Надминување на детски стравови

Постојат многу начини да му помогнете на Вашето дете да го намине стравот, но избегнување на стравот не е дел од нив!


„Понекогаш да се биде исплашен е нормален, здрав дел од растењето“ – Елијана Плат, социјален работник во Child Mind Institute. Стравувањaта се неизбежен дел од животот на децата како и делот на „ноќна гимнастика“ однос долгите вечерни заспивања кога детето смислува многу изговори само да не остане само во соба и во темница. „Само уште една приказна, уште една чаша вода, одење неколку пати во тоалет, ненадејни симптоми на болка итн.“ се само дел од изговорите со кои детето сака и се обидува да го избегне стравот.

Кога стравот го совладува детето и неговата способност да го надмине само, тука се родителите на кои природен инстинкт му е да го гушнат своето дете да го утешат и да го убедат во тоа дека нема реална причина за стравот. На пример „Ти ветувам дека нема ништо под креветот, јас ќе проверам“, „Ќе одиме заедно на заболекар и на двајцата ќе ни ги проверат забите“, „Јас ќе ги затворам во кафез чудовиштата од кои се плашиш“ и уште многу други ситуации кои родителите ги смислуваат сè со цел да се намали стравот од некој или нешто. Но реално родителите не можат и не треба секогаш да се тука за да му помогнат на детето да се смири, особено кога детето е поголемо и не е веќе новороденче или доенче.


Учење на Вашето дете како да управува со своите стравови без родителска интервенција, ќе му помогне да ја изгради самодовербата и независноста, ќе почувствува дека има повеќе контрола врз нештата и помалку ќе се плаши во сегашниот момент но и понатаму во текот на растењето


Како да им помогнеме на децата да започнат да се чувствуваат похрабро?

Клучот е невидлива вештина наречена саморегулација. Саморегулирањето во основа претставува способност да ги процесираме и да управуваме со сопствените емоции и однесувања на здрав начин. Саморегулацијата ни дава можност да се смириме себеси и да ги чувствуваме работите со соодветна реакција на нив. Повеќето од нас возрасните практикуваме саморегулација без втора помисла. Да почувствувате страв на момент, пред да се уверите дека навистина нема ништо страшно во темната просторија е многу ретко за возрасен човек, затоа што пред да почувствуваме страв ние размислуваме рационално за причината што може да е застрашувачка, колку е таа реална или имагинарна.


Кај децата, за градење на саморегулација потребно е време, вежбање и простор за учење. Колку и да звучи чудно родителите треба се чувствуваат пријатно со тоа што ги оставаат децата во ситуации во кои им е малку понепријатно за да почнат да ги разбираат работите околу нив. Додека некои децата за жал се соочуваат со голем број на реални стравови поради невнимание и недобра грижа, најголем дел од останатите детски стравови не претставуваат вистинска закана за децата. На пример „Чудовиштето во шкафот од што се плаши Вашето дете всушност е Вашиот капут ставен на закачалка“. Оваа и слични застрашувачки ситуации претставуваат идеална шанса за детето да работи на своите вештини за саморегулација. Но за тоа да се случи потребно е и родителите да ја дозволат таа ситуација и да остават да се случи до крај. „Ние сакаме на детето да му дадеме шанса да научи да се самоконтролира, да е понезависно и да не се плаши во многу ситуации“ но за многу родители ова е полесно да се каже но не и да се направи и практикува. Кога ќе видите дека Вашето детето е во неволја и е исплашено, природен одговор е со трчање да отидете кај него и да го заштитите, особено ако ситуацијата и излезот од неа се едноставни.


Дете облечено во костим на супер херој

Ако детето ја добие пораката дека мама или тато секогаш ќе бидат таму за да му помогнат и да ја решат сцената која предизвикува страв, детето нема да има многу мотив, ниту можност, да научи како само да го направи тоа.


Често пати, потребно е најпрво родителите да се справат со сопствената вознемиреност, па потоа да му помогнат на детето, затоа што во спротивно доаѓа до нагласен емотивен одговор на детето кон ситуацијата која претходно не ја доживеало како голема закана. Секако, ова не значи повлекување на целата поддршка од родителите и оставање на детето целосно само да се справи со стравот. На пример, не зборуваме за ненадејно ставање на Вашето дете во неговата темна спална соба велејќи: „Добро! Биди храбар! Се гледаме наутро!“. Целта е нежно да ги водиме децата додека не се подготвени самите да ги преземат уздите. „Потребно е родителите да го обезбедат скелето што им е потребно на децата за да стојат сами“ - д-р Рејчел Бусман, клинички психолог во Child Mind Institute.


Па, кој е најдобриот начин да му помогнете на детето (без премногу да помагате)?

Бидете добар слушател - Кога чувствувате дека Вашето дете е под стрес или се плаши, започнете разговор. Прашајте го што го предизвика стравот. Бидете стрпливи. Помогнете му на Вашето дете да зборува за она што го застрашува. Детето можеби знае од што се плаши, но не секогаш има зборови за го објасни. Поставувањето специфични прашања може да помогне. На пример, ако детето се плаши од кучиња, би можеле да кажете: „Што ги прави кучињата страшни?“, „Дали некое куче те изненади или ти се нафрли?“, „Дали има некое куче од кое се плашиш?“. Штом имате подобро разбирање за тоа од што се плаши Вашето дете, ќе имате појасна идеја како да и помогнете да работи преку тоа. Штом децата можат да ги внесат своите емоции во зборови и да се отворат повеќе, стравовите честопати почнуваат да се чувствуваат помали и поуправувачки. И едноставно зборување за тоа што се случува може да му помогне на детето да чувствува поголема контрола.


Сфатете го стравот сериозно - Велејќи дека „тоа е глупаво“ или „ти можеш да го надминеш тоа“ или „не е тоа толку страшно како што ми кажуваш“ итн. нема да го натера Вашето дете да се чувствува или да мисли дека стравот магично ќе исчезне. Бидете сигурни дека Вашето дете знае дека сериозно ги сфаќате овие негови стравови. Колку е поотворено детето кон Вас и Вие сериозно му пристапувате и го слушате за неговите стравови, толку подобро.


Обидете се да не ги избегнувате стравовите - Избегнувањето на стравови и нивните предизвикувачи можат да го направат стравот поголем, полош и пострашен. Стресно е да го оставите Вашето дете да се плаши. Понекогаш се чувствувате полесно доколку се игнорира или се избегне она што ги предизвикува стравовите на Вашето дете. Но, сокривањето од страв и помагање на Вашето дете да го избегне тоа, ја зајакнува застрашувачката мисла за истото и му сугерира на детето дека не може да го надмине тоа.


Прашајте го Вашето дете што може да помогне- Направете заедно листа на идеи (Brainstorming). Децата се најдобри експерти за своите стравови. Напишете го специфичниот страв и потоа чекорите што Вие и Вашето дете ќе ги остварите за да се соочите со него. Можете дури и да ги запишете сите идеи што ги измисливте. Преку „сценарио на најлош случај“ понекогаш помага да се испишат овие мега-стравови и да ги наведете во списокот заедно со Вашето дете. Кој е стравот? Како ќе се справи Вашето дете ако стравот се појави кога не сте наоколу? Можете дури и да играте улоги во најчестите ситуации кои предизвикуваат страв.


Секогаш кога Вашето дете се соочува и се справува со стравот дозволете му да знае колку сте горди. Децата што се чувствуваат поддржани во соочувањето со еден страв, добиваат доверба дека можат да се справат и со други стравови. Со позитивните зборови од Вас и испраќање на пораката дека Вашето дете може и ќе го надмине овој страв, Вие напредувате заедно. Доколку чувствувате дека не можете во целост да му помогнете на детето да се справи со стравовите побарајте стручна психолошка поддршка.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.