
BabySitting Service

Профили на баратели на работа

Кратко резиме
Како студент по психологија од секогаш ме интересирал развојниот процес кај децата, сметам дека сум одлична со деца бидејќи знам како да се прилагодам кон нивните потреби и желби, можам на дацата да им овозможам услови за забавни и едукативни активности (цртање,пишување, раскажување приказни, сложување слагалици, игра со карти) Трпеливоста, ислушувањето и комуникацијата ми се јаки страни.
Ѓоргина
Студент по психологија
Кратко резиме
Моето име е Билјана, имам 48 години. Имам 7 годишно искуство во чување на деца од различна возраст. Можам да работам по флексибилно работно време, трпелива сум, знам да се снајдам и разберам со децата, меѓусебно да соработуваме, спремна сум да им помогнам во образовниот процес и едукативниот процес, можам да подготвувам оброци за децата, да излегувам со нив на прошетки и во паркови, можам да пазарувам и да помогнам со чистење. Комуникативна сум, спремна за договори и компромиси. До сега фамилиите во кои сум била дадилка на децата биле задоволни.
Biljana
dadilka

Кратко резиме
Дипломиран дефектолог, работно искуство со деца. Секогаш спремна да помогнам и научам нови работи. Добри комуникациски вештини, ведра, креативна, одговорна и позитивна личност. Со љубов ја работам секоја работа и уживам во детското присуство.
Одлично познавање на англиски јазик.
Во слободно време читам книги,слушам музика, возам велосипед и готвам.
Елизабета
Специјален едукатор и рехабилитатор-дефектолог

Кратко резиме
Мојата мотивација за работа со деца е поради тоа што како родител на 3 прекрасни девојки, веќе пораснати жени и 4 внуци, сум навистина со едно исцрпно богато искуство од нив, но и веќе повеќе од 10 години работно искуство како дадилка со деца. Мојата природа е позитивна и афирмативна, секогаш се трудам да се грижам и да се дадам од срце во работата со децата како едни посебни и автентични битија кои секогаш знаат да ми ја распеат душата.
Весна
Дадилка

Кратко резиме
Имам 43 години и барам работа со скратено или полно работно време од понеделник до петок. Имам 3-годишно искуство во чување мали дечиња и 10-годишно искуство како наставник по виолина на деца од различна возраст. По природа сум блага и стрплива личност и децата лесно се приврзуваат со мене. Дечињата кои ќе ми бидат доверени не само што ќе ги чувам туку и ќе ги едуцирам.
Марија
Дадилка/Наставник

Кратко резиме
Moeto ime e Biljana, imam 48 godini, dobro se snaogjam vo rabotata so deca, spremna sum da rabotam so deteto koristejki sorabotka, podgotvuvam obroci za decata, smirena sum i trpleiva vo rabotata. Do sega imam prethodno iskustvo kako dadilka, povekje pati so chuvanje na deca od najmala vozrast od godina dena do pogolemki deca
Билјана
Dadilka

Кратко резиме
Јас сум дадилка со 5 годишно искуство, имам чувано доста дечиња на кои им имам оставено позитивен впечаток, се наоѓам во Аеродром, студирам Психологија и имам 23 години.
Барам работа со скратено работно време од понеделник до петок најмалку 6 часа, нема определена возраст за детето, имам искуство од 5 месечно бебе до 5 годинки дете.
Александра
Дадилка, студент

Кратко резиме
Имам 25 години. Мажена, сеуште немам деца.
Немам работно искуство со чување деца, но позната сум по тоа што ги сакам децата, сакам да се грижам за нив и да поминувам време со нив. Ми оставале на чување неколку саати деца на пријатели и роднини и добро сум се снаоѓала. Како тип сум прилагодлива на средината, гарантирам за искреност и чесност, тие особини се многу важни во мојот живот. Комуникативна, друштвена, дружељубива, воедно и посветена на работата.
Ребека
дадилка