Семејство со школско дете

Овој стадиум трае од поаѓање на детето на училиште до неговиот пубертет. Со отсуството на детето од домот родителите добиваат можност да се посветат на професионалните активности и да посветат повеќе внимание на партнерскиот однос. Во семејниот систем се вклучува нов систем, училиштето, со свои влијанија врз семејството. Детето го зајакнува процесот на социјализација, а во неговиот живот влегуваат нови другари, нивните родители, наставниците. Од аспект на родителскиот систем, во овој стадиум „се тестира“ односот кон надворешните системи (наставник, директор на училиште), односот кон училиштето и обврските (прашањето на успех, помош на децата во училишните обврски), степенот на самостојност на детето на оваа возраст. Сето ова влијае на нова организација на брачниот систем (колку и како да се минува времето заедно, дали и колку се остава детето само и сл.). Притоа, разликите во родителското вклучување можат да предизвикаат тешкотии во адаптацијата или учењето кај детето. Повторното приближување на брачните партнери може да ги активира старите, нерешени проблеми и да доведе до појава на нови проблеми. Кога родителите ќе го инволвираат детето како причина за тие проблеми, тоа води кон појава на симптоми кај детето: проблеми со учење, однесување, појава на фобија на почетокот од школувањето и сл. Практиката покажува дека семејството често се обраќа за помош заради решавање на проблем поврзан со детето, без притоа да е свесно дека зад тоа стои нерешен родителски или брачен конфликт.


Исто така, во оваа фаза од развој на семејството економските ресурси можат да бидат поограничени поради cé поголемите трошоци на кои се изложени родителите. Кариерата на родителите обично достигнува точка во која од родителите се очекува поголема одговорност на работното место и поголема посветеност на работата, што се одразува и често предизвикува стрес во семејството.


Мајката го испраќа од домот своето дете на училиште

Во оваа фаза се јавуваат нови стресови и потешкотии: планирање на дневниот распоред на децата; организирање на воншколските активности; проблеми на сепарација на детето од родителите и безбедната семејна средина; проблеми поврзани со адаптацијата на детето на училишната средина каде од него се очекува усвојување и прифаќање на одредени нови правила на однесување; потешкотии околу организација на грижата за децата по училиштето и за време на училишните распусти, особено ако и двајцата родители се вработени, а немаат соодветна поддршка од проширеното семејство; и воопшто хармонизирање на работните со домашните обврски и обврските поврзани со образованието на децата. Поради сето наведено, некои автори сметаат дека најчестите кризи во семејството настануваат токму кога првото дете ќе тргне на училиште. Ова го означува првиот чекор за семејството во процесот кој се нарекува осамостојување и напуштање на домот од страна на децата.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.