Како да му кажете „НЕ“ на вашето дете?

Updated: Apr 15

Некои деца имаат многу големи барања. Без разлика дали е тоа облека, обувки или играчки, тие секогаш сакаат повеќе и подобро од претходните, и не разбираат зошто тоа не можат секогаш да го добијат.

За родителите е фрустрирачки и тешко кога нивното дете реагира лошо, прави сцени затоа што добило: „не“, „не може тоа“, „не сега“ како одговор на неговото барање. Родителите често се прашуваат „Јас не бев ваков како дете. Што се случува сега?“.

Денес во свет на крупни промени, кога се околу нас е во постојано движење, се чини дека е се потешко да најдеме време за нашите деца. Децата ја бараат нашата љубов и внимание и после нашиот премногу стресен ден на работа. Затоа полесно е да им се даде на децата тоа што бараат, отколку да се влегува во „борба“ со нив и да им се објасни што и зошто не е во ред. Од друга страна, секој родител сака неговото дете да го има тоа што тој некогаш го немал, и смета дека е добро ако тоа може да му го овозможи. Со текот на растот забележуваме дека e се потешко да се задоволат желбите на детето, се повеќе ни се спротивставува, не го почитува нашиот збор и излегува на отворен фронт со својот родител, како сериозно спротивставена страна. Секогаш постои начин да се промени оваа шема на однесување. Како родител мора да се направи пауза и да му се каже „НЕ“ на детето. На почеток е тешко и напорно, но по некое време станува се полесно, а промената на подобро се зголемува како во однесувањето на детето така и во заедничкиот однос со родителот.


Бидете јасни во очекувањата

Дајте му објаснување на детето дека работите мора да се сменат и дека понекогаш треба да очекува поразлични одговори од мама и тато. Со самата изјава за промена на однесувањето значи дека и вие треба да направите промени како родител. Кажете му на детето дека од сега почесто ќе го слуша зборот “не“ како одговор. Некогаш овие промени се случуваат и поради промени на семејната ситуација - развод, изгубена работа, промена на финансиската состојба. Или едноставно како родител сфаќате дека ја губите контролата и затоа не треба да им давате на децата сѐ што ќе посакаат. Бидете јасни. На пример: „Не ми се допадна твојата реакција кога ти кажав дека нема да ја купиме таа играчка“. Потоа заминете и на започнувајте кавга. На почеток работите ќе изгледаат полоши од што биле. На детето од прво нема да му се допадне границата што ја поставувате, но доколку останете цврсти, ќе сфатат дека мора да се договорат со вас.


Не влегувајте во караница

Најважната работа е да не навлегувате во драма и емоционалност на однесувањето на детето кога ќе слушне „не“. Зависно од возраста може да кажете: „Ако викаш на мене, се караш или ме навредуваш и знај дела ќе има последици за таквото твое однесување“. Крајната граница е ова, ако детето лошо се однесува затоа што е одбиено неговото барање, без разлика дали неговото однесување е благо, умерено или тешко ,вие како родител треба да го признаете и согледате проблемот и да го промените начинот на кој вие треба да одговорите. На детето треба да му стане јасно дека со таквото однесување нема да ве уцени да го направите што тоа сака.


Деца играат во забавен парк

Подгответе го вашето дете кога ситуацијата ќе се појави повторно

Дозволете вашето дете да знае дека со заканувачко однесување нема да го добие тоа што сака. На пример: „Минатиот викенд кога бевме во парк и побара сладолед јас ти кажав не може. Твојата реакција беше многу бурна и покрај тоа пак не доби сладолед. Што ќе направиш ако не ти дозволам и овој пат? Дали пак ќе реагираш така или ќе научиш да се контролираш и двајцата да имаме убава прошетка?“. Родителството не е популарен натпревар Вашето дете не е ваш другар и родителството не е натпревар. Секогаш ќе има разочарување и лутина кога детето нема да го добие тоа што сака, но неговото бурно реагирање не треба да го одредува вашиот одговор. Мора да реагирате брзо на таквото однесување. Не дозволувајте да паднете во стапица на неговото викање и плачење, со тоа што ќе се повлечете се со цел да смислите добар одговор. Не дебатирајте со вашето дете. Потребно е да останете цврсти, да кажете не и да не навлегувате во дискусија за тоа.


Вежбајте да кажете „НЕ“

На почеток ќе би биде чудно и тешко да кажете „не“, или да не му дадете на детето „нешто што тоа сака“. Колку повеќе се навикнувате на тоа, толку појасно ја согледувате ситуацијата. Тоа ќе ви помогне да ја зголемите сопствената самодоверба, ќе се зголеми вашиот родителски авторитет и ќе забележите како станувате подобар и посовесен родител.


Научете го вашето дете да го заработи тоа што го сака

Со постарите деца можете да разговарате за тоа како да го заработат тоа што го сакаат. Тие можат да чуваат миленици, да го исчистат тревникот, да работат скратено работно време итн. Но помалите деца мора да ги научите да прават ситни работи во домаќинството за да ги добијат работите што ги сакаат. Кога детето е способно само да ги заработи нештата кои ги сака, тоа му дава доза на реалност и ја зголемува неговата самодоверба и задоволството од самото себе. Дел од улогата како родител е да се научи детето како да работи за да го добие тоа што сака. На овој начин ги учиме нашите деца на одговорност, самоорганизираност и подготвеност за вистинскиот живот.


Драги родители најдете време да му ја претставите на вашето дете „поголемата слика“ во иднина, замислете кои квалитети би сакале да ги поседува, кои вредности би требало да ги споделува како другар или партнер, дали ќе порасне во независна и одговорна личност!? Тоа секогаш ќе остане ваше дете и ваша најголема љубов, но во иднина ќе треба да се грижи само за себе, а наремената подготовка добро ќе му дојде.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.