МВР потврди: Нов пријавен случај на малтретирање близнаци од страна на дадилка

Катерина Китоска

29 ноември 2019

Во временски период од само една недела веќе е пријавен и втор случај на психичко и физичко малтретирање на близнаци од страна на нивната дадилка.

МВР потврди дека на 27.11.2019 во 12.50 часот во Полициската станица Центар Н.С.(33) од Скопје, пријавила дека нејзините деца близнаци во нејзиниот дом на ул.„Загрепска“ биле физички и психички малтретирани од А.К.(55), која била ангажирана како нивна дадилка. А.К. е приведена, а за случајот е известен Јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Македонска Асоцијација на Дадилки очекува и бара најстрога казна и за оваа дадилка што физички и психички ги злоставувала двете деца. Асоцијацијата истовремено ги охрабрува сите останати родители кои се соочиле со ваков проблем веднаш да го пријават случајот во МВР.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.