Психолошки ефект од разводот врз децата

Updated: Apr 15

По разводот на родителите не е невообичаено децата да покажат проблеми во однесувањето. Но тоа не треба да биде изненадување за никој. Разделбата е предизвик за сите челнови на семејството, не исклучувајќи го и детето од тој процес. Во зависност од нивната возраст се појавуваат и промените на емоционално и бихевиорално ниво.


Детето не е секогаш емоционално созреано за да разбере зошто се случува разделбата, па неговата фрустрација и стрес доведува до негативни промени во однесувањето. Однесувањето после разводот кај децата се движи од благо нарушено однесување до деструктивно однесување. Обврска на двајцата родители е да го следат однесувањето на детето, промените кои се случуваат и да ги споделуваат истите со потесното семејство на детето.


Проблеми во однесувањето и емоциите на децата за време на разводот - cвесност и превенција за истите


Не е абнормално детето да има промени во однесувањето после разделба на неговите родители. Чувството на збунетост, фрустрација, тага се само дел од плеадата на чувства со кои се соочува Вашето дете. Некои за него се познати но голем дел се појавуваат за првпат, без способност за нивно разбирање и канализирање на соодветен начин. Не можете да го контролирате начинот на кој Вашето дете се чувствува во однос на разделбата, но може да преземете акција за претпазливост после процесот.

  1. Ако е можно, водете активен дијалог со другиот родител во врска со проблемите со однесувањето. Еден родител може да забележи одредено однесување што се случува во неговиот дом, додека другиот родител може да забележи нешто сосема различно. Свесноста на родителите за различните реакции на детето во стресни ситуации е неопходно за нивна соодветна помош и поддршка.

  2. Разговарајте со неговата дадилка, наставници, тренери и други возрасни кои поминуваат време со Вашето дете за да бидете во тек за неговото однесување надвор од домот. Пишување дневник за однесувањето на Вашето дете после разводот е добар начин да ги забележите и запомните промените што се случуваат, кои понатаму што може да бидат важни информации за споделување со професионално лице доколку тоа е потребно.

  3. Бидете свесни и за Вашето однесување. Вашите постапки и зборови имаат големо влијание врз тоа како Вашето дете го перципира светот и тековната состојба. Одредени однесувања, како лоши зборови за поранешниот сопруг / сопруга или вознемиреност и тага поради ситуацијата пред Вашето дете, можат лесно да влијаат врз неговите чувства, да ги „искриват“ неговите погледи и да ги влошат проблемите во однесувањето.

Некои проблеми со однесувањето ќе траат кратко време и детето успешно ќе ги надмине, но одредени однесувања може долго да траат, нивниот интензитет да се зголемува и Вие како родители да не знаете или не можете да се справите со истите.


Совети за надминување на психолошкиот стрес кај детето по разводот

Во корелација со негативното однесувањето е одредена емоција која дејствува во позадина

Емотивниот ролеркостер го носи детето од лутина - до тага, од чувство на загуба - до гнев, од страв до насилно однесување и многу други емотивни состојби кои јасно ја изразуваат потребата на детето од љубов и внимание од неговите родители. Нагласената потреба за љубов, сигурност и внимание од родителите кон детето е дел од процесот кој не смее да недостасува.

Емоционалната вознемиреност што ја доживува детето после разводот има моќ да влијае на неговите постапки, доживувања и сензации. Детето не секогаш е во можност да искаже со зборови зошто избира да се однесува на одреден начин. Да се ​​разбере внатрешната мотивација е способност што доаѓа со созревање.

Разбирање на внатрешната мотивација која е двигател на однесувањето на малото дете е обврска на родителите.

Препознавање на чувствата, нивно споделување и управување е област на емоционалната интелигенција. Таа е способност која се стекнува во процесот на растење, а родителите треба да им помогнат на своите деца да ја развијат уште од мала возраст.

Искрена комуникација, слобода да ги искажат своите чувства без разлика дали се позитивни или негативни, споделување на личните доживувања на детето без осудување и наоѓање начини за справување со сè што доживува се најдобра поддршка која детето може да ја добие од своите родители.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.