Гостување на ТВ Телма по повод обука – Негувателка на деца

Катерина Китоска

01 јуни 2018

Во емисија 0+ на ТВ Телма, зборувавме за професијата на дадилки и негувателки на деца како и за придобивки од обуката за негувателки на деца.

Програмата Негувателка на деца e насочена и овозможува работно оспособување на негувателките за професионално работење во рамките на системот за згрижување и нега на деца. Основна цел на програмата е учесниците да се стекнат со поголеми стручни знаења, вештини и компетенции за извршување на задачи и активности во областа на згрижување и нега на деца. Програмата трае 4 месеци, односно 480 часа и опфаќа стручно теоретски содржини кои се реализираат во училница/кабинет и практична обука која се реализира во установи кои работат во системот на згрижување и нега на деца. Програмата е конципирана во согласност со развој на научни дисциплини од област на детска психологија и ран детски развој, како и во согласност со вештини, компетенции и знаења кои се бараат од профилот на занимање - Згрижувач на деца во домашни услови и детски градинка. Програмата е усогласена со Програмата за ран детски развој која што се применува во градинките во Република Македонија како и со слични програми коишто се реализираат во земји членки на Европска Унија.

Програмата опфаќа 6 задолжителни модули: 1) Ран детски развој и детска психологија; 2) Грижа и нега на новороденче; 3) Исхрана и здравје кај децата; 4) Заштита на здравјето и безбедност на деца; 5) Згрижување на деца во детски градинки и 6) Професионален развој и учење. Сите модули се дизајнирани како стручно-апликативни. Сите модули се задолжителни и успешно завршување на секој модул е задолжително за да учесникот се стекне со сертификат за завршена програма. Теоретски содржини на секој модул се изведуваат во училница или кабинет. Практичната обука се изведува преку вежби, активности и практична работа во установите кои работат во системот за згрижување и нега на деца - детски градинки, центри за ран детски развој и други установи за згрижување и нега на деца предвидени со Закон за заштита на деца. Практичната обука се изведува во различни возрасни групи со цел учесниците да се стекнат со различни вештини и знаења согласно на раст и развој на децата како и поради зголемена ефикасност при реализација на планираните активности.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.