top of page

Често поставувани прашања

Што е платформа Babysittingmk.com?

BabySittingmk e специјализирана платформа каде на едно место можат да се најдат опции за грижа, нега, едукација на деца, регулаторна рамка, советодавни услуги од експерти за ран детски развој, како и информации за најновите достигнувања во детската психологија. Платформата нуди можност за пристап до професионални лица обучени за работа со деца, како и до надворешни соработници за лично или онлајн советување.

 

Баратели на работа

На платформата сите дадилки, бебиситерки, негувателки, воспитувачи, советници за новороденчиња, советници за доење, тутори, стручни соработници, лични асистенти, специјални едукатори, психолози, провајдери за развој на кадрите и дејноста се слободни да ги понудат своите услуги на семејствата, родителите, детските градинки и другите организации кои работат во системот на згрижување и нега на деца.

 

Како да се регистрирам на платформата?

Регистрација на платформата е бесплатна. Доколку сакате да пристапите до одредени содржини наменети за членови на платформата потребно е да се регистрирате.

Откако ќе Ви се отвори прозорец за регистрација потребно е да внесете: име, презиме, валидна електронска адреса која редовно ја отворате и проверувате, лозинка со која понатаму би се логирале на платформата, контакт телефон и да изберете соодветна категорија. Опционално е внесување на фотографија. Потребно е да ги прифатите условите и начинот на користење и да кликнете на копчето регистрација. Веднаш потоа ќе бидете регистрирани и префрлени на страна за членови. Секој нареден пат кога ќе ја посетите платформата, потребно е само да се логирате со Вашата електронска адреса (email) и лозинката кои сте ги внесле за да се регистрирате првиот пат.

 

Напомена: Регистрирањето на платформата се прави еднаш.

Доколку по регистрацијата не сте автоматски префрлени на страната за членови, потребно е да се логирате.Секогаш пред да ја користите платформата и нејзините функционалности потребно е да се логирате.

 

Како да се логирам доколку ја имам заборавено лозинката?

Најпрво кликнувате на полето Најави се, а потоа кликнувате на полето логирајте се. Ќе Ви се отвори прозорец со три опции за логирање. Вие ја избирате третата опција односно кликнувате на копчето Log in with Email. Во следниот прозорец ја внесувате Вашата електронска адреса и кликнувате на Forgot password?. Во прозорецот наменет за ресетирање на лозинката ја внесувате Вашата електронска адреса и кликнувате на копчето Reset Password. Веднаш потоа во Вашето електронско сандаче треба да Ви пристигне мејл со линк каде треба да ја внесете новата лозинка која ќе ја запаметите и која понатаму ќе ја користите.

 

Напомена: Секое наредно логирање треба да ја внесувате новата лозинка. Доколку повторно ја заборавите лозинката, постапката за креирање нова лозинка е иста како веќе опишаната погоре.

 

Како да креирам профил на платформата?

Креирањето профил на платформата е бесплатно. Вашиот профил како барател на работа можете да го креирате во менито За Баратели на работа/креирај профил. Ќе Ви се отвори страна со упатство за креирање профил и полиња кои треба да ги пополните со Вашите податоци. Пред да започнете со пополнување на празните полиња, кликнете на упатството за креирање профил и прочитајте како полесно да го креирате Вашиот професионален профил. Потоа започнете со внесување на Вашите лични и професионални податоци. Откако ќе ги пополните сите полиња, кликнете на копчето зачувај профил за да го зачувате Вашиот профил на платформата. Почекајте да се појави известување дека Вашиот профил е успешно креиран. Сега Вашиот профил е објавен на платформата.

 

Напомена: Сите полиња на профилот пополнете ги со кирилични букви, односно кирилична поддршка на Вашата тастатура.

Доколку не сакате да објавите Ваша лична фотографија во профилот, администраторите на платформата ќе додадат фотографија со првата буква од Вашето име.

 

Како да го прегледам мојот објавен профил?

Откако Вашиот профил ќе биде одобрен од страна на администраторите (во рок од 24 часа од креирањето), ќе имате можност да го погледнете профилот  и тоа на следниот начин: логирајте се на платформата, одете во моја сметка и кликнете на копчето каде го пишува Вашето име. Ќе Ви се отвори страна со Вашиот профил и сите податоци кои веќе ги имате внесено.

 

Напомена: Доколку сакате да го прегледате Вашиот објавен профил веднаш по креирањето, а не Ви се отвора страната со Вашиот профил, потребно е да почекате администраторите да го одобрат Вашиот профил (во рок од 24 часа).

 

Како да го ажурирам мојот профил?

Вашиот профил можете да го ажурирате на следниот начин: логирајте се на платформата, одете во моја сметка  и кликнете на копчето ажурирај профил. Ќе Ви се отвори страна за ажурирање на профилот. Внесете ги податоците што сакате да ги измените. За да ги зачувате сите промени кликнете на копчето ажурирај. Вашиот профил е ажуриран и објавен на платформата со внесените промени.

 

Како да ги видам огласите за работа и деталниот приказ на секој оглас?

Како регистриран член имате можност да ја погледнете листата на објавени огласи за работа. Одите во менито За баратели на работа/види ги огласите за работа. Ќе Ви се отвори страна со листата на објавени огласи. На оваа листа, за секој оглас стои наведено работна позиција, работно време, локација, статус на барањето: итен, активен или затворен оглас и надомест.

За детален приказ на секој оглас и разгледување на останатите податоци од барањето кликнете на полето Повеќе, кое се наоѓа во долниот десен агол на секој оглас од листата. Доколку веќе имате креирано и објавено профил на платформата, ќе Ви се  отвори страна со останатите податоци за огласот и телефонски број за контакт од родителот.

Доколку немате креирано Ваш профил, кога ќе кликнете на копчето повеќе, ќе Ви се отвори страната за креирање на профил. За да пристапите до деталниот приказ на секој објавен оглас, потребно е најпрво да креирате Ваш професионален профил. Креирањето профил на платформата е бесплатно.

 

Што содржи секој детален приказ на објавен оглас?

Секој детален приказ на оглас содржи: опис и обем на работен ангажман, односно возраст на децата, број на децата, датум на започнување, траење на ангажманот, работни денови, работно време од – до, локација, работни обврски и задолженија, плата/надоместок. Родителот во огласот има приложено телефонски број преку кој можете директно да го контактирате.

 

Што значи мрежа на баратели на работа и која е нејзината намена?

Кога ќе кликнете во менито За Баратели на работа/мрежа ќе Ви се отвори страна со мрежа на баратели на работа. Оваа мрежа, односно група на баратели на работа е креирана за подобро да ги запознаете Вашите колеги и колешки во секторот и да споделите искуства, мислења, совети, огласи за работа, вести и информации од областа на згрижување и воспитување на деца. Исто така, групата е наменета за објава на информации за нови работни места, обуки, курсеви, како и други релевантни информации од јавни и приватни установи. Ова е местото каде што можете да побарате совет, поддршка и разбирање од другите членови и од администраторите.

Во групата можат да се приклучат сите регистрирани баратели на работа на платформата: стручни соработници, воспитувачи, дадилки, негувателки, специјални едукатори и сите други лица кои работат во системот за згрижување, нега, воспитување, подучување и менторирање на деца.


Како да станам дел од мрежата/групата на баратели на работа?

Кликнете во менито За Баратели на работа/мрежа. Ќе Ви се отвори страна со мрежата на баратели на работа. За да се приклучите во групата, кликнете на копчето приклучи се. Приклучени сте во групата. Сега можете да ги разгледате четирите секции на групата: Разговори и дискусии; Фотографии и видеа; Членови;  За групата. Кликнете на секцијата наменета за разговори и дискусии и прочитајте ги веќе објавените постови во групата. Кликнете на секцијата за фотографии и видеа и погледнете ги споделените фотографии и видеа од членовите и администраторите на групата. Кликнете на секцијата за членови и запознајте се со останатите баратели на работа. На крајот, кликнете на секцијата за групата, прочитајте повеќе за групата и дознајте ги правилата на групата.

 

Што претставува мобилната апликација WIX Babysitting Service и кои се нејзините предности?

Апликацијата е наменета за барателите на работа на платформата, со цел да се овозможи  уште полесна комуникација помеѓу членовите, за споделување искуства, предлози, обуки, настани и други корисни информации.

Апликацијата ќе Ви овозможи во реално време да добивате нотификации на Вашиот мобилен уред и да бидете во тек со сите актуелни случувања. Тоа значи дека на Вашиот мобилен уред ќе добивате известувања, меѓудругото, и за секој нов објавен оглас на платформата, ќе имате можност веднаш да го погледнете и доколку сте заинтересирани први да го контактирате родителот.  

 

Како да ја инсталирам апликацијата WIX Babysitting Service на мојот мобилен телефон?

Со цел поголема достапност и користење на предностите што ги нуди WIX Babysitting Service, овозможивме линкот за инсталација на  апликацијата да Ви пристигне во порака на Вашиот мобилен уред.

Има два начини за да Ви пристигне пораката. Едниот начин е преку менито За Баратели на работа/мрежа. Кога ќе Ви се отвори страната за мрежа на баратели на работа, кликнете на копчето инсталирај мобилна апликација. Ќе Ви се отвори прозорец каде треба да го внесете Вашиот телефонски број и да кликнете на копчето Send link. Веднаш потоа ќе добиете порака на Вашиот мобилен уред со линк од апликацијата. За полесно да ја инсталирате апликацијата погледнете ги упатствата за Android и Apple со принтскринови за инсталација.

Другиот  начин е да кликнете на следниот линк: Мобилна Апликација WIX BabySitting Service. Ќе Ви се отвори прозорец каде треба да го внесете Вашиот телефонски број и да кликнете на копчето Send link. Веднаш потоа ќе добиете порака на Вашиот мобилен уред со линк од апликацијата. За полесна инсталација следете ги погоре прикачените упатства.

 

Што добивам со бесплатна регистрација на платформата?

Со бесплатната регистрација Ви следуваат практични совети и упатства за полесно да дојдете до посакуваниот работен ангажман односно: како да пронајдете стабилно работно место како дадилка, како да пронајдете дополнителна работа како бебиситерка, како да пронајдете работен ангажман како стручен соработник, како да се вработите во градинка, како до чување, грижа и нега на деца во сопствен дом. Овие упатства ќе Ви дадат конкретни примери, совети, насоки и законски регулативи како да се реализирате на професионален план без разлика дали се работи за работна позиција во домашни услови, за работа во градинка или пак за грижа на неколку деца во сопствен дом, каде можете да ја креирате Вашата мини градинка од соништата. За да ги погледнете, одите во менито За баратели на работа/Како до работа – насоки и совети. Ќе Ви се отвори страната со упатства за пронаоѓање работа на различни работни позиции.

bottom of page