Законска регулатива за дадилки во РМ споредбено со праксата во ЕУ

Република Македонија

Во 2013 година, во РМ, со Законот за заштита на деца за првпат е препознаена професијата дадилка – негувателка како постоечка. Во 2016 година занимањето негувателка на деца се препознава и во национална класификација на занимања. На овој начин со Законот се создадоа основи на професионализација на дејноста згрижување и нега на деца. Секоја личност која што сака да се занимава со оваа дејност најпрво треба да се стекне со лиценца за негувателка. Министерството за труд и социјална политика ја издава оваа лиценца врз основа на полагање на стручен испит кој се состои од два дела. По добивање на лиценца за негувателка, лицето може да работи како дадилка во домот на семејство, како негувателка во градинка или да се самовработи како физичко лице и да чува деца во сопствен дом. Клучна работа која недостасува во стекнувањето со лиценца е поминување на обука за работа со деца. Со оглед на тоа дека нема средно стручно образование за негувателка, доаѓаме до фактот дека лиценца може да поседува лице кое нема никакво релевантно искуство во работа со деца претходно. Теоретското знаење не е од голема помош доколку немаме пракса со деца во секојдневни ситуации. Дополнително на тоа, негувателките немаат ниту услов да се стекнат со вештини за прва педијатриска помош пред да добијат лиценца за вршење на професионална дејност. Негувателка која не знае да пружи прва помош наликува на доктор кој влегува во операциона сала без заштитни ракавици.


Обединето Кралство

За да се работи како дадилка во Обединетото Кралство, кандидатите задолжително треба да ги исполнуваат следните услови: да имаат посетувано обука за работа со деца, со цел да стекнат пракса и да можат соодветно да ја вршат дејноста; да имаат посетувано обука за прва педијатриска помош; да направат регистрација на дадилка во државниот регистар; да немаат кривично досие; да немаат одземено родителско право; да бидат полнолетни. Како пример ќе ја наведеме познатата “Royal nannies agency“, каде за да може да работите како Royal дадилка, треба да имате најмалку 5 години работно искуство со деца, односно 3 години практична работа со деца и дополнителни квалификации.


Што е потребно за да станете дадилка?

Франција

Франција ја има репутацијата дека го нуди еден од најдобрите системи за грижа и нега на деца. Слично како во Обединетото Кралство, во Франција има различни модели на згрижување на деца кои им стојат на располагање на семејствата. Што се однесува до тоа, кој може да ја врши оваа дејност, таму дадилката мора да има успешно поминато основно ниво на државно признаена обука, да биде регистрирана во системот за личности кои се занимаваат со грижа и нега на деца, да направи детална медицинска проверка, а откако ќе започне да работи со деца, да посетува континуирана едукација во дејноста.


Заедничко за овие две земји е тоа што млади лица од други држави, можат да работат како дадилки, се разбира со исполнување на истите веќе наведени услови. Тоа им дава можност на младите да патуваат, да стекнат животно искуство, да работат во професијата која е нивен сон, да научат нови практики и модели на работа и истите да ги инкорпорираат во матичното општество и околина. Ние повторно сме исклучок од оваа пракса, и кај нас дејноста можат да ја вршат само лица кои се државјани на РМ, што ограничува и не дава можност за размена на искуства со млади личности од странство.


Како што можеме да заклучиме од примерите погоре, без обука не е возможна работа како негувател(дадилка) во земјите на ЕУ, а во нашата држава тоа е пракса пет години по ред. Имаме огромен број на некомпетентни личности кои залутале во професијата, а сепак имаат дозвола за работа и секојдевно („некако“) ја вршат оваа исклучително чувствителна дејност. Доколку сакаме да се доближуваме кон европските вредности и ЕУ, несомнено е дека треба да сме отворени за промена на решенијата кои се предвидени со Законот за заштита на деца.

Младината е иднина на секое општество и затоа треба правилно да ја издигнеме, а тоа значи да ја негуваме, воспитуваме и едуцираме на највисоко можно ниво.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.