Бонтон за деца

Updated: Dec 7, 2020

Манирите вклучуваат широк спектар на општествена комуникација под влијание на културни норми. Слично како митологијата, бонтонот и манирите можат да бидат согледани како докази за постоењетo и развивањето на различни историски настани. Тие претставуваат еден вид на закони, со кои се одредува стандардот на едно човечко однесување, само што не постои формален систем за казнување на одредени престапи. Всушност главната неформална „казна“ преставува неодобрување од општеството. Тие се еден вид на норма. Важноста на манирите е евидентна со фактот дека сепак постојат голем број на книги, колумни кои секојдневно се справуваат со теми како што е бон-тон, правилно однесување, а и самите училишта биле создадени за учење на манири.


20 eдноставни лекции за растење на добро воспитани деца:

1. Научете го детето да ги почитува другите околу него и да биде културно и љубезно.

2. Секој ден употребувајте ги следните 3 зборови и поттикнувајте го и тоа да ги употребува: МОЛАМ, БЛАГОДАРАМ, ИЗВИНИ.

3. Откако ќе може самостојно да седи на масата, покажете му точно како се употребува приборот за јадење.

4. Посочете му на детето како правилно се брише устата или носот (не со ракавот од блузичката).

5. Научете го дека се јаде, односно се џвака со затворена уста и дека не се зборува додека се јаде.

6. Лактите не смеат да бидат потпрени на масата.

7. Возрасните не треба да се прекинуваат додека зборуваат со други возрасни луѓе, треба да се почека да завршат со разговорот.

8. Никогаш не треба да се коментира нечиј надворешен изглед, освен доколку немате да кажете нешто убаво, односно да дадете комплимент.

9. Научете ги децата како да даваат комплименти. Не лажни, изнудени, туку искрени и спонтани комплименти.

10. Поттикнете ги да размислуваат за што се благодарни. За новата играчка или облека, за одењето на одмор, за дружбата со другарчињата… разговарајте секојдневно и отворајте им нови видици на размислување.


Моментот кога се учиме да јадеме брокула и тоа со прибор :)

11. Секогаш треба да им се помогне на другарчињата кои го заслужуваат тоа, особено оние кои се помали, немоќни и во неволја.

12. Научете ги децата како правилно да се претстават и секако, да ја запаметат адресата на живеење.

13. Обрнете им внимание на говорот не телото, бидејќи со буткање, штипење и агресија нема да стигнат предалеку.

14. Немојте на возрасните околу вас да им се обраќате по име пред вашите деца, освен ако личноста не го дозволила тоа. Во спротивно, другите возрасни се баби, дедовци, стрини, вујковци, тетки, итн.

15. Секогаш треба да се чукне на нечија туѓа врата пред да се влезе.

16. Една од лекциите треба да биде како пристојно се разговара по телефон, со вообичаените поздрави на почетокот и крајот од разговорот.

17. Научете го детето како да одржува контакт со очите и да гледа некого директно во очи додека разговара со нив.

18. Детето не смее непристојно да гледа во други луѓе или да ги покажува со прст.

19. Секогаш, задолжително треба да ја покрие устата додека кива или кашла.

20. И сосема на крајот – треба да го научите детето да го викне другарчето кое е само и е надвор од групата и да му подаде рака.


Секој родител има обврска да го научи своето дете на добро однесување. Поседување добри манири уште од детството прави голема разлика во растењето и во понатамошното однесување. Правилата на етика ќе им помогне на децата да станат повеќе љубезни и отворени кон надворешниот свет.

81 views0 comments
  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.

©© Copyright, Сите права на содржината на вебстрана се во сопственост на Асоцијација First Five. Преземање на содржината без дозвола на авторот е забранета.