Како да одберете дадилка за Вашето дете? , Сител Телевизија

Катерина Китоска

28 септември 2018

Изборот на дадилка е една од најголемите одлуки што ги носиме како родители. Потрагата по дадилка може да биде и вообичаено е исполнета со бројни телефонски повици и јавувања, лични интервјуа, бара многу време и концентрација, што создава дополнителен стрес кај родителите. Ова особено е изразено доколку бараме дадилка за прв пат односно за прво дете. Понекогаш се одлучуваме да ангажираме дадилка по препорака на блиските, понекогаш бараме услуга од агенциите а можеме да објавиме и личен оглас. Без оглед на тоа кој метод ќе избереме потребно пред да влеземе во процесот на ангажирање на дадилка да направиме неколку чекори што ќе ни го олеснат изборот:
- Напишете сеопфатна листа на сите квалитети кои сакате да ги има Вашата дадилка: помлада или повозрасна личност, соодветно образование или лиценца за негувателка, обука за педијатриска прва помош, познавање на странски јазици, поседување на возачка дозвола.
- Направете листа на апсолутни НЕ: пушачи, неквалификувани, нефлексибилни во работно време итн. Ова ќе Ви помогне веднаш да ги елиминирате кандидатите кои никако не се вклопуваат во Вашите очекувања.
- Направете листа на прашања што ќе ѝ ги поставите на дадилката. Често, родителите влегуваат во замка во текот на интервјуто, така што наместо да поставуваат прашања тие раскажуваат за дневниот распоред, навиките на детето и проблемите со кои се соочуваат секојдневно. Интервјуто со дадилката е интервју за работа, како и секое друго. Семејството е работодавач, а дадилката е потенцијален вработен. Доколку вработувате возач секако ќе го прашате кандидатот дали и која возачка дозвола поседува, колку години вози, дали возел/а само во земјава или меѓународно. Исто така и на интервјуто со дадилката потребно е да ги поставите сите прашања: какво образование има, какво ѝ е работното искуство со деца, во колку семејства претходно работела, со која возраст на деца работела, дали има препораки од претходни семејства и дали е во можност да ги достави, детално да опише тек на активности во работен ден со дете на одредена возраст, на кој начин и како ги подготвува оброците за детето, дали има познавања од прва помош за деца, кои методи на дисциплина применува, зошто работи како дадилка, што ѝ е најголем предизвик во работењето. Одговорите што ќе ги добиете ќе Ви дадат многу појасна слика за каков кандидат се работи и дали тоа е личноста на која би го оставиле Вашето дете.

„Грижа и нега на детето подразбираат јадење, пиење, пресоблекување, прошетки и спиење но тие се основни физиолошки потреби на детето. Дадилката треба да му овозможи и воспитно-едукативни активности согласно на возраста, социјализација, раст и развој во едно посебно опкружување. “ вели Аризанов и додава дека клучни промени во професијата допрва ќе се случуваат.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.