Сакате да бидете самостојни.  Да управувате со Вашиот живот. Да заработувате и да го работите тоа што го сакате. Добредојдовте!

Вработување и работа денес

Сакате да работите со деца и да ја развивате кариерата како негувателка, воспитувачка, дадилка, специјален едукатор. Како и од каде да почнете? Како да го добиете посакуваното работно место? Како да бидете избрани од работодавачот?

Во денешното време кога се доближуваме до четвртата индустриска револуција, кога роботите извршуваат работни задачи наместо човек, кога децата на четиринаесет години веќе програмираат... што се случува во секторот за згрижување на деца? Барање огласи по сите можни портали за работа, испраќање биографии, закажување интервјуа, откажување, телефонски повици, пораки, емаилови... стрес и нервоза при секоја апликација за работа.

Сега за сите Вас е создаден е-BabySitting Service. Платформа каде што можете да го поставите Вашиот профил и да очекувате понуди за работа. Платформа на која можете да ги додадете Вашата биографија, дипломи, достигнувања, препораки и сè она со што Вашиот профил ќе стане видлив и пожелен за работодавачи.

Сите чинители во системот на згрижување и нега на деца - дадилки, бејбиситерки, негувателки, воспитувачи, советници за новороденчиња, советници за доење, тутори, стручни соработници, лични асистенти, специјални едукатори, психолози, провајдери за развој на кадрите и дејноста имаат можност преку платформата да ги понудат своите услуги на семејства, детски градинки и други организации кои работат во системот на згрижување и нега на деца.

Насоки и практични совети како да дојдете до работно место 

Дали сте подготвени да направите промена?

Станете дел од успешното семејство на е-Babysitting Service и пронајдете ја Вашата работа од соништата.

Истражувањата покажуваат дека оние личности кои имаат професионален виртуелен профил, полесно добиваат одлични работни понуди и наоѓаат работно место за 67% пократко време од тие што немаат профил. 

Доколку имате цел и сакате да ја остварите, постојат неколку активности и чекори што треба да ги направите.

 

Ние сме тука да Ви помогнеме!

Професионален работен профил 

Избор на работни понуди

Можности во МК, Балкан и ЕУ

Промоција на Вашите услуги

Акредитирани обуки и семинари

Развој на кариера и усовршување

Вмрежување и социјализација

Дали работа со деца e за Вас?

 

Дали Вие сте личност од доверба, со емпатија кон другите, со чувство на одговорност, со љубов кон децата, со желба за напредок и едукација?  Имате бескрајно трпение? Сакате да играте со деца. Се чувствувате безгрижно и исполнето кога сте во близина на деца. Личност која е во состојба да го разбере семејството, неговите потреби и единственоста на секое дете? Некој кој знае како и на кој начин да се справи со предизвиците и проблемите на детето, во исто време едуцирана и квалификувана да понуди решение за конкретни ситуации. Некој кој ќе го вложи своето знаење, време и љубов во грижа и нега на детето. Некој што сака да напредува, да се надоградува и своето знаење да го имплементира во секојдневна работа. Некој што сака да го пренесува стекнато знање  и искуство на другите.

Доколку одговоривте со „Да“, тогаш работата со деца е вистинскиот избор за Вас.

Креирајте го Вашиот профил, зачекорете кон иднината и придружете им се на многумина успешни уште денес!

  • Facebook
  • Twitter

За Babysittingmk.com

Популарни теми

Би можело да Ве интересира

Babysittingmk.com не вработува ниту еден давател на грижа или баратели на услуга ниту е одговорна за однесување на кој било давател на грижа или барател на услуга. Babysittingmk.com обезбедува информации и алатки за да им помогне на лицата што бараат нега и давателите на услуга да се поврзат и донесуваат информирани одлуки. Секоја индивидуа е единствено одговорна за избор на соодветен давател на услуги или барател на услуга и за почитување на сите важечки закони во врска со кој било работен однос што тие го воспоставуваат. Информациите содржани во профили на членови, работни места и апликации се дадени од давателите на услуга и самите баратели на услуга и не се генерирани или потврдени информации од страна на Babysittingmk.com. 

Babysittingmk.com e бренд, марка во сопственост на Асоцијација за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење FIRST FIVE.