Лиценца за негувателка

Updated: Apr 15

Со векови наназад, семејства ангажирале гувернанти и дадилки за чување и нега на деца во домот на семејство. Од почетокот на деветнаесетти век ангажирањето личност, која ќе се грижи за децата во однос на нивните потреби од физиолошки или едукативен аспект станало симбол за статус. Во тоа време, позицијата на дадилка била позната под зборот “nurse“(што означува медицинска сестра), а истиот денес се употребува скратено “Nan“, од каде дошло и името на оваа професија “Nanny“(дадилка). Препораките од едно на друго семејство биле клучни да се развива професијата на дадилките во таквите околности и услови, но денес во развиените земји работењето на професионални дадилки функционира поинаку. Денешните дадилки кои професионално се занимаваат со оваа дејност и нудат високо квалитетна услуга, имаат не само претходно искуство, туку и соодветно образование, обуки и лиценца за да можат соодветно да го следат текот на развојот на едно дете.


Што значи да се има дадилка со лиценца за негувателка?

Во Република Македонија, со Законот за заштита на децата( Службен весник, 23/13), и други законските и подзаконските акти од областа на заштита на децата, за прв пат дадилка – негувателка е препознаена како професија во 2013 година. Во текот на 2016 година занимање негувателка на деца е препознаена и во национална класификација на занимања. На овој начин Законот имаа поставено основи на професионализација на дејност згрижување и нега на деца. Прв чекор за личност која што сака да се занимава со оваа дејност е да се стекне со лиценца за негувателка (дадилка). Министерство за труд и социјална политика ги издава лиценци за дадилка, односно за негувателка. Лиценцата се издава врз основа на полагање на стручен испит кој се состои од два дела, и тоа: прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и втор дел (студија на случај), со кој се проверува практичната способност на кандидатите. Доколку сакате да се стекнете со ваква лиценца, треба да ги исполнувате следните услови: - да сте државјанин на Република Македонија, - да имате уверение за завршено најмалку средно образование, - да имате лекарско уверение за здравствена состојба, - да имате потврда дека не Ви е одземено вршењето на родителското право, - да имате потврда дека не Ви е изречена казна со правосилна судска пресуда со која не сте осудени за кривично дело за семејно насилство, одземање на малолетно лице, негрижа или злоставување на малолетно лице или родосквернавење, за кривично дело од групата на дела против половата слобода, без оглед на изречената санкција и кај кое, во согласност со закон, е утврдено дискриминаторско однесување.


Барањето за полагање на испит за лиценца за негувателка со наведена документација се доставува во писарница на Министерство за труд и социјална политика. Полагање за лиценца вообичаено се организира еднаш месечно. По добивање на лиценца за негувателка лице може да работи како дадилка во домот на семејство, како негувателка во градинка или да се самовработи како физичко лице кое во сопствен дом чува деца. Предности на лиценца се големи, а најголемата предност секако е вработување на дадилки и негувателки со што се стекнуваат со сите права од работен однос.


Секоја дадилка и негувателка треба да оди во чекор со највисоките стандарди и да се надоградува континуирано, за да биде во состојба да ја постави најважната основа во животот на детето и со тоа да ја претвори својата работа во уметност.

“Македонска Асоцијација на Дадилки“ (МАД) e прва професионална организација во Република Македонија која поставува високи стандарди во однос на постојано напредување и професионализација на дејност на дадилките, како и едуцирање на родителите за бенефитите кои можат да се добијат доколку ангажираат квалифицирана дадилка. МАД задолжително препорачува дека секоја дадилка треба да има обука за прва помош бидејќи се работи за човечки живот и согласно возраста на децата кои се згрижуваат, лесно може да се случи непријатна ситуација во која секој нареден момент е од пресуден значај.


Грижа и нега на деца претставува една од најодговорните професии кои постојат. Тоа бара задолжително посетување на курсеви, стекнување со сертификати, полагање за дозвола за работа или лиценца, како и едуцирање во однос на исхрана согласно развојот.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.