Случај Тимјаник

Сања Аризанов

11 јуни 2018

Очекуваме експертска јавност, како и истражувачко новинарство да даде соодветен, професионален и стручен одговор на оваа тема. Популистички изјави и истапувања во овој момент уште повеќе создаваат раздори и поделби и придонесуваат кон засилување на негативна енергија. Процесите со кои се соочуваме бараат присебност, разбирање и емпатичен пристап кон сите со цел изнаоѓање на прифатливо и одржливо решение за настаната ситуација.

Секое дете на овој свет има потреба од љубов, грижа и соодветни услови за живот. Децата со попреченост не се виновни за состојбата во која се наоѓаат. Најмалку што можеме да направиме е да ги прифатиме како дел од нашето општество и да им помогнеме. Знаејќи дека нивната здравствена состојба е тешко променлива, треба да создадеме услови во кои ќе им биде овозможено да живеат еден секојдневен живот во заедницата. За напредок на целото општество треба да ги усвоиме добрите практики од земјите кои имаат спроведено деинституционализација, каде оваа реформа е веќе проверена и докажана како општо добро за лица со пречки во развој. МАД целосно ја поддржува иницијатива на Министерството за труд и социјална политика (МТСП) за спроведување на деинституционализација – процес кој ќе ги „вади“ децата од институциите.

Сведоци сме дека стигматизирање не е случај само во с. Тимјаник, туку е честа појава и во градските урбани средини, во училиштата и градинките. Свесни сме дека голем број родители сe` уште потпишуваат петиции за исклучување на децата со посебни потреби од училишните клупи и детските катчиња. Решението не стои во делењето на децата на типични и атипични, туку целта е да дадеме пример и да ја научиме младина заедно да ги надминува пречките во секојдневниот живот, за подобро на сите.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.