Вашата бременост и претпазливоста од домашниот миленик

Updated: Apr 15

Ретко кој човек може да одолее на слатките четириножни животинчиња – меѓу народот познати како кучиња. Тие што се големи љубители на овие животни често одлучуваат да вдомат барем едно кутре и со љубов да се грижат за него. Дури има двојки или брачни парови кои се согласиле да чуваат ваков миленик во својот дом и да ја делат својата среќа со него. Меѓутоа не секогаш двајцата партнери имаат исти симпатии за миленикот. Вообичаено, едниот од нив прави компромис за доброто на заедничкото живеење. Како и да е, сѐ се одвива добро додека не настапи еден значаен моментот во животот на партнерите. Тоа е моментот кога започнува планирање на бременост и желба за проширување на семејството. Тогаш работите почнуваат да се набљудуваат од друга перспектива – од страна на бебето, идниот член на семејството. Почнуваат да се појавуваат многу прашања, на пример: Дали кучето некако ќе влијае врз текот и развојот на бременоста? Како? Кои промени треба да се внесат во дотогашниот ред и однесување со миленикот? Што да се направи за сѐ да биде во најдобар ред и бебето да биде на сигурно додека е во стомакот на мајката? Без грижи. Сѐ ќе биде во ред и со бебето и со миленикот. Но, за да бидете сигурни во себе и пред сѐ смирени за време на овие блажени денови, добро е да обрнете внимание на некои работи и да преземете одредени мерки за заштита од вашето куче. Сепак, колку и да го сакате, тоа е животно. Поврзаност Како што поминуваат седмиците, постепено треба да одвојувате повеќе простор за себе. Кога ќе се роди бебето, во прво време вие ќе му бидете потребна 24/7 и нема да имате слободно време на располагање за игри со вашето куче. Поради тоа, ако сте особено блиски со миленикот, договорете се вашиот партнер или друг член од семејството да преземе обврска и да поминува повеќе време со него. На тој начин, вашето куче ќе развие врска и со друга личност и ќе му биде полесно прилагодувањето на промените кои ќе следат, а исто така и на вашето различно(кон него) однесување. Навики Во зависност од големината на вашето куче и неговите навики за време на игра треба да бидете претпазливи и да преземете мерки за негово дресирање. Доколку вашиот миленик е хиперактивен, сака да скока на вашиот стомак кога седите или лежите, уште за време на планирањето на вашата бременост треба да започнете со процес на дресирање. Новите правила можеби нема да бидат веднаш добредојдени кај него, но со упорност и работа постепено ги прифати. Со оглед дека треба да бидете внимателни за време на бременоста, особено во делот на стомакот, кучето треба што побрзо да се одвикне од ваквото однесување и да престане да го прави тоа. Почестото шетање во блискиот парк може да помогне во трошењето на неговата енергија и да резултира со поголема пасивност и смиреност по враќањето во домот. Послушност За време на бременоста, важно е да го обучите вашето куче да ве слуша. Дресирањето за послушност е критично доколку тоа не било направено кога вашиот миленик бил мал, односно подготвен за учење и за адаптирање на куќниот ред. Сепак, за време на бременоста ќе имате доволно време да работите на тоа, доколку претходно не сте биле доволно посветени на практикување дисциплински мерки. Верувајте дека нема да сакате непослушен миленик во вашиот дом, особено кога ќе имате новороденче кое ќе го негувате цел ден и ноќ.

Пар со домашен миленик во очекување на новиот член на семејството

Одржување хигиена За вашиот миленик да биде здрав, а вие заштитени од непотребни ризици треба да водите сметка за неговата секојдневна хигиена и одржување. Редовното чешлање на крзното претставува превенција од заплеткување. Доколку миленикот не е расчешлан како што треба, неговите влакна се заплеткуваат и тоа доведува до дополнителни проблеми при бањањето. Неговата кожа нема да може нормално да дише, вашето куче ќе се чеша и ќе трпи непријатност, а бактериите ќе се размножуваат во неговото крзно. Заштита од паразити Со доаѓањето на пролетта доаѓаат и проблемите со крлежите, кои претставуваат опасност за вас и вашиот миленик. Речиси е невозможно да ги избегнете бидејќи ги има насекаде по ливадите. Позагрозени се кучињата затоа што обожаваат да трчаат во висока трева и да се тркалаат по земјата. За да го заштитите вашиот миленик, а со тоа и себеси, треба да користите соодветни средства за заштита од паразити. Постојат ампули за кучиња кои се аплицираат на неговиот врат и истите имаат заштитно дејство против буви и крлежи кое трае еден месец. Потоа постапката се повторува. Како алтернатива на ова решение, се препорачуваат и специјални гумени алки кои штитат и до шест месеци, се поставуваат на вратот на миленикот и се вадат само при бањање. Редовна вакцинација Тоа значи дека освен основните, примарни вакцини кои ги примило кутрето додека било мало, треба да го вакцинирате еднаш во годината, во текот на целиот негов животен век. Доколку за време на вашата бременост кучето сѐ уште е мало, од особена важност е да завршите со сите неопходни вакцини пред да дојде на свет бебето. Тука спаѓа и една од најважните: вакцината против беснило. Во кратки црти, погоре ги опишавме клучните работи на кои треба да обрнете внимание за време на планирањето и во текот на бременоста. Кога се работи за бебе, сите околу вас се радуваат, тука спаѓа и еден од поважните, вашиот верен пријател – кучето. Со лесно во текот на бременоста :) Поздрав до следното читање.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.