

BabySitting Service
Политика на приватност и заштита на лични податоци
Политиката за приватност на Babysittingmk.com („Политика за приватност“) е дизајнирана да ги објасни информациите што ги собираме и начинот на кој ги користиме за да ги овозможиме нашите услуги, со цел во исто време нашите членови да бидат задоволни, но пред сè безбедни и сигурни. Политиката за приватност се однесува на сите корисници на www.babysittingmk.com и сите веб страни, мобилни апликации и веб страни за мобилни уреди управувани од Babysittingmk.com, вклучително и оние кои бараат лични професионални услуги, како и оние кои ги промовираат своите услуги и сите корисници на која било од различните услуги што Babysittingmk.com ги обезбедува преку платформата.
За целите на оваа Политика за приватност, поимите „Babysittingmk.com“, „ние“, „нас“ и „наше“ се однесуваат на Babysittingmk.com.
Со користење на веб страната и / или услугите, Вие се согласувате со собирање, складирање, употреба и откривање на Вашите информации, како што е опишано во оваа Политика за приватност.
Поими и термини
Babysittingmk.com – веб страна, во понатамошен текст „платформа“ која им овозможува на корисниците да ги најдат или понудат услугите.
Корисници на платформа се даватели на услуги и баратели на услуги. Баратели и даватели на услуги се регистрирани корисници.
Регистрирани корисници се лица кои самостојно се имаат регистрирано на платформата, со внесување на податоци за регистрација.
Давател на услуги е секое физичко или правно лице кое дава одредена лична услуга поврзана со грижа и нега на деца, грижа и нега на возрасни лица, одржување на домот, грижа и нега на миленици.
Барател на услуги е секое физичко или правно лице кое бара одредена лична услуга поврзана со грижа и нега на деца, грижа и нега на возрасни лица, одржување на домот, грижа и нега на миленици.
Посетители кои пристапуваат и ја разгледуваат платформата без да се регистрираат се посетители на платформата. За да користите некои од услугите што ги нуди Babysittingmk.com, потребно е да се регистрирате на Babysittingmk.com. Сите корисници кои се регистрираат на Babysittingmk.com се регистрирани корисници.
Информации кои ги прибираме и извори на информации
Како ги собираме и чуваме информациите зависи од услугите што ги користите и активностите во кои учествувате на платформата. Можете да користите некои страни и услуги на платформата без притоа да дадете какви било информации, освен оние што автоматски се собрани како што е опишано подолу.
Лични податоци се информациите кои Ве карактеризираат Вас, на пример Вашето име, Вашата адреса, било да е e-mail или поштенска, дејноста која ја работите и сите останати обележја согласно Законот за заштита на личните податоци, член 2, став 1, точки 1 и 10. Babysittingmk.com не прибира податоци од Вас, освен ако не е за конкретна намена, на пример за Ваша комуникација со други корисници на услуги или даватели на услуги.
Информации кои Вие ги доставувате
Без оглед на тоа дали сте посетител на платформата или регистриран корисник, сите информации што ни ги давате при регистрација, објавување оглас, објавување профил, комуникација преку платформата, дискутирање на опциите за користење на платформа по телефон, користење на нашите мобилни апликации или друг начин на комуникација со нас, ќе бидат прибрани од наша страна. Вие гарантирате дека имате право и овластување да ни ги дадете сите информации што ги давате за себе или за другите. Информациите што ги прибираме можете да ги доставите на неколку начини:
Регистрација на платформата
Кога се регистрирате директно преку платформата, информациите ги прибираме преку онлајн регистрациона форма. Овие информации помеѓу останатото вклучуваат име и презиме, е-маил адреса, пол, број за контакт.
Некои корисници имаат можност да се регистрираат преку поврзување преку интерфејсот за програмирање на апликации на Facebook (API). Погледнете подолу за да дознаете за информациите до кои пристапуваме, собираме и чуваме доколку се регистрирате преку Facebook.
Доколку се регистрирате за услуга што бара од Вас плаќање на членарина, Babysittingmk.com не ги собира информациите за плаќањето. Плаќањето на платформата се одвива преку Pay Pal со сите безбедносни и заштитни мерки обезбедени од Pay Pal.
Објавување на оглас
Доколку сте барател на услуга и сакате на платформата да го објавите Вашето барање, ние ги прибираме и дополнителните информации што ни ги давате на при објавување на барањето или податоците што инаку се вклучени во објавување на барањето автоматски. Ова може да вклучува, меѓу другите информации и:
- вид на грижата што ја барате, локацијата, часовите, бројот и возраста на децата, членовите на семејството или домашните миленици (доколку е применливо), наративниот опис на барањето;
- квалификациите на потенцијален давател на услуги;
- фотографиите што ќе изберете да ги дадете;
- здравствените информации доколку одлучите да ги дадете;
- како и сите други информации што ќе изберете да ги вклучите во објавувањето на Вашето барање.
Објавување на профил
Ако сте давател на услуга и сакате на платформата да го креирате и објавите Вашиот профил, ние ги прибираме и дополнителните информации што ни ги давате во Вашиот профил. Ова може да вклучува, меѓу другите информации и детали за услугите што ги нудите:
- видот на услугите што ги нудите, достапноста, Вашата локација, степенот на образование, јазиците што ги зборувате, возачката дозвола и искуството;
- фотографиите што ќе изберете да ги објавувате;
- Вашите телефонски броеви;
- референците и препораките, ако одлучите да ги објавите;
- сите други информации што ќе изберете да ги вклучите во Вашиот профил.
Ако давате или објавувате информации за некој друг освен себе, Вие се обврзувате и се смета дека имате овластување да го сторите тоа.
Информации кои ги доставуваат трети страни
Посетители на платформата, регистрирани корисници и други
Babysittingmk.com исто така ги прибира информациите што посетителите на страницата, регистрираните корисници и другите ги даваат едни за други. На пример, давателите на услуги можат да ги поканат посетителите на платформата, регистрираните корисници или други да ги оценат, односно да ја евалуираат нивната работа. Babysittingmk.com исто така може да добие и објавува аудио снимки на препораки на даватели на услуги, на кои може да се пристапи и од платформата. Покрај тоа, одредени регистрирани корисници можат да комуницираат директно едни со други преку платформата. Посетителите на страници, регистрираните корисници и други, исто така, можат да ни дадат информации за регистрирани корисници преку телефон, е-пошта или пошта.
Информации доставени до Facebook доколку се регистрирате на платформата преку Facebook
Доколку се поврзете на платформата преку Facebook, или кога ќе се регистрирате или откако ќе се регистрирате, ние ги собираме, чуваме и користиме во согласност со оваа Политика за приватност, сите информации што сте се согласиле дека Facebook може да ги обезбеди на Babysittingmk.com преку своите API или дозволувате Facebook да Ве регистрира за сметка на Babysittingmk.com. Информациите на платформата можат да вклучуваат дополнителни информации кои Вие сакате да ги објавите, во согласност со API на Facebook и поставките за приватност на Facebook:
- Вашето име;
- слика на профилот;
- е-маил адреса;
- пол;
- Вашата локација;
- имињата и сликите на Вашите пријатели на Facebook,
- Вашите интереси,
- други информации што ги ставате јавно достапни преку Facebook.
Други извори
Покрај тоа, ние можеме да добиеме информации за Вас и од други извори (на пример, партнери, истражувачи, маркетинг, итн.), како што се демографски податоци и други информации кои ќе ни овозможат да ги почитуваме регулаторните барања, да обезбедиме точност на податоците, подобро да ги разбереме Вашите интереси, да спречиме измами, итн. Ние можеме да ги комбинираме информациите што ги собираме од Вас со информациите добиени за Вас од други извори и да ги користиме во согласност со оваа Политика за приватност.
Информации за кои директно нè овластувате да ги користиме
Од време на време ние можеме да побараме дозвола да собереме одредени информации од или за Вас. На пример, ако ја користите мобилната апликација Babysittingmk.com. ние можеме да побараме дозвола за пристап до информации за контакти наведени во телефонскиот именик за мобилни уреди. Можеби исто така ќе побараме дозвола за пристап и складирање на Вашата локација (на пр., Вашата прецизна локација заснована на GPS на мобилните уреди што се користат за пристап до страницата и услугите). Доколку дадете дозвола, ќе пристапиме и / или ќе ги чуваме ваквите информации освен доколку последователно се откажете со прилагодување на поставките во Вашиот мобилен уред.
Автоматско прибирање на информации
Одредени информации за компјутерот или уредите (вклучително и мобилни уреди) што ги користите за да пристапите до платформата и услугите, можат да се прибираат и автоматски.
Log податоци, IP адреси и информации за Вашиот уред
Кога ја посетувате платформата, Babysittingmk.com ја прима адресата на интернет протокол ("IP") на Вашиот компјутер (или прокси-серверот што го користите за пристап до Интернет), оперативниот систем на Вашиот компјутер, видот на веб прелистувачот што го користите и јазик на прелистувачот. Ако користите мобилен уред, Babysittingmk.com може да добие и уникатни идентификатори на уредите и други информации за Вашиот мобилен или друг уред(и) и мобилен оперативен систем. Автоматски се прибираат и информации поврзани со начините на кои комуницирате со платформата и услугите, УРЛ адреси, бројот на кликови, домени, прегледана содржина (вклучително и прегледани реклами) и редоследот на ваквите прегледи, времето поминато на одредени страници, датумот и времето кога ги користите услуги и други слични информации.
Cookies
Cookies е мала датотека со податоци што се наоѓа на Вашиот компјутер, мобилен телефон или друг уред и ни овозможува да Ве препознаеме кога ќе се вратите на платформата користејќи го истиот компјутер (или мобилен уред) и веб прелистувач. Како и повеќето платформи, ние и нашите сервис провајдери користиме cookies и ги следиме пикселите за да ја следиме употреба на платформата, ја проценуваме ефективноста на нашите реклами, го прилагодуваме Вашето искуство на платформата и го подобруваме квалитетот на нашите услуги. Повеќето прелистувачи автоматски прифаќаат cookies, но можете да ги менувате поставките на прелистувачот за да ги одбијат cookies. Во некои случаи, сепак, тоа може да влијае на Вашата способност да ja користите платформата.
Аналитики и маркетинг
Кога ја посетувате нашата платформа или отворате нашата е-пошта, ние можеме да дозволиме овластени трети страни, како што се сервери за реклами, рекламни агенции, и истражувачки претпријатија, да постават или препознаат уникатни cookies, пиксели и / или слични технологии на прелистувачот со цел да Ви дадат релевантни реклами за Babysittingmk.com додека сурфате на Интернет. Овие реклами може да бидат насочени кон Вас, врз основа на информации што овие овластени трети страни ги знаат или заклучуваат за Вас и ги вклучуваат cookies поставени на Вашиот прелистувач и / или информации за Вашите активности за пребарување на Интернет собрани преку Вашиот прелистувач.
Ние исто така користиме Google Analytics за мерење на употребата на платформата и подобрување на нашето искуство со посетителите. Релевантните податоци ни се дадени од Google како збирни (индивидуалните корисници не се идентификуваат) и ни овозможуваат подобро да ја разбереме нашата публика. Карактеристиките на Google Analytics ни овозможуваат да ги оценуваме и генерираме извештаите за одредени демографски податоци на корисниците собрани од Google и да создаваме реклами и кампањи засновани на такви метрика.
Социјални медиуми
Нашата платформа вклучува функционалности и „Widgets” на социјалните мрежи, како што се копчето „Like“и копчето „Sharе“ на Facebook. Овие карактеристики може да ја соберат Вашата IP адреса, URL на страницата што ја посетувате на нашата платформа и може да постават cookies за да се овозможи правилно функционирање. Вашите интеракции со овие функционалности се регулираат со политика за приватност, на компанијата што ги обезбедува.
Користење на информации
Воглавно, информациите што ги собираме се користат за нашите деловни цели: (1) да ги подобриме нашите услуги и да го подобриме Вашето искуство со Babysittingmk.com, (2) за да ни овозможи да создадеме безбедна заедница за сите наши регистрирани корисници и (3) да ни помогне да комуницираме со Вас. На пример, можеме да ги користиме Вашите информации за:
- регистрирање и ажурирање на Вашиот кориснички профил;
- да ги вклучиме во Вашите профили;
- да Ве контактираме за добивање на повратни информации вас;
- да Ве известуваме за нови услуги или подобрени функционалности, посебни настани, услуги и специјални понуди или други информации за кои веруваме дека ќе Ве интересираат преку е-пошта, пораки или други медиуми или мрежи;
- да им овозможиме на Давателите на услуги и Барателите на услуги да пребаруваат на платформата;
- да ги поврземе Давателите на услуги и Барателите на услуги за кои се чини дека ги исполнуваат нивните потреби и преференции;
- да им овозможиме на регистрираните корисници да бараат, пронајдат, комуницираат, поврзуваат и споделуваат информации со други регистрирани корисници кои можат да имаат интерес да комуницираат со нив;
- да им овозможиме на регистрирани корисници кои се поврзуваат со Babysittingmk.com преку Facebook;
- да ги потврдиме информациите што ни ги давате, како и гаранциите што ги давате во согласност со Условите за користење;
- да изготвиме анализи и истражувања насочени кон подобрување на точноста, ефективноста, употребливоста или популарноста на услугите;
- да генерираме и прегледуваме извештаи и податоци за нашата корисничка база и моделите на употреба, вклучително и за подобрување на содржината и карактеристиките на услугите или развој на нови услуги;
- персонализирање на промотивни пораки или содржина на платформата, преку е-пошта или други реклами на Babysittingmk.com или на трети страни.
Податоците што ги собираме можеме да ги обработиме и претставиме во збирна форма без каква било идентификација на поединци. Таквите податоци можат да бидат обелоденети и не подлежат под ограничувања според оваа Политика за приватност.
Како ги споделуваме податоците и трети страни со кои можат да бидат споделени информациите
Покрај користење на информациите собрани од Babysittingmk.com за целите опишани погоре, ние исто така можеме да ги споделиме Вашите информации со различни трети страни, како што е опишано подолу. Ве молиме, внимателно разгледајте ја нашата политика за споделување. Користејќи ја нашата платформа или нашите услуги, Вие се согласувате да ни дозволите да ги споделиме информациите што ни ги давате на начини опишани подолу. Начин на кој можете да ги промените информациите што се споделуваат е опишан подолу во делот - Ваши избори и одлуки во врска со споделувањето на Вашите лични информации.
Со посетители на платформа и регистрирани корисници
Доколку Вие сте Барател или Давател на услуги, за да ги зголемите Вашите шанси да најдете работа или да ја пронајдете потребната услуга, ние ги споделуваме информациите што се вклучени во Вашиот профил или Вашиот оглас со посетители на платформата и со регистрирани корисници. Информациите кои можеме да ги вклучиме во објавувањето на оглас или профил ги вклучуваа Вашето име, презиме, град во кој живеете, држава, слика на профилот, пол и возраст. Пол и возраст не се задолжителни информации и истите можете да не ги прикажувате на Вашиот профил или оглас. Со одредени исклучоци, Вие одлучувате и избирате колку детали сакате да вклучите во објавувањето на Вашиот оглас или Вашиот профил.
Доколку сте Давател на услуги и сте избрале да верификувате одредени информации преку Babysittingmk.com или да имате извршена проверка на референци, ние исто така можеме да ги објавиме тие информации во Вашиот профил, како и податокот дали сте во моментот ангажирани или не, Вашите очекувања за плата и други услови. Овие податоци се објавуваат на Вашиот профил на Ваше барање и со Ваша согласност.
Доколку објавувате прашања, совети, одговори или други информации на форум на Babysittingmk.com, тие информации можат да бидат прегледувани од кој било посетител на платформата или регистриран корисник кој пристапува на форумот.
На платформата можеме да ги објавиме препораките за нас добиени од нашите регистрирани корисници. Овие препораки можат да содржат информации како што се име на регистриран корисник и град на живеење. Со согласност на регистриран корисник, можеме да го објавиме и неговото презиме.
Со други регистрирани корисници и корпоративни даватели на услуги
Покрај информациите што им се даваат на сите регистрирани корисници и посетители на платформата, исто така евалуации, оценки и препораки на Давателот на услуга се достапни за одредени регистрирани корисници. Ако сте Давател на услуга, Вашиот телефонски број може да биде видлив за одредени регистрирани корисници ако изберете да го споделите во Вашиот профил. Покрај тоа, Вашата приближна локација за живеење (преку мапи на Google) е достапна за одредени регистрирани корисници и посетители на платформата, освен доколку Вие изберете да не ја објавувате локацијата.
Ако сте Барател на услуга, Вашиот оглас ќе биде видлив во резултати за пребарување ако се совпаѓа со критериумите за пребарување што ги користи Давателот на услуги.
Ако сте регистриран корисник, Вашиот статус online на Babysittingmk.com може да им биде достапен на другите регистрирани корисници, освен ако Вие изберете тој податок да не е достапен на другите.
Доколку пополните формулар за да побарате информации од корпоративен Давател на услуги, како што е градинка или центар за ран детски развој, информациите за контакт што ги доставувате во формуларот ќе бидат испратени кон тој Давател на услуги. Слично на тоа, доколку директно контактирате корпоративен Давател на услуги, или кликнете на страницата на Давателот на услуги преку линкот на Babysittingmk.com, сите информации што ги давате по телефон или на страната на Давателот на услуги ќе бидат проследени директно од Вас кон Давателот.
Доколку Вашиот кориснички профил е суспендиран и/или откажан од која било причина, ние го задржуваме правото да испратиме известување за Вашиот статус на други регистрирани корисници со кои имавте претходна комуникација.
Google
На нашата платформа е имплементирана reCAPTCHA технологија на Google. Употребата на reCAPTCHA е предмет на Политиката за приватност и Условите за користење на Google.
Според законот
Ние можеме да ги откриеме Вашите податоци кога веруваме дека таквото откривање е соодветно за да се испита, спречи или преземе дејствие во врска со можни незаконски активности, сомнителни измами, ситуации кои вклучуваат потенцијални закани по здравјето или физичката безбедност на кое било лице, прекршувања на оваа Политика за приватност, Условите за користење и за заштита на правата Babysittingmk.com, нашите вработени, корисници и јавноста. Ова може да вклучува споделување на Вашите информации со полицијата, владините агенции, судовите и / или други организации.
Со Вашата дозвола и согласност
Исто така, можеме да ги споделиме Вашите информации со трета страна, доколку Вие се согласите за споделување.
Ваши избори и одлуки во врска со споделувањето на Вашите лични информации
Регистрираните корисници имаат контрола врз тоа кои информации по избор можат да ги споделат со нас кога ги користат нашите услуги (како што се слики, одредени детали во описот на работата или профилот, итн.).
Покрај тоа, регистрираните корисници ги имаат следниве можности за избор во однос на споделување на нивните информации:
- Регистрираните корисници можат да се откажат доколку не сакаат нивниот статус на Babysittingmk.com да биде видлив за другите регистрирани корисници на Babysittingmk.com;
- Регистрираните корисници можат да откажат споделување на информации содржани во нивните огласи или профили за да не бидат наведени во резултатите од пребарувачот на трети лица, како што е Google;
- Регистрираните корисници кои се приклучиле на Babysittingmk.com преку Facebook, последователно, можат да се откажат од поседување на одредени свои информации на Facebook, споделени со Babysittingmk.com и во поставките на нивниот профил на Facebook;
- Давателите на услуги кои избрале нивниот телефонски број да го стават на располагање на другите регистрирани корисници, подоцна можат да ги променат своите избори, така што нивниот број повеќе нема да биде видлив;
- Давателите на услуга можат да се откажат од прикажување на нивната возраст и истата да не биде видлива за другите регистрирани корисници;
- Барателите на услуга можат да се откажат од појавување, во резултатите од пребарувањето;
- Корисниците на мобилната апликација Babysittingmk.com, кои дадоа дозвола за Babysittingmk.com за пристап до одредени информации од нивниот мобилен уред, како што е нивната локација или контакти, последователно можат да се откажат од тоа споделување на информации со прилагодување на поставките во нивниот мобилен уред.
Освен доколку не е поинаку предвидено погоре, можете да ги прилагодите поставките на Вашиот кориснички профил и да се откажете од горенаведените информации за споделување или да испратите емаил на нашата адреса за коригирање на Вашиот профил. Новите поставки за прикажување на информации ќе стапат на сила во рок од 10 дена од приемот на Вашето барање.
Комуникација
Со тоа што ќе станете Регистриран корисник, Вие се согласувате да добивате е-пошта од нас, вклучувајќи специјални понуди, совети, анкети и административни известувања. Во секој момент можете да се откажете од приемот на е-пошта со прилагодување на Вашите поставки во корисничкиот профил.
Babysittingmk.com ќе продолжи да Ви испраќа административна е-пошта во врска со известувања за ажурирања и промени во нашата политика за приватност.
Ажурирање и затворање на кориснички профил
Ажурирање на податоци во Вашиот профил можете да направите со најавување во Вашиот кориснички налог и пристап до поставките на Вашата сметка. Ако сакате да отстраните дел од податоците што сте ги објавиле на платформата, можете да го сторите тоа со уредување или бришење на таа ставка во Вашиот профил.
Доколку повеќе не сакате да бидете Регистриран корисник и да ги користите нашите услуги, можете да го затворите Вашиот кориснички профил директно преку поставките на Вашиот профил.
Доколку го затворите корисничкиот профил на нашата платформа, Вашето име и други податоци за контакт ќе бидат отстранети од нашата база на податоци достапна на други корисници и посетители. Доколку го затворите Вашиот кориснички профил, сите Ваши податоци ќе бидат отстранети и избришани.
Податоци и информации што сте ги споделиле со други корисници можат да останат видливи. Babysittingmk.com не презема никаква одговорност за информациите што сте ги споделиле со други корисници.
Информациите поврзани со Вашиот кориснички профил можеме да ги задржиме, доколку веруваме дека се потребни за спречување на измама или идна злоупотреба, или за легитимни деловни цели, побарувања на нашите права и обврски според нашите договори, или доколку тоа се бара со закон.
Информации за лица помлади од 18 години
Платформата Babysittingmk.com не е наменета за лица помлади од 18 години. Доколку утврдиме дека имаме примено информации од лица помлади од 18 години, ќе преземеме разумни чекори таквите информации веднаш да бидат отстранети и избришани од платформата.
Заштита на податоци
На платформата се воведени и имплементирани различни административни, технички и физички мерки за да се заштитиме од неовластен пристап, уништување или промена на Вашите информации. И покрај тоа што преземаме соодветни мерки за да се заштитиме од неовластено обелоденување на информации, не можеме да гарантираме дека информациите што ги собираме никогаш нема да бидат откриени на начин што не е во согласност со оваа Политика за приватност.
Измени на Политика за приватност
Babysittingmk.com го задржува правото во секој момент да ја промени оваа Политика за приватност и нашите Услови на употреба и користење. Сите корисници ќе бидат известени за промените на Политиката на приватност. Корисниците се обврзани редовно да ги читаат измените или дополнувањата, кои во форма на известување ќе ги добиваат на е-маил, со цел да бидат во тек со начинот на функционирање на платформата. Материјалните измени стапуваат на сила 30 дена од известувањето. Нематеријалните измени или појаснувања стапуваат на сила веднаш по објавувањето на ажурираната политика на нашата платформа. Доколку по истек на наведените датуми, продолжите да ја користите платформата и услугите се смета дека сте ги разбрале и прифатиле промените.
Контакт
Доколку имате прашања околу Политиката за приватност можете да нè контактирате на contact@babysittingmk.com.