Детско занемарување

Моќта да изградиме семејство и да имаме наши поколенија кои ќе бидат столб на иднината се наоѓа во наши раце. Нашата одговорност започнува во истиот момент кога сознаваме дека на свет доаѓа нов живот. Задоволување на основните потреби на детето е обврска и одговорност на родителот или старателот кој се грижи за детето. За жал денес во процесот на родителство се проткаени и моменти на негрижа или занемарување. Последиците од овој процес без право на избор ги чувствуваат децата. Додека физичкото насилство има видливи последици, детското занемарување е содржано низ секојдневната негрижа и емоционалното повредување. Дефинирање на детското занемарување е исто толку тешко колку и неговото препознавање.

Постојаното неисполнување на основните физички и / или психолошки потреби на детето што може да резултира со сериозно нарушување на здравјето и развојот на детето претставува процес на занемарување.

Занемарувањето ги опфаќа следниве поведенија:

  • Занемарувањето може да се појави за време на бременоста како резултат на негрижа на мајката при користење на опојни супстанции;

  • Физичко занемарување, oткако ќе се роди детето запоставеноста продолжува преку необезбедена соодветна храна, облека и засолниште, вклучувајќи бркање од дома или напуштање;

  • Обезбедување соодветен надзор, вклучувајќи и присуство на несоодветни даватели на услуги за згрижување;

  • Едукативно / развојно занемарување кое се одразува на интелектуалниот развој на детето предизвикано од непосетување на училиште;

  • Обезбедување на соодветна медицинска нега и третман;

  • Заштита на детето од физичка или емоционална опасност.


Дете седи на тротоар и гушка плишана играчка

Злоупотребата и занемарување на децата се јавува во сите видови семејства и во секое општество. Сепак истражувањата укажуваат на одредени семејни ситуации кои во себе носат поголем ризик за детско занемарување.


Во случај на семејно насилство меѓу партнерите. Иако родителот ќе даде се од себе за да ги заштити децата од оваа негативна појава, психолошките ефекти врз децата оставаат трајни последици. Во еден дом каде се случува насилство ниту еден член на тоа семејство не може да биде целосно заштитен. Во помала или поголема мера последиците ги чувствуваат сите.


Злоупотреба на дрога и алкохол. Родителите кои се под дејство на алкохол не можат да се грижат за своите деца, не можат правилно да расудуваат и да одберат соодветен начин за донесување на одлуки поврзани со децата. Ваквите родители често пати не можат да ги контролираат своите импулсивни постапки. Злоупотребата на супстанции може да доведе и до физичко насилство врз децата.


Нетретирана ментална состојба. Родителите или старателите кои страдаат од депресија, анксиозно растројство, биполарно нарушување или друг тип на нарушена ментална состојба можат да имаат проблем да се грижат за самите себе, а уште помалку за нивните деца. Третманот за родителите во ваква состојба значи и можност за подобра грижа за детето.


Недостаток на вештини за родители. Некои родители никогаш не ги научиле вештините потребни за добро родителство. Млади луѓе (тинејџери) кои станале родители може да имаат нереални очекувања за тоа колкава грижа им е потребна на бебињата. Родители кои биле жртви на насилство не познаваат друг начин на воспитување на деца освен начинот на кој биле одгледани. Часовите за родителство и групите за поддршка на родители се одлични ресурси за учење вештини за родителство.


Стрес и недостаток на поддршка. Родителството може да биде голем предизвик за родителите кои сами ги одгледуваат своите деца без присуство и поддршка од поблиската фамилија или пријателите. Соочувањето со проблеми во партнерските односи или финансиската состојба се уште еден предизвик кој треба да се надмине.


Препознавање, прифаќање и рана интервенција за спречување на занемарувањето на детето претставува клуч за градење на негова здрава и стабилна иднина. Ние возрасните сме одговорни за задоволување на примарните и секундарните потреби кои нашето дете ги очекува и заслужува да ги има во својот живот. Од нас зависи иднината на нашето дете, затоа да се обидеме да создадеме услови таа да биде пристојна и вредна за живот.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.