Соработка со Општина Центар

Катерина Китоска

28 март 2018

На ден 27 март 2018 година, Македонската Асоцијација на Дадилки исполни уште една важна цел во професионализацијата на дејноста дадилки/негувателки. Имено, како резултат на долга работа и заедничка иницијатива, се оствари потпишување на Меморандум за соработка со општина Центар.
Оваа соработка опфаќа неколку области: планирање, имплементација, изведување и евалуација на обуките за негувателки, имплементација на конкретни активности земајќи ја во предвид достапноста на соодветни и релевантни ресурси, прашања од заеднички интерес се` со цел да се координираат активностите, размена на информации во врска со зајакнување и унапредувања на начините и облиците на згрижување на деца, како и на можностите за вработување и самоваботување на малди жени, определување на заеднички тимови на предавачи и евалуатори, координација на територија на општина Центар, спроведување на заеднички иницијативи за обезбедување на донации од надворешни донатори, комуникација со еврпски и надворешни организатори од областа на згрижување на деца со цел на учење од искуство, размена на книги, публикации и други материјали, од значење за унапредување на искуствата од областа за заштита и згрижување за деца.

Драго ни е што сега и официјално сме партнери со општина Центар и секторот за Заштита на деца. Од непроценливо значење е тоа што општината препозна дека оваа дејност треба да се унапреди и професионализира, и чест ни е да ја имаме нивната поддршка во овие клучни активности и обуки за дејноста дадилка/негувателка во домашни услови.

„Конкретно нашата соработка во нареден период ќе предвидува изведување обука на негувателки во градинки во општина Центар, со цел професионално оспособување на дадилки. Ран детски развој и нега има две главни функции: да им помогне на родителите да се вклучат (вратат) на пазарот на трудот и да го поттикне развојот на децата. Оваа тематика ги тангира политиките за вработување, политики за надминување на родовиот и мајчински јаз, како да им се овозможи на жените да се вратат на пазарот на труд, да развиваат своја кариера, а исто така да се реализираат како мајки. Резултатите што треба да се постигнат се усогласување на професионален и семеен живот, правилно распределени помеѓу мажите и жените кога родителството е во прашање. Веруваме дека иднината на земјата зависи од тоа како ги третира деца“ изјави Сања Аризанов претседателка на Асоцијацијата.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.