top of page

Често поставувани прашања

Што е платформа Babysittingmk.com?

BabySittingmk e специјализирана платформа каде на едно место можат да се најдат опции за грижа, нега, едукација на деца, регулаторна рамка, советодавни услуги од експерти за ран детски развој, како и информации за најновите достигнувања во детската психологија. Платформата нуди можност за пристап до професионални лица обучени за работа со деца, како и до надворешни соработници за лично или онлајн советување.

 

Родители

Платформата овозможува креирање на индивидуални барања, односно огласи од страна на родители, детски градинки и други воспитно-образовни организации. Истовремено нуди можности за преглед на профили и референци на кандидати, директно стапување во контакт со потенцијални кандидати, ангажирање соодветен давател на услуга, како и пристап до е-ресурси за родители.

 

Како да се регистрирам на платформата?

Доколку сакате да пристапите до одредени содржини наменети за членови потребно е да се регистрирате. Регистрација на платформата е бесплатна.

Откако ќе Ви се отвори прозорец за регистрација потребно е да внесете: име, презиме, електронска адреса, лозинка, контакт телефон и да изберете соодветна категорија. Опционално е внесување на Ваша фотографија. Потребно е да ги прифатите услови и начинот на користење и да кликнете на копчето регистрација. Веднаш потоа ќе бидете регистрирани и префрлени на страна за членови.

 

Напомена: Доколку користите специфични протоколи или имате енкрипција на хард диск, или се логирате од деловен компјутер/телефон со посебна енкрипција потребно е да се логирате по иницијалната регистрација.

 

Како да објавам оглас на платформата?

Вашиот оглас можете да го објавите во менито За Родители/објави оглас. Ќе Ви се отвори страна со информации за огласување, упатство за плаќање и упатство за поставување на оглас.

Кликнете на копчето „Објави оглас“. Ќе Ви се отвори страна со опции и членарини за премиум членови. Доколку сакате да го објавите огласот одберете го планот Огласување. По избирање на  планот, ќе бидете пренасочени на страна за плаќање. По извршеното плаќање, одите во Моја сметка, кликнете на постави оглас и внесете го Вашиот оглас. Зачувајте ги внесените податоци. Вашиот оглас е објавен на платформата.

Колку долго мојот оглас ќе биде објавен на платформата?

По објавувањето, Вашиот оглас ќе биде активен во наредните 30 дена. Внесениот оглас ќе биде прикажан на листата на огласи до која пристапуваат сите баратели на работа кои ја посетуваат платформата Babysittingmk.

 

Кој има пристап до мојот оглас?

За Ваша заштита и безбедност како регистрирани членови, само оние баратели на работа, кои имаат креирано професионален работен профил на платформата, ќе имаат пристап до деталниот приказ на Вашиот оглас. Единствено тие баратели на работа ќе можност да Ве контактираат на телефон или да Ви пишат на електронската адреса што ги имате наведено во огласот.

Во периодот од 30 дена додека е поставен Вашиот оглас, сите нови баратели на работа кои ќе креираат свој професионален профил исто така ќе можат да го погледнат деталниот приказ и да Ве контактираат.

 

Напомена:

Во огласот нема да се прикаже Вашето име и презиме кои ги внесовте во регистрацијата. Во огласот ќе се прикажат само оние контакт податоци кои Вие ќе внесете во огласот.

 

Како да ги прегледам моите огласи?

Вашите огласи можете да ги погледнете на следниот начин: логирајте се на платформата, одете во моја сметка и кликнете на копчето мои огласи. Ќе Ви се отвори страна каде ќе бидат прикажани Вашите објавени огласи.

Како да го ажурирам мојот оглас?

Вашиот оглас можете да го ажурирате на следниот начин: логирајте се на платформата, одете во моја сметка и кликнете на копчето мои огласи. Ќе Ви се отвори страна каде ќе бидат прикажани Вашите објавени огласи. Изберете го огласот кој сакате да го ажурирате и кликнете ажурирај. Ќе Ви се отвори страна за ажурирање на огласот. Внесете ги податоците што сакате да ги измените. Зачувајте ги сите промени. Вашиот оглас е ажуриран и објавен на платформата.

 

Како да пристапам до баратели на работа и нивните детални биографии?

Како регистриран член имате можност да ја погледнете листата на кандидати, односно давателите на услуги кои имаат профил.

За да пристапите до деталните профили на сите кандидати кои имаат креирано профили, потребно е да отидете во менито За Родители/профили на кандидати за работа. Ќе Ви се отвори страна со листата на кандидати кои имаат креирано професионален профил. На секој профил  има две полиња: Повеќе и Премиум член. Кликнете на копчето „Повеќе“. Ќе Ви се отвори страна со опции и членарини.Доколку сакате да го пристапите до деталите прикази на сите профили одберете го планот Преглед на профили. По избирање на планот, ќе бидете пренасочени на страна за плаќање. По извршеното плаќање, одите во Моја сметка и кликнете на копчето Прегледај профили, така што ќе Ви се отвори страната со листата на профили. За детален приказ на секој профил кликнувате на полето Премиум членови. 

 

Напомена: Доколку поради технички причини не Ви се отвора деталниот приказ, Ве советуваме да се одјавите и одново да се логирате на платформата. Потоа одите во моја сметка за да ја повторите постапката, кликнете на полето Премиум членови на одреден профил и дознајте дали тој кандидат е личноста која долго време ја баравте!

 

Што содржи секој детален приказ на профил на барател на работа?  

Секој детален приказ на профил содржи: лични податоци за кандидатот, локација на живеење, резиме, вештини и квалификации кои ги поседува, лични особини, достапност за работа, познавање на странски јазици, две образложени работни искуства, образование, поминати курсеви, семинари и стекнати сертификати. Барателот на работа во профилот има приложено телефонски број или електронска адреса преку кои можете директно да го контактирате.

Колку долго имам пристап за разгледување на деталните профили?

Со избор напланот Преглед на профили, Вашиот пристап за разгледување е во времетраење од 2 недели. Во тој период од 14 дена, Вие имате можност да ги разгледувате и профилите на сите нови баратели на работа кои во меѓувреме ќе креираат свој професионален профил.

 

Како да ги контактирам кандидатите?

По разгледувањето на профилите, ги контактирате оние кандидати кои сметате дека се соодветни за Вашето барање, правите интервјуа и го избирате најдобриот кандидат за услугата која Ви е потребна!

 

Што добивам со бесплатна регистрација?

Со секоја избрана опција, покрај горенаведеното, Ви следуваат совети и насоки, односно: упатство за ангажирање дадилки упатство за ангажирање на бебиситерки, упатство за ангажирање на стручни соработници, упатство за избор на градинка. Овие упатства ќе Ви дадат конкретни примери, совети и насоки кои ќе Ви помогнат во селекција, интервју, избор и ангажирање на кандидат или пак во избор на градинка. За да ги погледнете одите во менито За Родители/совети и насоки. Ќе Ви се отвори страната со упатства.

Покрај тоа, добивате и Опис на услуги, кои содржат детални описи на работните позиции: советник за родители, дадилка, бебиситерка, стручен соработник, советник за доење, советник за новороденче. Секоја работна позиција содржи опис на работни обврски, потребно образование за извршување на истата и начин на кој можете да ја ангажирате. За да ги погледнете одите во менито За Родители/избор на соработник. Ќе Ви се отвори страната со опис на услуги за различни работни позиции.

 

Платформата е одлична опција, но немате време? Потребен Ви е совет и поддршка?  Се прашувате како да го организирам интервју? Како да ја препознам вистинската личност за моето дете? Како да ги проверам сите референци? Препораки?

Ангажирајте Советник за родители и препуштете го целиот процес на тимот на професионалци.

 

Доколку сакате да имате поставен оглас на платформата без приложување на Вашите лични податоци или немате доволно време да се занимавате со селекција на кандидати и проверка на референци или пак сакате целиот процес за пронаоѓање на соодветен кандидат да го препуштите на професионалец од областа, тогаш контактирајте го Вашиот  Советник за родители на следниот телефонски број: +389/71 373 504 или на електронската адреса kkitoska@firstfivemk.com

Working Together

НЕМАТЕ ВРЕМЕ?

Немате доволно време? 

Сакате да го искористите на друг начин?

bottom of page