Одвојување на кучиња од легло и сепарација од мајката

Во текот на првите две недели кутренцата се исклучително зависни од мајката! Слично како што се новороденчињата кај луѓето. Во овој период од животот, покрај тоа што ја добиваат потребната љубов и храна, тие учат и мошне важни социјални вештини. Освен мајката, играјќи со своите браќа и сестри, во раните недели, кутрињата учат дека играта може да биде груба, дека гризењето може да биде премногу силно, но сѐ е дозволено затоа што „мама нѐ чува“!


Во текот на првите 2 недели ограничете ја вашата интеракција со леглото. Во овој период од животот на кучињата, мајката е премногу агресивна.


После 3 или 4 недели, можете да започнете со секојдневно држење на кучињата за постепено да ги навикнете на човечкиот допир. Подигнете го секое кученце посебно, држете го неколку минути барем еднаш на ден и посветете му индивидуално внимание. Допрете ја неговата глава, уши, стомак и шепи за да му помогнете да се запознае, да го зголеми контактот со човекот и да се навикне на ваквата позитивна интеракција. Ова е време кога кучето учи дека луѓето се доминантни и на тој начин развива карактеристики што траат цел живот.


Откако ќе наполнат 5 недели, изложувајте ги овие крзнени младенчиња на нови површини и играчки. Во оваа фаза, тие ќе бидат активни, љубопитни и ќе сакаат да истражуваат. Извадете ги од леглото, оставете ги да играат во сигурни делови од просторот и дајте им играчки со интересни форми и текстури согласно нивната големина и возраст. За време на играта понудете им вкусно задоволство со големина на зрно грашок за да ги поврзат новите искуства со награди. Сепак, бидете внимателни со ваквите задоволства за да спречите нездраво зголемување на телесната тежина.


Мајката е покрај едно од своите младенчиња е во близина на леглото
Мајката ужива во друштво на едно од своите младенчиња

Од 6 до 8 недели е периодот кога треба да се воспостави дополнително хранење и да се случи последното одвикнување од доењето. Важно е ваквото одвикнување да биде постепено - за здравјето и на мајката и на кучињата. Тоа може да се постигне со намалување на фреквенцијата на доење и дополнување на оброците на кучињата. Ваквиот пристап превенира здравствени проблеми кои можат да се појават кај мајката. Така на пример, наглото одвикнување, особено кога станува збор за големо легло, може да доведе до маститис, воспаление на млечните жлезди кај мајката. Покрај тоа, одвојувањето пред изминување на овој период може да доведе до долготрајни проблеми не само кај мајката, туку и кај кучињата. Тоа негативно влијае врз физичката состојба, осетливоста, доведува до поголема подложност на болести и го отежнува зголемувањето на нивната телесна тежина. Ваквите заклучоци се поврзани со мерењата на стресот кај кучињата за време на нивното одвојување од мајката. Подолу се дадени само некои од проблемите што може да се појават доколку кучето е прерано одвоено од леглото:


· Лоша физичка состојба

· Потешкотии во зголемување на телесната тежина

· Зголемена подложност на болести

· Намалена способност за учење

· Анксиозност


Чувајте го леглото минимум 8 недели. Дури после изминување на овој период можеме да кажеме дека кучињата се подготвени за посвојување во ново семејство. Како што созрева леглото, мајчинските инстинкти за заштита на младенчињата почнуваат да исчезнуваат, така што после овој период мајката веќе е подготвена кучињата да го напуштат „гнездото“.

Откако кучето ќе достигне соодветна возраст за посвојување, ќе станете негов сопственик. Природно е младото кученце да плаче по својата мајка во процесот на прилагодувањето. Затоа, во овој период на кучето ќе му треба многу внимание и посветеност. Се препорачува кучето да спие во близина на вашиот кревет сѐ додека се прилагоди на својата нова околина. Тоа ќе го увери кучето дека не е напуштено и ќе помогне врската помеѓу вас да стане посилна. Другите совети во однос на полесен процес на адаптација на кучето во новиот дом се однесуваат на користење познати мириси . За да му помогнете дајте му крпа, играчка или друг познат предмет што носи мирис на леглото. Присуството на познат предмет може да направи кучето да се чувствува поудобно во својата нова околина.

Кутренцата се прилагодливи, така што најчесто се очекува кучето во рок од неколку дена да се прилагоди на новиот дом и да започне да ужива во дружењето со својот најдобар пријател! Има ли поголемо задоволството како она кое е обострано?

84 views0 comments