Инспекциски надзор на сопственик на куче кое помага на дете со атипичен развој

Катерина Китоска

14 јули 2020

Неодамна на социјалниот медиум Instagram беше споделена објава за извршен инспекциски надзор во Штип, кај сопственици на домашен миленик куче. Куче од расата германски овчар кое се чува во дворот од домот на сопствениците. Според приложеното, кучето е обучено да спречува обид за бегање од дома на дете со аутизам. Причината за вонредниот инспекциски надзор е поради пријава од страна на сосед, која меѓу другото наведува дека кучето е со ќуд на постојано лаење и завивање. Кога сме веќе кај лаењето, веројатно потребно е да објасниме зошто кучињата лаат и дали тоа (не)треба да се очекува од нив.

Никој не треба да очекува дека куче нема да лае. Тоа е сосема неразумно, исто како да очекувате ние луѓето никогаш да не зборуваме. Лаењето е еден вид вокална комуникација што ја користат кучињата. Што и да го предизвикува кучето да лае, тоа има една цел: да искомуницира што чувствува. Комуникацијата се заснова на три димензии: јачината на звукот, времетраењето на звукот и фреквенцијата или стапката на повторување на звуците. Ваквата комуникација може да означува различни работи во зависност од ситуацијата. Еве неколку причини зошто кучињата лаат:
• Територијална / Заштитна: Кога некое лице или животно влегуваат во областа која кучето ја смета за негова територија. Како што се приближува заканата, лаењето често станува погласно, а кучето изгледа агресивно.
• Аларм / страв: Некои кучиња лаат на кој било шум или предмет што го прлекува нивното внимание или ги зачудува. Ова може да се случи насекаде, не само на нивната домашна територија.
• Поздрав / Игра: Кучињата често лаат кога поздравуваат луѓе или други животни. Обично е лаење од радост придружено со мрдање на опашката и скокање.
• Барање на внимание: Кучињата честопати лаат кога сакаат нешто, како што се излегување надвор, играње или добивање вкусна награда.
• Анксиозност на одвоеност / Компулсивно лаење: Кучињата кои доживуваат анксиозност од разделување (кога сопственикот е на работа) претерано лаат кога се оставени сами. Често прават повторливи движења, како што се трчање по кругови или по ограда.
Но, точно е дека некои кучиња премногу лаат. Во вакви случаи, првиот чекор е идентификација на причината што го предизвикува кучето премногу да лае.
Еден од начините кои сигурно ќе помогнат за да се намали лаењето е долгото шетање на кучето. Важно е кучето секојдневно да добива доволно физичко и ментално вежбање. Уморното куче е секогаш добро куче кое бара одмор и сон. Во зависност од расата и возраста и здравјето, кучето може да бара неколку долги прошетки, како и добра игра за бркање на неговите омилени играчки.
Повикувајќи се на споделената вест за германскиот овчар кој помагал на дете со аутизам, од есенцијално значење е да образложиме зошто овие кучиња се толку важни во нашите односно во животите на нашите сограѓани. Сите кучиња, особено дресираните можат да направат голема разлика во животот на децата со атипичен развој. Кучињата поседуваат предиспозиции за лесно обучување така што им помагаат на луѓето не само во секојдневниот живот, туку и за време на големи животни предизвици. Децата со атипичен развој(особено децата кои живеат со аутизам, имаат АДХД, пречки во учењето или проблем со однесувањето) најчесто се поврзани со овие домашни миленици. Причината за тоа најчесто се наоѓа во можноста подобро да искомуницираат со кучиња. Конкретно децата со аутизам кои често зависат од невербални знаци, ефективно комуницираат со кучињата, а понекогаш и подобро отколку со луѓето. Денес постојат тренирани кучиња што асистираат на лица со посебни потреби, кучиња кои даваат емоционална поддршка или се специјализирани да вршат терапевтско дејство. Без разлика за каков вид на дресирано куче станува збор, помошта која тоа знае да ја пружи на дете со атипичен развој го подобрува неговиот живот и има големо значење и за детето и за неговите родители. Поради тоа, секогаш пред да донесеме одредена одлука, треба да размислиме дали и како истата ќе влијае на луѓето околу нас.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.