Доделени сертификати за негувателка на деца

Катерина Китоска

07 октомври 2019

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, усвоен од Владата на Република Северна Македонија за мерката 3.3 Обуки за побарувани занимања, финансирана од Буџетот на Агенција за вработување на Република Северна Македонија, Македонска Асоцијација на Дадилки е избрана како еден од спроведувачи на обуки за побарувани занимања – Негувателка на деца. Во рамките на оваа обука, беа вклучени 10 невработени лица – невработени жени. Обуката беше спроведена во период од 15 мај 2019 до 14 септември 2019 година.

Програмата опфаќа 6 задолжителни модули: 1) Ран детски развој и детска психологија; 2) Грижа и нега на новороденче; 3) Исхрана и здравје кај децата; 4) Заштита на здравјето и безбедност на деца; 5) Згрижување на деца во детски градинки и 6) Професионален развој и учење. Сите модули се дизајнирани како стручно-апликативни. Сите модули се задолжителни и успешно завршување на секој модул е задолжително за да учесникот се стекне со сертификат за завршена програма. Теоретски содржини на секој модул се изведуваат во училница или кабинет. Практичната обука се изведува преку вежби, активности и практична работа во установите кои работат во системот за згрижување и нега на деца - детски градинки, центри за ран детски развој и други установи за згрижување и нега на деца предвидени со Закон за заштита на деца. Практичната обука се изведува во различни возрасни групи со цел учесниците да се стекнат со различни вештини и знаења согласно на раст и развој на децата како и поради зголемена ефикасност при реализација на планираните активности.

Резултати:
Завршен стручен испит учесничките го полагаа на 30 септември со што 8 учеснички се стекнаа со сертификат Негувателка на деца. Во момент 4 учеснички веќе се вработени што е речиси 50% од вкупен број на учеснички. Иако број 4 вработени може да звучи како капка во море, на стапка на невработеноста ние сме исклучително горди на овој успех, бидејќи за нас учесничките не се број туку поединци/индивидуални личности со свои животи, семејства, проблеми и успеси. За нас секој еден граѓанин е важен, се бориме секој да добие можност и веруваме дека секој заслужува шанса да се унапредува и развива во професијата. Оттаму продолжуваме и понатаму да ја зацврстуваме соработка помеѓу институциите – Агенција за вработување, локална самоуправа – Општина Центар, граѓанскиот сектор – Асоцијацијата и бизнис секторот – работодавачи, со акцент на развој на поединците со што придонесуваме и на подобрување и развој на општеството и идните генерации.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.