Сакате да бидете самостојни.  Да управувате со Вашиот живот. Да заработувате и да го работите тоа што го сакате. Добредојдовте!

Вработување и работа денес

Сакате да работите со деца и да ја развивате кариерата како негувателка, воспитувачка, дадилка, специјален едукатор. Како и од каде да почнете? Како да го добиете посакувано работно место? Како да бидете избрани од работодавачот?

Во денешното време кога се доближуваме до четвртата индустриска револуција, кога роботите извршуваат работни задачи наместо човек, кога децата на четиринаесет години веќе програмираат... што се случува во секторот за згрижување на деца? Барање огласи по сите можни портали за работа, испраќање биографии, закажување интервјуа, откажување, телефонски повици, пораки, емаилови... стрес и нервоза при секоја апликација за работа.

Сега за сите Вас е создаден е-BabySitting Service. Платформа каде што можете да го поставите Вашиот профил и да очекувате понуди за работа. Платформа на која можете да ги додадете Вашата биографија, дипломи, достигнувања, препораки и сè она со што Вашиот профил ќе стане видлив и пожелен за работодавачи.

Сите чинители во системот на згрижување и нега на деца - дадилки, бејбиситерки, негувателки, воспитувачи, советници за новороденчиња, советници за доење, тутори, стручни соработници, лични асистенти, специјални едукатори, психолози, провајдери за развој на кадрите и дејноста имаат можност преку платформата да ги понудат своите услуги на семејства, детски градинки и други организации кои работат во системот на згрижување и нега на деца.

Насоки и практични совети како да дојдете до работно место 

Дали сте подготвени да направите промена?

Станете дел од успешно семејство на е-Babysitting Service и најдете ја Вашата работа од соништата.

Истражувањата покажуваат дека личности кои имаат професионален виртуелен профил, лесно добиваат одлични работни понуди и наоѓаат работно место за 67% пократко од тие што немаат профил. 

Доколку имате цел и сакате да ја остварите постојат неколку активности и чекори што треба да ги направите.

 

Ние сме тука да Ви помогнеме

Професионален работен профил 

Избор на работни понуди

Можности во МК, Балкан и ЕУ

Промоција на Вашите услуги

Акредитирани обуки и семинари

Развој на кариера и усовршување

Вмрежување и социјализација

Дали работа со деца за Вас?

 

Дали Вие сте личност од доверба, со емпатија кон другите, со чувство на одговорност, со љубов кон децата, со желба за напредок и едукација.  Имате бескрајно трпение. Личност која е во состојба да го разбере семејството, неговите потреби и единственоста на секое дете. Некој кој знае како и на кој начин да се справи со предизвиците и проблемите на детето, во исто време едуцирана и квалификувана да понуди решение за конкретни ситуации. Некој кој ќе го вложи своето знаење, време и љубов во грижа и нега на детето. Некој што сака да напредува, да се надоградува и своето знаење да го имплементира во секојдневна работа. Некој што сака да го пренесува стекнато знање  и искуство на другите. Сакате да играте со деца. Се чувствувате безгрижно и исполнето кога сте во близина на деца.

Доколку одговоривте со „Да“, тогаш работа со деца е вистинскиот избор за Вас.

Креирајте го Вашиот профил, зачекорете кон иднината и придружете им се на многумина успешни уште денес!

©2014 powered by First Five

BabySitting Service 

+389 71 373 504          +389 2 3126 135