Придобивки кои ги ужива секоја професионална дадилка

Updated: Apr 15

На Пазарот на труд денес имаме различни профили на дадилки кои ја презамаат одговорноста да се грижат за деца во домашни услови. Во согласност со квалитетот и посветеноста на својата работа, само дел од нив добиваат големи бенефити и поволности. Станува збор за професионалните дадилки, кои вложуваат во себе и во иднината на својата професија. Денес ќе говориме за придобивките кои ги уживаат овие професионални дадилки.


Семејството би платило за професионално надоградување на дадилката

Посветена, одговорна и принципиелна дадилка е од голема важност за семејството и нивното дете. Задоволството на семејството расте паралелно со професионалноста на дадилката. За да може дадилката да напредува и да се надоградува, а со тоа позитивно да влијае врз развојот на детето, голем дел од семејствата се спремни да платат дополнителни обуки како на пример : прва педијатриска помош, курс за јазик, обука за правилна исхрана за време на развојот кај децата и слично.


Дадилката е наградена од мајката за својата посветеност

Долготраен ангажман

Дадилките имаат палета на обуки кои можат да ги посетуваат со цел нивно лично надоградување. Обуките за дадилки нудат можности за стекнување со знаења во однос на севкупен развој на детето т.е. од новороденче до претшколска возраст. Успешно поминување на една ваква обука дава гаранција дека дадилката е подготена и умее да се грижи и негува за дете во домашни услови. Дадилката може соодветно да одговори на неговите развојни потреби и оттука да работи со него подолг период. Последователно на тоа, родителите можат да ја ангажираат дадилката за работа со нивното дете до три годишна возраст. На пример, веднаш штом мајката се врати на своето работно место, дадилката да започне со грижа и нега на бебето, потоа со текот на времето да продолжи да работи на развојот на говор и игра, проодување, одвикнување од пелени и стекнување основни хигиенски навики кај детето.


Повисока плата

Професионализмот е ретка појава во дејноста за дадилки. Семејствата кои го знаат тоа и кои имале негативно искуство со некоја лоша негувателка, се спремни да платат поголем месечен надоместок само да добијаат квалификувана дадилка. Дадилката која е обучена и редовно се надоградува, има можност да работи во повеќе семејства. На пример: Полно работно време во едно семејство, бејбиситинг во вечерни часови и за викенди во друго семејство. Поголемата побарувачка од услугите на дадилката, значи и поголема заработувачка.


Профил во Агенции за ангажирање на дадилки

Биографијата на дадилка, поткрепена со работно искуство, сертификати во областа и препораки од семејства е посакувана во секоја регистрирана Агенција. Доколку сакате да бидете дадилка, сте соодвето обучени за работа со деца, имате одлично познавање на странски јазик, но сеуште немате искуство како дадилка, регистрираната Агенција ќе ја препознае и процени вашата способност и ќе Ви помогне да пронајдете семејство каде ќе започнете со работа.


Поголемо задоволство

Одлуката да работите како дадилка и да се грижите за деца е само ваша одлука. Вашата работа бара многу посветеност, грижа и нега, но истовремно ви носи среќа и реализација на професионален план. Професионалното надоградување е лична сатисфакција, но истовремено е и правење позитивна разлика во развојот на едно дете, во животот на неговото семејство и конечно во опшеството каде живееме.

©2014 powered by First Five

BabySitting Service 

+389 71 373 504          +389 2 3126 135