В Е С Т И

Грижа, нега, воспитување и учење во условите на изолација и корона вирус

16 март 2020

Воспитанието и образованието е процес, а не чин. Како да им помогнеме на децата да продолжат со учење и секојдневните активности дома во периодот додека градинките и училиштата се привремено затворени.

Завршен третиот циклус “Обука за негувателка на деца“

02 март 2020

Третиот циклус на обука „Негувателка на деца“ успешно заврши! Задоволство беше да се работи со секој учесник одделно! Компетенциите и вештините се стекнати, чекаат да бидат применети во пракса! Очекуваме големи остварувања и реализација во дејноста згрижување и нега на деца од сите кои беа дел од оваа обука.

МВР потврди: Нов пријавен случај на малтретирање близнаци од страна на дадилка

29 ноември 2019

МВР потврди дека на 27.11.2019 во 12.50 часот во Полициската станица Центар Н.С.(33) од Скопје, пријавила дека нејзините деца близнаци во нејзиниот дом на ул.„Загрепска“ биле физички и психички малтретирани од А.К.(55), која била ангажирана како нивна дадилка.

Дали дадилките ги исполнуваат потребните критеруми за чување деца?

27 ноември 2019

Каков е профилот на дадилките во нашата земја? Како се контролира згрижувањето на деца во домашни услови? Кои се предизвиците со кои се соочуваат дадилките? Како до регулирање на нивниот работен стаж? На овие прашање во Утринската на Сител одговара Сања Аризанов.

Протест во Визбегово поради групен дом на деца

25 ноември 2019

Децата во групниот дом во Визбегово се наоѓаат поради тоа што се лишени од семејна средина. Тие треба да имаат полн и достоинствен живот во услови во кои го обезбедуваат нивното достоинство, да ја поттикнуваат самостојноста и да го олеснуваат нивното активно учество во заедницата.

Злоставување на дете од страна на дадилка

22 ноември 2019

Колкава штета е нанесена на едно невино, чисто и младо срце/срца? Каква казна треба да добие некој кој се осмелил да си поигра со најубавиот период од животот на детето – детството? Која болка е нанесена на родителите кои погледнале како личноста која ја ангажирале се однесува со нивното дете/деца? До кога ќе бидеме сведоци на вакви стравотни реални ситуации? До кога ќе се прашуваме: Кој ги чува нашите деца?

Доделени сертификати за негувателка на деца

07 октомври 2019

Врз основа на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2019 година, Македонска Асоцијација на Дадилки ја има спроведено обуки за побарувани занимања – Негувателка на деца. Во рамките на оваа обука, беа вклучени 10 невработени лица – невработени жени. Обуката беше спроведена во период од 15 мај 2019 до 14 септември 2019 година.

Како да одберете дадилка за Вашето дете? , Сител Телевизија

28 септември 2018

Во утринска програма “Ја сакам Македонија“, Сања Аризанов претседател на Македонска Асоцијација на Дадилки, зборуваше за клучни предизвици со кои се соочуват семејства кога одбираат дадилка за нивното дете. “Асоцијацијата поставува сосема нови стандарди кога е во прашање професионализација на дејноста. “

Грижа и нега на возрасни лица во Македонија

26 септември 2018

Во утринската програма „Ја сакам Македонија“, Сања Аризанов претседател на Македонска Асоцијација на дадилки, зборуваше за предизвици со кои се соочуваат возрасните лице во трето доба. „Брчки на лицето не значат ништо, важно е да немате бори на вашето срце“.

Вербален испад на негувателка во градинка во Гевгелија

13 август 2018

Секоја прикаска има три страни: наша, нивна и вистина. Вистината е дека ние немо молчиме, гледајќи пред наши очи како пропаѓа системот кој всушност е основа на сѐ она што следува кај едно дете. Критикуваме градинки, негувателки, родители, институции по социјални мрежи -Модерна верзија на „муабети пред кооперација“.

Изгризaно бебе во градинка „Корчагин“

13 јули 2018

Не е првпат да се случуваат вакви работи и родителите преку социјални мрежи да ја изразуваат својата немоќ и револт. Исто така не е првпат јавноста да е поделена околу случајот. Поделеноста ни стана секојдневие и нормала. Но треба да се запрашаме: По кој пат одиме и каде ќе стигнеме ако немаме сила и желба да ги заштитиме, воспитаме и израснеме нашите деца... На достоинствен начин!

Случај Тимјаник

11 јуни 2018

По повод случувањата во с. Тимјаник, Македонска Асоцијација на Дадилки (МАД) изразува голема загриженост за социјалната состојба во нашето општество. Ги охрабруваме сите вклучени, а посебно надлежни органи, јавни личности и новинари да се воздржат од етикетирање, стигматизирање, осуда и говор на омраза кон било која од засегнати страни.

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.