Овозможено продолжување на лиценци за негувателки кои заминуваат во пензија

Сања Аризанов

11 јануари 2018

На ден 19 октомври 2018 година Македонска Асоцијација на Дадилки има поднесено до Министерство за труд и социјална политика Иницијатива за решавање на прашањето на негователките кои се пензионираат, а поврзано со ре-лиценцирање.

Предлогот до Министерство:
Министерство за труд и социјална политика да им излезе во пресрет на негователките кои заминуваат во пензија со можност тие да не ја продолжуваат лиценцата за работа, доколку во истата година во која заминуваат во пензија им истекнува и лиценцата.
На ден 24 октомври 2018 година на седница на Собранието донесен е указ за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата. Според измените на Законот додаден е член 181-а со којшто се регулира ре-лиценцирање на лица кои во годината кога им истекнува лиценца, заминуваат во пензија.
Член 181-а
„(1) Лицето од членот 177 став (1) од овој закон кое е шест месеци пред пензионирање нема да полага стручен испит заради проверка на потребното стручно знаење за вршење на работи од областа на згрижувањето и воспитанието на децата, односно од областа на заштитата на децата, односно на истото ќе му се продолжи лиценцата за работа за наредните шест месеци до пензионирање.
(2) Лицето кое ќе поднесе писмена изјава за продолжување на договорот за вработување согласно со членот 104 од Законот за работните односи, а кое продолжување на договорот е за временски период подолг од шест месеци може да му се продолжи (обнови) лиценцата за работа ако ги исполни законските услови од членот 179 од Законот за заштита на децата.“

Со став (1) од членот 181-а на негователките кои заминуваат во пензија во иста година во која им истекнува лиценца, им е овозможено продолжување (обновување) на лиценца без полагање на стручен испит и релиценцирање.
Став (2) им овозможува продолжување на договорот за работа, на лица кои исполнуваат услови за старосна пензија (64 години возраст и 15 години работен стаж), со задолжително обновување на лиценца доколку продолжувањето на договорот е подолго од 6 месеци.
Со наведеното, уште еднаш се покажа дека соработката помеѓу институциите и невладиниот сектор придонесува кон квалитетни и соодветни решенија и нивна примена во пракса. Негователките играат исклучително значајна улога во системот на згрижување и нега на деца. Подобрувањето на условите за работа на негователките, подигнувањето на стандардите на квалитет и усвојувањето на меѓународно потврдени практики водат кон развој на системот на згрижување и нега на деца. Најголем бенефит од квалитетен систем имаат децата кои се всушност иднината на едно општество.

Веруваме дека во наредниот период преку континуирана соработка со Министерство за труд и социјална политика, како и со други чинители, ќе отвориме и други прашања, а со цел подобрување на системот за згрижување и нега на деца и доближување на европските стандарди.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.