Семејство со претшколско дете

Updated: Apr 15

Овој период од животниот циклус на семејството трае од 3 до 5 години на детето, односно до поаѓање на училиште. Во оваа фаза детето кое претходно било речиси целосно зависно од родителите станува поактивно и бара да биде понезависно. Со развојот на моторните вештини, детето е склоно кон експериментирање што често е ризично по неговата безбедност. Ваквото експериментирање е важно за развој на когнитивните вештини кај детето, но поради тоа што не е свесно за опасностите, родителите мора постојано да го надгледуваат и се под постојан стрес дека нешто лошо може да му се случи. Енергијата на детето се чини неисцрпна, додека онаа на родителите исцрпена. Нивната врска поради недостатокот на приватност може да биде разнишана. Соочени со ваквиот стрес честа е појавата родителите или да му дозволат на детето претерана независност со што го изложуваат на ризик, или да се однесуваат претерано заштитнички, со што го лишуваат од правилниот когнитивен развој. Поради исцрпеноста од ангажманот околу детето се случува родителите од време на време да делуваат ригидно, како да повеќе не им е грижа што ќе се случи. Состојбата со заморот кај родителите уште повеќе се влошува ако во семејството се роди уште едно дете додека првото е cé уште на предучилишна возраст. Во ваква ситуација родителите треба да се справуваат со дополнителни стресови предизвикани од појавата на ривалство, натпревар и љубомора меѓу децата, За оптимален развој во оваа фаза семејството треба да им овозможи на децата контакти со други луѓе, на тој начин постепено проширувајќи ги врските во кои децата cе наоѓаат, од оние со родителите, браќата или сестрите, кон групите на врсници.


Таткото разгледува сликовница со децата на претшколска возраст

Во оваа фаза формалните и неформалните надворешни институции, почнуваат да стануваат дел од семејниот живот (градинки, дневни центри, група на врсници, спортски клубови) и да остваруваат свое влијание врз детето и семејниот живот.

Најчести проблеми кои се јавуваат во оваа фаза се поврзани со воспитувањето и дисциплината на децата, односно неможноста да се прифати границата која постои меѓу родителите и децата. Како резултат родителите се соочуваат со потешкотија да го развијат и демонстрираат својот авторитет на соодветен начин, па е често прибегнувањето кон екстремите на претерано строги или претерано попустливи родители.

Според психоаналитичката теорија ова е многу значајна фаза за психосексуалниот развој на детето (Едипова фаза) во рамки на која се разрешуваат конфликтите со истополниот родител, во „борбата” за родителот од спротивниот пол.

Ова подразбира можност за активирање на евентуалните нерешени проблеми од истиот тип и кај родителите. Воедно, според системското гледиште, во оваа фаза можат да се појават проблеми кои не се решени во претходните стадиуми. Проблемите најчесто се прикажуваат како „проблеми со детето” кои обично се поврзани со навиките: спиење, исхрана, енуреза.

Во овој период клучно е да се внимава и да се направи јасна разлика помеѓу развојните потешкотии и симптоми кои се појавуваат кај детето, како и меѓу родителската и брачна дисфункционалност која настанува кај родителите.


  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.