Огласи за работа

Негувателка

Barame simpaticna i motivirana dopuna za naseto semejstvo koja bi pomagala okolu reziskite obvrski vo domacinstvoto.

Дадилка

Ние сме трочлено семејство од населба Аеродром со 1 дете кое наскоро ќе полни 1 година. Потребна ни е дадилка за 5 часа дневно од понеделник - петок. (10:45-15:45). Ќе треба да го зема детето од градинка (вкупно 30 мин пешки) и потоа има обврски само околу него. Ќе почне со работа од 01.10.2021

Дадилка

Потребна ни е дадилка за чување на дете на воздраст од 1 година. Ангажманот е во Охрид за полно работно време од 07:45 до 16:00, празници, викенди и неработни денови ќе бидат слободни за дадилката.

Дадилка

Млад брачен пар со едно детенце. Живееме во воените кули позади, тобако 2, во Аеродром и итно ни е потребна помош. Еден од родителите ќе биде присутен во домот и ќе и помага на дадилката.

Дадилка

Потребна е дадилка на детенце од 2 ипол годинки, со полно работно време. Грижата би била само околу детенцето.

Дадилка

Странско семејство има итна потреба од флексибилна дадилка која би се грижела за две деца на 1,5 и 2,5 годишна возраст. Дадилката би работела 10 - 15 денови во месецот, деновите може да бидат понеделник - недела, согласно распоредот на работното време на родителите. Работното време би било во две смени и тоа: 16.00 часот попладне до 03.00 по полноќ или од 03.00 часот по полноќ до 15:00 попладне.

Децата се запишани во приватна градинка. Пожелно но не задолжително е дадилката да биде активен возач за да може да ги носи или презема од градинка.

Дадилката би земала плата за цел месец, без разлика што ќе работи само 10-15 денови во месецот.
Сите заинтересирани може да аплицираат на нашата мејл адреса contact@babysittingmk.com најдоцна до 2 јули 2021.

Дадилка

Семејство итно бара дадилка за 3 месечно бебе која ќе ги извршува сите стандардни обврски поврзани со него. Единствената дополнителна обврска би била подготовка на ручек за семејството. Во првите два месеци мајката ќе биде во домот заради полесна адаптација и од септември се враќа на работа.

Потребно е дадилката да биде вакцинирана или да има прележано корона.

Сите заинтересирани може да аплицираат на нашата мејл адреса contact@babysittingmk.com најдоцна до 2 јули 2021.

Дадилка

Семејство има потреба од флексибилна дадилка која во договор со семејството ќе останува да преспива во домот со децата. Работното време е флексибилно. Работни денови се понеделник – сабота, недела е слободен ден.

Обврските на дадилката до 15:00 часот ќе бидат поврзани со 3 месечното бебе. Поголемото дете оди во градинка до 15:00 часот, од каде мајката го презема и го носи во домот. Од дадилката се очекуваат стандардните обврски поврзани со бебето и детето. Дополнителна обврска е да се направи ручек за детето и за мајката (стандардно македонско јадење).

Доколку сте заинтересирани за работната позиција, испратете мејл за аплицирање на contact@babysittingmk.com најдоцна до 12 јули.

Дадилка

Семејство итно бара дадилка за 3 годишно дете. Од дадилката се очекуваат стандардните обврски поврзани со детето и секојдневни прошетки надвор од домот.

Дадилката во домот на семејството треба да биде во 15:00 часот за да подготви оброк за детето. Во 16:00 часот дадилката треба да го преземе детето од градинка и да го организира попладневниот период со активности до завршувањето на работното време.

Сите заинтересирани може да аплицираат на нашата мејл адреса contact@babysittingmk.com најдоцна до 30 јуни 2021.

Дадилка

Итно се бара дадилка за дете на возраст од 6 години. Од дадилката се очекуваат стандардни активности поврзани со детето: подготовка на оброци, воспитно=едукативни активности, боење, цртање, пеење, играње и прошетки. Во зависност од начинот на кој ќе започне учебната година (онлајн или во училиште) има можност да се продолжи ангажманот.

Сите заинтересирани може да аплицираат на нашата мејл адреса contact@babysittingmk.com најдоцна до 21 јуни 2021.