Зошто платформата BabysittingMK е неопходна за секој родител?
Time & Location
About the Event
Во 21 век не е лесно да се биде родител - и уште потешко е да се најде добра, сигурна и прифатлива грижa за своите деца. Одлучивте да ангажирате стручна личност за советување/грижа/нега/едукација за Вашето дете и исправени сте пред предизвикот каде, како и на кој начин да дојдете до професионална и квалификувана личност од доверба. Се прашувате дали да ангажирате одредена личност по препорака на пријателите, дали да побарате услуга од некоја агенција, да објавите личен оглас или да се откажете од сѐ и да го запишете детето во градинка.
Милион прашања Ви се вртат во главата и не знаете од каде да почнете?
Специјализираната платформа BabysittingMK e вистинското место за секој родител. На оваа сесија, Советникот за родители со над 5 годишно искуство во менторирање на 500+ клиенти, ќе Ви открие зошто токму оваа платформа е решението кое го барате, како да ја користите, кои предности ги нуди и зошто со месеци BabysittingMK е #1 во нашата земја?
За секој учесник на сесијата подготвивме изненадување!
Сите родители заслужуваат да уживаат во одгледувањето на своите деца, а BabysittingMK постои тоа да го овозможи. Создадено од родителите за родителите.