Видео надзор на дадилките

Updated: Apr 20

Уреди за надгледување стануваат вообичаени на работно место. Доколку сте родител и сакате Вашето дете да го чува дадилка во домашни услови, можно е да размислувате за камери за надгледување. Постојат неколку прашања коишто треба да ги одговорите пред да ја донесете одлуката за инсталирање на камерите за надгледување на дадилка.


Законска рамка за видео надзор

Согласно на Закон за заштита на лични податоци вработениот – во случајот дадилката, треба да биде информирана доколку е под видео надзор. Вработените не треба да се под постојан видео надзор. Работодавецот – во случајот родителите, треба да ја почитуваат приватноста на дадилката додека е на работното место, односно работодавецот мора да го почитува начелото на пропорционалност во однос на целта заради која се поставува видео надзорот.

Снимките согласно Законот за заштита на личните податоци се чуваат најмногу 30 дена (освен ако со друг законот не е предвиден подолг рок), а по истекот на овој рок истите мора да се избришат. Доколку е сторена штета и истата може да се утврди на снимките, тој дел од снимениот материјал може да се чува до завршување на постапката. Доколку на снимениот материјал ништо особено не се случува истите треба да се избришат. По исклучок, снимките направени од видео надзорот може да се дадат на користење на Министерството за внатрешни работи единствено со судски налог.

Забрането е вршење на видео надзор во гардероби, соблекувални, санитарни чворови, лифтови и други слични простории.

Доколку дадилката не се спротивставува на снимањето за време на работното време, препорачуваме во договорот за работа да се назначи дека работата – грижа и нега на детето ќе се извршува под видео надзор.


Се` повеќе родители се одлучуваат да постават видео надзор за дадилката

Квалитетот и врста на камерата

HD. HD (high definition) или висока дефиниција е видео формат со висока стапка на пиксели која ви дава повеќе детали и поголема јасност на снимката. Но, во исто време, овие уреди вообичаено имаат помала меморија и повисока цена, секако со можност за дополнително купување на меморија ( што пак повлекува дополнителни трошоци). Во најголем број на случаеви резолуцијата 720p и 1080p е доволна.

Аудио. Камери со аудио запис Ви овозможуваат да разговарате со дадилката и Вашето дете/деца. Што се однесува до прашањата на законот, внимавајте да ги почитувате законите за аудио снимање.

Безжичен. Безжичните безбедносни камери за мониторинг Ви овозможуваат да ги гледате видео-каналите во живо додека другите камери снимаат видео кое можете да го погледнете подоцна.

iPhone / iPad / Андроид компатибилен. Со далечински мониторинг, можете да проверите што се случува во Вашиот дом и од вашите мобилни уреди кога сте на работа или на пат.

Активација на движење. Не можете секогаш да го гледате Вашиот компјутер или паметен телефон за да ги пратите сите работи што ги прави дадилка. Активирањето на движењето е одлична функција која може да Ви ја испрати пораката од уредот кога се случува движење пред него.

Снимање. Повеќето камери овозможуваат видео снимање на SD картичка, но недостатокот е дека SD картичката може брзо да се пополни. За 24/7 сигурно и безбедно снимање, користете камера со NVR (network video recorder) технологија.

Агол на гледање. Зависно од тоа колку е голема просторијата што ја снимате, можете да одберете широк агол, со цел да ги видите сите делови од просторијата. Затоа, пред да ја купите, проверете дали камерата има функции коишто овозможуваат ваков тип на снимање.

Извор на енергија. Постојат главно два вида кога станува збор за снабдување со електрична енергија на камера: камери со батерија и камери со струјно напојување. Камери со батерии користат батерии за полнење, додека уредите со погон на наизменична струја ја црпат својата моќ директно од излезот. Подобар избор за постојано следење и снимање се камери со постојано струјно напојување.


Можам ли да ги користам снимките како доказ за злоупотреба или запоставување на дете?

Доколку дадилката е известена дека во домот на семејство е инсталирана камера за надзор снимките можете да ги искористите во евентуална судска постапка.

Дел од родителите се одлучуваат да ја инсталираат камерата за надзор, откако ќе се посомневаат во однесувањето на дадилката кон детето. Во таков случај загрижени родители многу често се одлучуваат да ја стават скриена камера за надзор и да НЕ ја известат дадилката за постапката. Снимките направени на овој начин не се во согласност со законските прописи. Неовластено снимање на било која личност повлекува казнени одредби согласно на Законот за заштита на личните податоци.


Снимените видео материјали без добиена согласност од дадилката можат да не ги потврдат Вашите сомнежи, но секако можат да го нарушат Вашиот однос со дадилката, особено доколку дадилката дознае за неовластено снимање. Доколку немате доверба во Вашата дадилка можете да размислите и за прекинување на работен ангажман како потенцијално решение. Сомнежот понекогаш е посериозен и поопасен од вистината. Улогата на дадилка во Вашето семејство е грижа и нега на детето, но исто така присуство на дадилката треба да ја овозможи безбедна, мирна и здрава средина за Вашето дете.

Доколку покрај сите работни и други обврски сте оптоварени со сомнежот како дадилката се однесува со Вашето дете, се губи целосна смисла на ангажирањето на дадилката.

Одлуката за инсталирање на камери во Вашиот дом, ќе ја донесете Вие согласно на Вашиот начин на живот и перцепција на нештата. Без оглед на тоа каква одлука ќе ја донесете, бидете искрени со себе си и со лицата кои работат во Вашиот дом. Камерата можете да ја поставите и со цел вршење на надзор на други лица вработени во Вашиот дом како што се негувателки на повозрасни членови од семејство, pet sitters ( лица кои вршат згрижување на Вашиот миленик) или куќни помошнички.

Доколку не сакате да имате каква било сомнеж и несигурноста, изберете квалитетна камера за видео надзор, безбеден систем за одржување и почитувајте ги прописи кои се однесуваат на заштита на лични податоци.

0 views
  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.