Кои 5 работи може да ги научи секој родител од советник за новороденче и професионална дадилка

Професионалните дадилки и лиценцираните советници за новороденчиња после повеќегодишна пракса стануваат експерти за грижа, нега и едукација за децата. Освен основна грижа, нега и едукација на деца, тие знаат како да воспостават позитивни модели на однесување кај детето, да развијат манири и да создадат рутини.


1. Да научите како да се повива, бања и масира бебето


Професионалните дадилки, како и советниците за новороденчиња се исклучително вешти во грижата и негата на бебињата, уште од првите денови по раѓањето. Родителите кои за првпат го искусуваат родителството можат многу да научат и да се ослободат од природниот страв особено во првиот месец по раѓањето на бебето.


2. Да прифатите дека плачењето е во ред

Дадилките откриваат дека родителите стануваат очајни кога поголемиот дел од времето го слушаат нивното прво-родено бебе како плаче. Во тие моменти дадилките ги потсетуваат семејствата дека тоа е нормално однесување бидејќи плачењето претставува еден вид на комуникација на бебињата. Советниците пак ги советуваат мајките да им веруваат на своите чувства и интуиција кога учат што значат различните видови на плачење, за точно да откријат што им треба на нивните доенчиња во секое време.



Насмеано бебе го покажува јазикот и на себе носи плетена шарена капа
Уживајте во секој поминат момент со вашето бебенце!

3. Да не ги купите сите производи за бебиња.


Кога првпат се станува родител, секој има тенденција да побрза што поскоро да ги купи сите возможни производи и реквизити за бебиња. Советниците им препорачуваат на родителите да се опуштат и да се држат само до основните работи. Поголемиот број на рекламирани производи се скапи и непрактични, а бебето ќе ги користи краток период бидејќи брзо расте и се развива.


4. Не се откажувајте после првите одбивања на бебето


Кога доаѓа време бебето да консумира цврста храна, родителите треба да тестираат различни вкусови и текстури и тогаш вообичаено се соочуваат со предизвици на одбивање одреден зеленчук или овошје. Меѓутоа, дадилките се сигурни дека иако децата на почетокот знаат да одбиваат еден или повеќе видови продукти, тоа не значи дека нема да им се допаѓаат подоцна во животот. Затоа советниците ги охрабруваат родителите да не се откажуваат и да бидат трпеливи.


5. Уметност за воспоставување рутина


Воспоставувањето рутина на бебето е една од првите цели на родителите, а понекогаш тешко се одвива во пракса. И дадилките и советниците препорачуваат уште од првите месеци да се воспостави основна рутина кај бебето: време за спиење, време за бањање, време за доење и хранење. Рутините не се монотони за бебињата, напротив тие обезбедуваат стабилност и одлична основа за нивно одгледување и растење.


Доколку Ви требаат повеќе совети и насоки за поддршка во Вашето родителство, разговарајте со Вашата дадилка или консултирајте Советник за новороденче кој може да го пронајдете преку платформата Babysittingmk! И секако, дури и во ваквите предизвикувачки моменти, не заборавајте да уживате во новите искуства со Вашето најмило.



33 views0 comments