Дали спаѓате во групата на професионални дадилки?

Професионализмот е дефиниран како вештина, квалитет и компетентност за извршување одредена работа. Работа како дадилка е професија. Денес сѐ уште постои огромен јаз помеѓу вреднувањето на професијата дадилка и одговорноста да се работи истата.

Личноста која се грижи за деца одреден период бидејќи нема што друго да работи и чија главна цел е периодична заработка НЕ се вбројува во групата на професионални дадилки.

Додека личноста која ја избрала професијата дадилка за своја животна работа и кариера, сака да работи само со деца и во тоа единствено се пронаоѓа несомнено е дел од групата на професионални дадилки. Постојат четири основни чекори кои можат ви помогнат полесно да се вклучите во оваа група.


Чекор 1: Стекнете искуство во чување деца

Поголемо работно искуство е еднакво на поголема професионалност. Стекнете што е можно повеќе работни часови со деца. Тоа може да биде преку дневна или вечерна грижа за деца; поддучување на деца во некој центар; работа во училиште; лично искуство како родител или пак како член на повеќедетно семејство. Овие активности ќе ја зголемат вашата компетентност во однос на чување, грижа и нега на деца. Додека градите искуство потребно е да собирате и препораки од семјствата во кои сте работеле, центрите или училиштата. Точни, ажурирани и потврдени препораки ќе стават печат на вашата професионалност. Не исклучувајте ја можноста за волонтерска работа со деца која ќе го надгради вашето искуство, а истовремено и ќе ја зголеми позитивната дисциплина за работа со деца.


Четири дадилки ги креваат рачињата на децата за кои се грижат

Чекор 2: Учествувајте во обуки кои се поврзани со детскиот развој и безбедност Обуките кои се спроведуваат од специјализирани институции ви нудат непроценливо знаење и стекнување на практични вештини. Сертификат за прва помош е важна потврда за вашата профсионалност. Голем дел од семјствата го бараат токму овој сертификат за да се уверат во безбедноста на нивните деца. Често може да биде и пресуден услов при донесување на одлука за ангажирање дадилка. Сертификат за грижа и нега на новороденче – Грижата и нега на новороденче како посебен период доаѓа со свои предизвици. Новороденчињата бараат специјализирано знаење кое треба да го поседувате и тоа успешно да го спроведете. Сертификат од помината обука за дадилки - Посетете обука преку која ќе стекнете со познавања и вештини за развој на детето од период на раѓање до претшколска возраст. Теориските и практични знаења кои се општо прифатени и корисни за следење, помош и работа за време на развојот на децата сигурно, ќе влијаат за ваше професионално надоградувње. Сертификат за работа со деца со посебни потреби, возачка дозвола, добро познавање на странски јазици се вештини кои можат да ја зголемат вашата професионалност се добредојдени во вашата биографија и во групата на професионални дадилки.

Чекор 3: Регистрирајте се како член во Агенција за нега и чување на деца

Лиценците кои ги издаваат институциите би требало да се призната потврда за вашата работа и професионалност. Соодветно на тоа, следен чекор кој треба да го направите е регистрација во сертифицирана Агенција за нега и чување на деца, каде ќе имате посредување во пронаоѓање на ангажман. Првата Агенција за нега и чување на деца во РМ е Бејбиситинг Сервис. Агенцијата треба да гарантира за вас и вашиот професионален ангажман. Членувањето во асоцијации и здруженија ќе Ви помогне за Ваша промоција и работа во средината.


Чекор 4: Карактерни особини и квалитети

Професионалната дадилка и покрај сите сертификати со кои се очекува да се стекне, пред сѐ треба да биде правилно изградена личност која сака да учи нови работи и да напредува. Работата на себе е способност која ја поседува секој од нас, но не секој има желба за се развива во позитивна насока. Професионална дадилка знае дека нејзината професија вклучува новини кои бараат надоградување и стекнување нови вештини и знаења. Во една неодамнешна анкета на сервисот Care.com, дури 55% од родителите како прва најважна особина ја издвоиле трпеливоста. Професионалната дадилка треба да постави баланс помеѓу тоа да биде дел од животот на детето (да игра со него) и да даде структура на неговиот живот (да го воспитува и учи). Целиот процес треба да биде спроведен со трпеливост, добра комуникација меѓу дадилката и семејството, взаемна доверба и соработка.

©2014 powered by First Five

BabySitting Service 

+389 71 373 504          +389 2 3126 135