Дадилка или Куќна помошничка

Updated: Apr 15

Што значи да имате дадилка и дали тоа е исто како да сте ангажирале и куќна помошничка? Често се прават комбинации и мешање во однос на ова прашање, иако станува збор за две сосема различни професии.


Која личност сакате да ја ангажирате во вашиот дом?

Дадилка (негувателка или воспитувачка) е личност која се грижи и негува едно или повеќе деца во својот дом и/или во домот на семејството. Обврските на дадилката се сите обврски поврзани со детето што вклучува: пресоблекување и одржување на лична хигиена на детето, подготовка на оброци за детето и хранење на детето, собирање на садови по јадењето, учење на културно однесување и социјализација, играње и едукација според барањата на родителот (читање, пеење и слично), грижа за играчки и други материјали коишто се користат во игра и едукација на детето (собирање, одржување, повремено миење/дезинфекција на играчки), заспивање на детето, изнесување на прошетка според барањата и договорот со родителот, грижа за детска соба и известување на родителот за активности со детето во текот на денот, придружба на детето на дополнителни активности, помош околу домашни задачи на детето и други активности со детето согласно на возраста, развој и барањата од родителите.

Куќната помошничка или повеќе познато како домаќинка е личност која се грижи за одржување и водење/управување на домот на семејство. Обврските на куќна помошничка се сите обврски поврзани со домот што вклучува: планирање на неделно одржување на домот, набавка на продукти и намирници, готвење на ручек, одржување на кујна и трпезарија, хигиенско одржување на домот, одржување на алишта – пуштање машина за перење, сушење и пеглање, планирање и организирање на генерални чистења во домот на семејство и други обврски поврзани со домот според барањата на семејство.

Може ли да се изведе грижа и нега на детето и одржување на домот. Повеќето размислуваат дека тоа е можно и нормално. Мајките секојдневно го прават тоа. Но, дадилката не е мајка, таа не е во својот дом туку на работно место а нејзината работа е грижа, нега и воспитување на детето. Да повлечеме една паралела - Службеник во банка на шалтер работи со странки административни и оперативни работи. Во еден момент излегува од канцеларија шеф на смена и му наредува да оди да исчисти тоалет. Неприфатливо. Многу споредби и паралели на ова тема можат да се изведат но останува најбитно да интегритет на професијата и на личноста која ја врши задолжително треба да се почитува онака како што сите ние сакаме и сме почитувани на на своите работни места. И пак се враќаме на прашањето дали може една личност да е дадилка и куќна помошничка во исто време. Може, но или куќата ќе биде не одржувана или детето ќе биде запоставено. Комбинацијата на двете сосема различни професии води кон непрофесионалност и непосветеноста и кон под просечни резултати во двете активности. Родителите се тие кои одлучуваат дали одржување на домот е поголем приоритет од грижата и негата на нивното дете. Живееме во свет каде што има посебни сервиси како што се услужно перење и пеглање, хемиско чистење, чистење и одржување на домот и сервиси за испорака на храна и многу други готова готвена храна која ќе ви ги заврши Вашите обврски, доколку немате доволно време.


Изборот секогаш постои и изборот е само Ваш.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.