Грижа, нега, воспитување и учење во условите на изолација и корона вирус

Сања Аризанов

16 март 2020

Повеќето деца веќе имаат слушнато за вирусот, имаат видено лица како носат маски и се свесни дека не одат во градинка или училиште. Пожелно е родителите отворено да разговараат со децата за случувањата и состојбата. Потенцијално избегнување на разговорот веројатно ќе создаде уште поголема загриженост и несигурност кај децата. Родителите се тие што ги слушаат и разбираат вестите, а потоа ги филтрираат и пренесуваат кон децата. Нашата цел како родители е да им помогнеме на нашите деца да се чувствуваат информирани и да добијат информации засновани врз факти. На овој начин децата ќе бидат смирени без оглед на тоа што ќе слушнат од нивните пријатели или на вестите. Дури и детето да доживува сомнежи и стравови, доколку има воспоставена комуникација со родителите ќе дојде да побара објаснување или одговор на прашање кај родителот. Тоа е шанса родителот соодветно да го информира своето дете.

Во зависност од возраста на вашето дете потребно е да одредите кои информации и во колкав обем ќе ги споделите со детето. Не ги оптоварувајте децата со премногу информации бидејќи тоа може да биде напорно за нив. Не е битно доколку не можете да одговорите на секое прашање, битно е да бидете тука за вашето дете и да му овозможите да се чувствува безбедно и сигурно покрај вас.

Обидете се да ги контролирате вашите стравови и загриженоста. Кога се вознемирени, земете малку време да се смирите па потоа разговарајте со детето.
Една од многуте важни активности во разговор со детето е посочување на чекорите што ги преземате за заштита и безбедност. Децата се чувствуваат сигурно доколку знаат што треба да прават да се заштитат. Објаснете им ја уште еднаш по кој знае кој пат важноста на одржување на хигиена и миење раце. Објаснете им за тоа што докторите посочуваат, дека маските за лице не се потребни на секој човек.
Оставете простор и охрабрете го детето за последователни разговори со новите вести и случувања.

Рутина во изолација
Времето вообичаено лета. Но кога сте затворени дома по цел ден со деца, времето поминува малку побавно. Деновите се долги. Доколку работите или се обидувате да работите од дома, организацијата на денот зависи од неколку фактори во главно од возраста и бројот на децата, дали живеете во куќа или стан и секако од природата на вашата работа. Темпераментот на децата и родителите исто така се битен фактор што не треба да го заборавиме. Што можеме да направиме?

Одговор на ова и многу други прашања прочитајте во нашиот билтен Бејбиситинг Инфо.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.