Дадилка или „Жена за чување деца“

Updated: Apr 15

Исклучително тешка одлука е кога семејството решава да ја препушти грижата за своето дете на друга личност. Која е таа личност? Дали ќе му биде добро на моето дете со неа? Како ќе знае семејството дека направило добар избор? Ова се само дел од дилемите на семејствата кои размислуваат да ангажираат дадилка. Пред да се донесе конечната одлука дали ќе се ангажира професионална дадилка преку Агенција или ќе се најде „Жена за чување деца“ преку познаници или соседи, потребно е да се знаат разликите меѓу овие два профили.

Професионалната дадилка и „Жената за чување деца“ имаат иста задача: да се грижат за детето кое им е доверено. Меѓутоа има големи разлики во нивните профили: процес на ангажирање, образование, грижа и воспитување, обврски во домот, времетраење на ангажманот и висина на плата.

Процес на ангажирање

Доколку сакате да ангажирате професионална дадилка се обраќате во Агенција за Дадилки. Агенцијата е посредник помеѓу семејство и дадилка. После вашите изнесени барања, агенцијата ви нуди соодветни профили. Иако ова е поскап процес, агенцијата ви ги пружи следните поволности: повеќе профили на дадилка, гарантира за нивните биографии и точност, ги пренесува или доставува на увид проверените работни искуства на дадилката од други семејства, составува договор за регулирање на работниот однос помеѓу семејството и дадилката согласно законските регулативи, вклучува замена на дадилка во случај на оправдано отсуство на постоечката дадилка или нејзино заминување, континуирано ја следи работата на дадилката и редовно го контактира семејството во однос на нејзината работа и давање забелешки.

При ангажирање на „Жена за чување деца“ изборот на профили е голем, но во 99% од случаите и несоодветен. Препораката дадена за таа личност од соседи или познаници често не е доволна, ниту сигурна за да се довери детето во туѓи раце. Постои само уснен договор меѓу вас и дадилката кој не подлегнува на законски регулативи. Не постои никаква гаранција за успешен процес . Може да се случи дадилката да ви даде отказ од денес за утре и да Ве остави без заменско решение во однос на грижа и нега на вашето најмило.


Образование

Професионална дадилка значи личност која има соодветно образование за воспитување и нега на деца. Таа поседува лиценца за работа во оваа дејност и соодветно работно искуство. Има стекнато вештини за прва помош, зборува најмалку еден странски јазик и континуирано се дообразува во однос на воспитно-образовни програми за деца. Сето тоа ја рангира на повисоко место и ниво на пазарот на труд. Професионалната дадилка полесно ќе се адаптира во вашето семејство и посоодветно ќе одговори на вашите барања.

„Жена за чување деца“ која сте ја ангажирале преку препорака од познаници најчесто ја презема улогата на баба или домаќинка во семејството. Таа ќе биде присутна во домот за детето да не биде само и доброволно ќе се вклучи во завршување на секојдневни домаќински работи. Таа ќе се понуди да подготви ручек за цело семејство, да уклучи машина за алишта и да го среди домот. За тоа време, вашето дете ќе гледа цртани филмови, ќе гризе нечисти играчки и ќе се забавува само со себе. Ваквата личност во повеќето случаи не поседува образование и соодветна едукација кои се клучен елемент во процесот на воспитување, грижа, нега во однос на правилен раст и развој на детето.


Млад брачен пар со бебе

Обврски во домот

Работата на професионалната дадилка е целосно фокусирана кон вашето дете. Воспитно–образовниот процес е примарната и најважна цел на професионалната дадилка. Подготвување на оброци за вашето дете и хранење, одржување на негова лична хигиена и пресоблекување, средување и редовна дезинфекција на играчки, применување соодветни едукативни активности согласно возраста, изнесување на прошетка, навремено заспивање на детето, редовно известување на родителите за поминатиот ден и промени кај детето се стандардни активности кои професионалната дадилка ќе ги направи за вашето дете.

„Жената за чување деца“ која ја ангажирате „на црно“ преку познаници, најчесто ја презема улогата на домаќинка во домот. Тоа значи дека таа повеќе се грижи за хигиената во домот, отколку за детето, едукацијата и воспитувањето.


Времетраење на ангажманот

Професионалната дадилка и семејството склучуваат законски договор за времетраење на ангажманот. Двете страни се соодветно обврзани и заштитени, за да нема простор за извисување од една или друга страна. Со оглед на околностите, доколку дадилката не може да го изврши ангажманот во целост, детето не се адаптира на неа или не сте задоволни од нејзината работа агенцијата ќе ви понуди соодветна замена. Тоа значи дека вие и вашето дете немате неизвесна иднина дали денес или утре ќе имате дадилка.

„Жената за чување деца“ која е ангажирана со уснен договор не чувствува обврска да дојде на работа доколку вие, вашето дете или одредени околности во текот на работењето не и се допаднат.


Висина на плата

Услугите кои Агенцијата Ви ги пружи преку пронаоѓање на соодветна дадилка за вашето дете секако дека дополнително се наплаќаат. Вообичаено платите на дадиките се повисоки во споредба со „Жената за чување деца“ и зависат од искуството и квалификациите. Познавањето на разликите меѓу професионална дадилка и „Жена за чување деца“ ќе Ви помогнат да одлучите кое решение е најдобро за грижа и нега на Вашето дете.a

©2014 powered by First Five

BabySitting Service 

+389 71 373 504          +389 2 3126 135