
BabySitting Service
Обука за негувателка
на деца

ПРЕКВАЛИФИКУВАЈ СЕ И ПРОДОЛЖИ ЈА ТВОЈАТА КАРИЕРА ВЕДНАШ
Наменета за лица кои сакаат да работат:
- во детска градинка
- домот на семејство
- градинка во домашни услови (физичко лице)
- во Македонија
- во земјите членки на ЕУ
За обуката
Програмата Негувателка на деца e насочена и овозможува работно оспособување на негувателките за професионално работење во рамките на системот за згрижување и нега на деца. Основна цел на програмата е учесниците да се стекнат со стручни знаења, вештини и компетенции за извршување на задачи и активности во областа на згрижување и нега на деца. Програмата трае 3 месеци, односно 396 часа и опфаќа стручно теоретски содржини и практична обука која се реализира во установи кои работат во системот на згрижување и нега на деца. Програмата е конципирана во согласност со развој на научни дисциплини од област на детска психологија и ран детски развој и учење, како и во согласност со вештини, компетенции и знаења кои се бараат од профилот на занимање - Згрижувач на деца. Програмата е усогласена со Програмата за ран детски развој која се применува во градинките во Македонија како и со слични програми кои се реализираат во земји членки на Европската Унија.
-
Сертификат/диплома кој има статус на државна диплома
-
Добиениот сертификат важи во земјата и во странство
-
Акредитирана од Министерство за образование и наука
-
Верификувана од Центар за образование на возрасни
-
Практична работа во државни детски градинки
-
Можност за вработување
Содржина на обуката
Програмата опфаќа пет задолжителни и два изборни модули.
Задолжителни модули
1) Ран детски развој и учење;
2) Улога на негувателка во детска градинка;
3) Здравје и безбедност на деца;
4) Професионален развој и учење и
5) Самовработување и бизнис.
Изборни модули
6) Исхрана и хранење
7) Грижа и нега на новороденче.
Петте модули се задолжителни и успешно завршување на секој модул е задолжително за учесникот да има можност се стекне со сертификат за завршена програма. Изборните модули се наменети за негувателки на деца кои работат во домашни услови – физички лица кои вршат дејност згрижување и нега на деца во сопствен простор и дадилки кои вршат дејност згрижување и нега на деца во дом на семејство. Теоретските содржини на секој модул се изведуваат во училница и преку е-учење. Практичната обука се изведува преку вежби, активности и практична работа во установите кои работат во системот за згрижување и нега на деца - детски градинки, центри за ран детски развој и други установи за згрижување и нега на деца предвидени со Закон за заштита на деца.
Практична настава
Практичната обука се спроведува во државни детски градинки на Општина Центар - ЈУДГ 13 Ноември, ЈУДГ Корчагин и ЈУДГ Кочо Рацин.
Практичната обука се изведува преку вежби, активности и практична работа во детски градинки. Практичната обука се изведува во различни возрасни групи на деца со цел учесниците да се стекнат со различни вештини и знаења согласно на раст и развој на децата како и поради зголемена ефикасност при реализација на планираните активности. Ова значи дека во текот на обуката учесниците ќе имаат можност да стекнат знаења и вештини за работа со деца од предучилишна возраст, односно од 9 месеци до 6 години.
Практичната обука се спроведува со менторска поддршка од вработени лица - негувателки и воспитувачи во детски градинки.
Теоретска настава
Теоретската настава се изведува онлајн со користење на апликацијата ZOOM.
Ваков начин на обука е избран со цел да се овозможи заштита на здравјето на учесниците како и да се постигне флексибилност во поглед на временскиот распоред на часовите.
Во текот на онлајн настава на располагање на учесниците им се достапни и други онлајн алатки за подобрување на нивните дигитални знаења и вештини
За присуство на онлајн настава потребно е учесниците да имаат инсталирано ZOOM апликација на компјутер, лаптоп или мобилен уред и слушалки. Целосната техничка поддршка обезбедена е од Асоцијацијата.