случуваат многу пати на ден, скоро секој ден или наизменично. Хроничните тикови влијаат на помалку од 1% од децата.

За родителите, гледањето или слушањето детето како ги покажува овие неочекувани движења или звуци може да биде крајно загрижувачко. Во главата си поставувате многу прашања: Дали моето дете има напад? Што го предизвикува ова? Треба ли да го однесам на лекар? Дали ќе го има овој тик засекогаш? Овие прашања се сосема нормални. Всушност, тиковите се вообичаени појави, дури секое петто дете има тик во текот на училишните години, а повеќето тикови поминуваат сами за помалку од една година, обично дури и пократко.

Тиковите се едни од најчестите проблеми на децата, но мал број од нив посетуваат психолог за подобрување на негативниот ефект кои го имаат тиковите врз емоционалниот и социјалниот развој на децата!
Дали вашето дете се соочува со тикови?

Социо-емоционалниот развој вклучува искуство, изразување и управување со емоциите на детето и можност за воспоставување позитивни односи со другите. Ги опфаќа и интраперсоналните и меѓучовечките процеси. Социјалните и емоционалните последици од проблемите во однесувањето поврзани со тиковите се понагласени и повознемирувачки за детето од самите тикови. Тиковите можат да влијаат на социјалните односи и самодовербата на децата, ставајќи ги на поголем ризик да имаат лоши врски меѓу врсниците и да станат повлечени и агресивни. Тиковите ја нарушуваат самодовербата на детето, затоа што се чувствува поразлично од другите и не може да ја контролира појавата на тикот. Голем дел од децата не знаат да ги препознаат предвремените знаци на телото кои му претходат на тикот.


Тиковите го нарушуваат емоционалниот развој на детето проследен со срам, вина и неразбирање за она што му се случува. Не можејќи само да се справи со појавата на тикот, детето преплавено од интензивни чувства одлучува да се повлече од социјалната средина, да покаже агресивно однесување кон останатите и низа други однесувања за кои е потребно поголема грижа и внимание. Важно е детето да се чувствува поддржано и сигурно од страна на семејството во процесот на појава на тикови. Некои деца со нарушување на моторниот или вокалниот тик можат да ги потиснуваат тиковите во различни временски периоди, особено под социјален притисок или кога се длабоко фокусирани на некоја задача или активност. Кога децата не ги потиснуваат своите тикови, родителите и наставниците може да мислат дека нивните тикови се намерни или се навики кои лесно можат да се запрат, но тоа не е така. Тиковите се чувствителни на стимули во животната средина и можат да се влошат со температурни промени, стрес, болест, замор, тригер ситуација која е вознемирувачка за детето итн.


Покрај лекарскиот преглед, наод и третман, важна е и посетата на психолог или друго стручно лице кое ќе работи на зајакнување на личните капацитети на детето при појавата на тикови. Постојат техники, методи, начини на однесувања кои може да ги спроведуваат родителите дома, а кои се од непроценлива важност за детето и сликата која ја гради за себе во периодот на појава на тикови.

63 views0 comments
  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.

©© Copyright, Сите права на содржината на вебстрана се во сопственост на Асоцијација First Five. Преземање на содржината без дозвола на авторот е забранета.