top of page
Mother and Baby

Нашата прикаска

Брзите промени се секаде околу нас и секојдневно го менуваат начинот на кој живееме, начинот на кој размислуваме, работиме и учиме. Соочени сме со предизвикот на глобализациски процеси (економски, политички, образовни, културни и еколошки) кои меѓу другото се карактеризираат со динамичен развој на техниката и технологијата. Опкружени со разни промени и свесни за недостигот на време бараме понапредни и поедноставни решенија и очекуваме нови пристапи до услугите кои ни се потребни. Употребата на дигитални решенија расте сè повеќе од ден на ден, а дигиталната трансформација која се случува и тоа како ни оди во прилог.

Во денешниот свет, не е лесно да се биде родител - и уште потешко е да се најде добра, сигурна и прифатлива грижа за децата. На грижата за децата треба да се гледа како на интерактивен процес со кој на детето му се овозможува развивање на социјални, општествени и комуникативни способности. Денес секој родител треба да е претпазлив кога го остава детето на некој друг да се грижи за него. Родителскиот страв, очекување, сомнеж се присутни додека родителите се уверат во професионалноста, доверливоста и стручноста на ангажираното лице. Покрај тоа, секое семејство и секое дете поседуваат различност и индивидуалност која бара адаптиран пристап и работна флексибилност. Поради тоа го создадовме Babysitting Service. Ние сме родители и работиме за родителите. Сакаме да им помогнеме на семејствата полесно, побрзо и без стрес да ја пронајдат вистинската личност која одговара на нивните потреби и која ќе знае како да се вклопи во нивното животно темпо.  

Babysitting Service е бренд на Асоцијацијата за консалтинг, социјално претприемништво и доживотно учење First Five и е дел од организационата единица за социјално претприемништво, во рамките на Асоцијацијата. Одлуката за формирање на BabySitting Service ја донесовме како одговор на глобалните и локалните трендови, промени на пазарот на трудот и економското опкружување со цел на родителите преку еден клик да им се овозможи пристап до квалитетни алтернативни услуги за чување и нега на деца. BabysittingMK е платформа која нуди можност за пристап до професионални лица обучени за работа со деца, како и до надворешни соработници за лично или онлајн советување, кои имаат проверени досиеја и референци. Истовремено, платформата овозможува креирање на индивидуални барања односно огласи од страна на родители, детски градинки и други воспитно-образовни организации, преглед на профили и референци на кандидати, можност за директно стапување во контакт со потенцијални кандидати, можност за ангажирање соодветен давател на услуга, како и пристап до е-ресурси за родители. На платформата сите дадилки, бебиситерки, негувателки, воспитувачи, советници за новороденчиња, советници за доење, тутори, стручни соработници, лични асистенти, специјални едукатори, психолози, провајдери за развој на кадрите и дејноста се слободни да ги понудат своите услуги на семејствата, родителите, детските градинки и другите организации кои работат во системот на згрижување и нега на деца.

Уште денес приклучете се на BabysittingMK и регистрирајте го Вашето членство. Единствената специјализирана платформа каде на едно место можат да најдат опции за грижа, нега, едукација на деца, регулаторна рамка, советодавни услуги од експерти за ран детски развој, како и информации за најновите достигнувања во детската психологија. Станете наши партнери во професионализација на дејноста за грижа и нега на деца, промовирање на квалитетни алтернативни услуги за деца, зголемување на свеста за професијата и препознавање на придобивките од ангажирање квалификувани стручни личности кое умеат значително да придонесат во развојот на децата, во развојот на нашата иднина.

Секој родител заслужува да ужива во одгледувањето на своите деца, а ние сме тука тоа да го овозможиме.

bottom of page