Кој ги чува нашите деца?!

Updated: Apr 15

Измена на Закон за заштита на деца предлог 1: Воведување на задолжителна обука за негувателки на деца

Родители на деца од предучилишна возраст имаат на располагање неколку опции за згрижување на своите деца.

На располагање им се државни и приватни градинки. Државните градинки покрај матични објекти имаат и други објектни така наречени клонови. Според податоците од Министерство за труд и социјална политика (МТСП) во Македонија постојат 54 државни градинки и 24 приватни градинки.

Ангажирање на приватна негувателка – дадилка во домот на семејство. Дадилката се грижи за дете (деца) во домот на семејство и е насочена само кон нив. Број на приватни дадилки не е познат бидејќи најголем дел од нив работат непријавено, без заснован работен однос (на црно).

Физичко лице кое во сопствен дом згрижува деца. Оваа опција подразбира една личност во сопствен дом во кој живее да врши дејност згрижување и нега на деца. Со важечка регулатива дозволено е една личност во свој дом да чува 3 до 5 деца.

Во сите наведени опции важно е да се запази дека згрижување и нега на деца вршат негувателки, додека воспитно едукативни активности спроведуваат воспитувачи (воспитувачи вршат дејност во градинки). Според важечка регулатива негувателки во сите три категории потребно е да полагаат за лиценца за негувател доколку сакаат да вршат дејност во градинка, во сопствен дом или во дом на семејство. Лиценца за сите категории е истоветна без оглед на тоа дали лицето работи во градинка, домот на семејство или сопствен дом.

Што навистина добиваат родителите? Кои се тие личности кои ги чуваат нашите деца? Какви вештини и знаења поседуваат? Какви критериуми исполнуваат?

Полагање за лиценца за негувателка се одвива во два дела: првиот дел е прашалник од 20 прашања на заокружување, додека вториот дел наречен практичен, е прашалник од 4-6 прашања со понудени опции како одговори.

Клучна напомена е дека на полагањето на лиценца не претходи никаква обука, ниту искуство. Ова значи дека секоја личност која што има завршено било какво средно образование има можност да се стекне со лиценца и да работи како негувателка или дадилка. Доаѓаме до момент дека лице кое нема никакво искуство ниту лично, ниту професионално, нема формално, ниту неформално образование, нема соодветни знаења и вештини ИМА можност и државна лиценца да врши исклучително одговорна дејност – чување и нега на деца. Како пример наведуваме дека за вршење секоја занаетчиска и физичка дејност, работодавачите бараат вработени да имаат завршено соодветно образование или обука. Имаме обуки за гипсер, за оџачар, фризер, сметководител, монтер на панели, управувач на багери, пекар, слаткар и ред други занимања но за негувателки на деца немаме потреба од обука. Секој може да се грижи за дете. „Што прави, не прави ништо чува дете“. Вообичаена реплика кога зборуваме за некој што врши наведена дејност.

Немаме потреба ни од психотест, тест на личност или проверка дали некоја личност е психофизички способна да чува деца. Доволно е да приложи потврда од матичен лекар за здравствена состојба и може да чува деца. Потврда од матичен лекар е потврда за општа здравствена состојба и истата не ја докажува психофизичка состојба на поединец, ниту потврдува дека исполнува услови за грижа и нега на деца.

При полагање за лиценца кандидати поднесуваат уверение дека не се осудувани и дека не им е одземено родителско право. Поздравуваме и подржуваме наведени барања и сметаме дека се минимални услови кои одредена личност која врши згрижување и нега на деца мора да ги исполнува.

Број на лица кои се во изминативе 5 години има стекнато со лиценца за негувателка е познат само на Министерство за труд и социјална политика бидејќи податоците не се достапни јавно, меѓутоа веруваме дека имаме неколку илјади негувателки во Македонија.


Детската рака не знае да процени каде е сигурна, а каде не

Со наведена состојба систем на згрижување и нега на деца опфаќа огромен број на некомпетентни, неквалификувани и несоодветни личности кои секојдневно вршат дејност. Ова се однесува на негувателки во градинки, како и на негувателки кои работат во домот на семејство. Согласно на ова до Министерство за труд и социјална политика даден е предлог за измена на Закон на заштита на деца и задолжително воведување на обука за негувателки на деца пред да им се дозволи да вршат дејност.

Во сите професии и занимања кои бараат лиценца за работа, јасно се прави разлика помеѓу лиценца како дозвола за работа за лица кои исполнуваат одредени критериуми и поседуваат одредено образование. Сертификат, диплома или уверение за образование е доказ за стекнати знаења, вештини и компетенции кои едно лице ги поседува врз основа на завршено образование или обука. Согласно на ова сертификат (диплома) претходи на лиценца за работа и е само еден од услови кои лице треба да ги исполнува.

Реформа на систем на згрижување и нега на деца и предучилишно образование освен нови, реновирани и подобрени објекти за згрижување на деца, бара соодветни програми и квалификуван кадар кој е носител на дејноста. За воспитувачи формално образование – педагошки факултет дава разумна основа за работа, но за негувателки немаме никакви критериуми. Стоиме зад тоа дека не може секој да чува деца, дека основна грижа и нега бара соодветни знаења и вештини а пред се љубов кон професијата. Меѓутоа колку и да сакаме нешто доколку ги немаме потребни знаења и компетенции, можеме да нанесеме поголема штета отколку да придонесеме. Сите ние можеме да сакаме да возиме авион, но не верувам дека поради нашата љубов кон авиони со поднесување на неколку документи и пополнување на прашалник некој би не пуштил навистина да пилотираме авион. Евентуално во некоја видео игра. А животите на нашите деца не се игра.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.